Знае ли некој дали викендот за велигден ќе работат продавниците во Солун? Конкретно петокот 14ти и саботата 15ти?
@Ahoy работат но со скратено работно време, не шири дезинформации. https://grckainfo.com/blog/radno-vr...-i-atini-za-vaskrs-i-prvomajske-praznike-2023
Е добро де, може така има разбрано чоекот. Ете ти си пребарала и си добила точни информации, шо е страшното
Зошто би ширел дезинформации, не ќе си го чувам Солун само за мене на Велигден . На многу места е јасно наведено кои дена се неработни во Грција, иако тоа таму е малку поинаку дефинирано од кај нас. Значи може да се дозволи да работат во одреден дел од денот, ама и не мора доколку сопствениците/ менаџерите не сакаат на пример. А знаејќи ги Грците, ја користат секоја можна прилика за да не работат и одморат, посебно вон сезона. Грците се деликатни во однос на работното време, не само на празници, туку и општо. Имаат скратено работно време во некои денови од неделата, во Солун тоа се понеделник, среда, петок, некогаш и сабота. Многу си почитуваат и негуваат вера и традиција (Велигден конкретно им е најзначаен празник, го слават 2 месеци), така што ако сте за шопинг само, на државни грчки празници, не е баш најпогодно време, зашто и да треба да биде нешто отворено, има шанси да не биде. На пример, 02.01 по закон во Грција може и треба да биде работен ден, ама најголем дел од продавниците се затворени дури и тогаш. Годинава, за Велигден, официјално државни празници во Грција се 14.04, 16.04 и 17.04. На тие денови не работи ништо (секако дека има исклучоци по трговски центри, за туристички места, познаци ланци, интернационални брендови, ама во главно, ретко). Што значи дека на Велики Петок (14.04) дозволено работно време е од 13:00 до 19:00, но не и задолжително, Велика Сабота (15.04) е законски работна, тука сум погрешил во претходниот пост, а неделата и понеделникот се дефинитивно неработни. Сепак, имаме локалци во Грција на форумов, најдобро би кажале тие