Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. SBEP4E

    SBEP4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Многу рано во 2 за тргање, со Тератравел се трга во 4 а исто од таму се заминува во 17:30, а картата е 800+120 осигурување.
     
  2. maciana

    maciana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Фала ви девојки се надевам ќе најдам карта :) Јас минатата год бев преку друга агенција и не не носеа во икеа туку само во космос...
     
  3. SBEP4E

    SBEP4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Тератравел стандардно носат прво во центар, па во Космос и на крај во ИКЕА, во Џамбо не одат да знаеш однапред :)
     
  4. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Исто и со Euro line до 12 часот во центар, после во Космос и Икеа :)
     
  5. Anciii

    Anciii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Агенциите прават да се оди најчесто во 2 или 3,за да може во градот да се стигне во 8 часот,значи пред да отворат продавниците,досега сум била повеќе пати и сите агенции толерирале ако на пример сакаме да останеме повеќе некаде затоа што навистина е кратко времето(не мислам на каснење туку на договор колку да останеме).Со терра травел бев во средата и беше катастрофа прво се изначекавме на граница (добро не по нивна вина)ама барем толеранција ,не оставија во 11ч30 и ни вели во 13ч30 да сте пред кулата страшно,па дали да бирам гардероба или саатот да го гледам.Никаква професионалност типот го утна патот и дома бев во 1ч30 мин. :@
     
  6. SBEP4E

    SBEP4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Ех да кажеше порано :worried: да знаев да не одам со нив :(
     
  7. elenna89

    elenna89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    25
    Јас бев во петокот пред Арбо травел и сум преееееееезадоволна од услугата. Тргнавме од тука во 5 часот сабајле, во 8 часот бевме веќе таму. До 11 бевме во центарот(по наша желба) и после тоа во Космос. Во Џамбо и Икеа не бевме, бидејќи ние не сакавме. Тргнавме во 16 часот за назад и во 19 веќе си бев дома. Барем не се измрцваривме по пат, како други што кажуваат. :)
     
    На puflaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Браво за Арбо травел ! :clap:
    Инаку да ни кажеше што си купи, попусти колку има, цените отприлика колку се движат на фармерки,капути, џемпери те мооолам :$
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Еее нависитна ме изненади, многу брзо сте стигнале и сте се вратиле. Просто неверојатно... Следниот пат , здравје, и јас одам со Арбо
     
  10. SBEP4E

    SBEP4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Јас бев преку Тератравел тргнавме во 4:30 не оставија по желба на автобусот во центар до 13 |( после во Космос до 18 ама бидејќи нели каснеа стандардно некои, тргнавме од таму во 18:30, па на free shop уште пола саат бев дома накај 22:30,23:00 се измрцваривме максимално. Искрено незнам дали би одела пак со нив зошто едно се договаравме друго испадна. Уште во агенцијата прашав како одат прво во центар па во Космос па на крај во ИКЕА. На крај испадна не однесоа во ИКЕА прво, па со расправање со возачот ние што несакавме да одиме не однесе во Космос
     
  11. Anciii

    Anciii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Имаше ли гужва или можевте порелаксирано да шопингувате,мислам за разлика од првиот бран :D .
     
  12. elenna89

    elenna89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    25
    Па искрено задоволна сум од тоа што го купив, со оглед на тоа дека многу луѓе викаа дека нема попуст!
    Си купив чизми за 20 евра и јакничка (така како пролетна, не многу дебела) за 16 евра од пул анд беар,панталони за 13 евра, а имаше фармерки и од 9 евра, ташна за 6 евра од Бершка, блузички по 6 евра, џемперче од Тели Веијл по 10 евра...Во глобала мислам дека тоа е тоа што купув.А да, и топ за искачање за 4 евра! Капутите стварно не знам која цена беа, зошто баш и не гледав тоа. :)
    Порелаксирано амин ! Дали дека ние бевме во петок, па работен ден и немаше воопшто гужва. Си пробувавме во градероба без да чекаме редици по 2 саати, а на каса најмногу луѓе што имаше пред мене беа тројца. :) Така да девојки, мој совет само во работен ден ;) И имајте убав шопинг, тие што имате во план да одите :*
     
    На puflaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SBEP4E

    SBEP4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Јас кога бев гужва имаше ама не премногу дали 5 мин чекав за гардероба и на каса. Капути имаше многу и не беа скапи за 30 евра се наоѓаа какви сакаш :)
     
    На puflaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.591
    На мака голема сум...викендов,па и пред викендов трудно дека ќе отидам,ми искрснаа непланирани,а задолжителни работи...па најверојатно ќе се одложи за идниот петок,евентуално сабота...мислите ќе ми се исплати патчето,затоа што ќе биде некаде пред крај на попустот?!
    Лани другарка беше и после попусти,се офајди,се врати со полни кеси,ама некако...што знам,скептик сум.
     
  15. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Лилит оди. Прво пошто ќе бидат уште ниски цените, попустот трае до 28 февруари, а второ, ако се мислиш дали ќе има избор - ти гарантирам дека ќе има ако одиш во градот а не во Космос.
    Јас бев минатиов викенд и за се имаше избор освен за ташни и штикли, али јас бев во трговскиот... Ако ти требаат ципелици и чантица, оди на Цимиски. За 150-180 евра ќе направиш КВАЛИТЕТЕН шопинг.
     
    На budala.sum-pa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Оваа сабота одам. Се надевам дека нема да се вратам само со полно стомаче, а празни кеси :lol:
    Туку кажете ми има уште така големи гужви и чекање на каси? Инаку сакам да си купам некое фустанче, сукњичка, кошулка, марама, бижутерија :inlove:...ма сакам се! :$
     
  17. Anciii

    Anciii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Со која агенција ќе одиш,сакам да одам пак ама не ми се оди со терра травел. :?:
     
  18. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Anciii одам со кола, не со автобус така да... некаде низ темава прочитав задоволни феминки што биле преку Арбо травел. Провери си.
     
  19. fashionista-15

    fashionista-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    Јас ќе одам за одприлика две недели.. Во Икеа и Космос со моите.. Е сега ме интересира дали ќе има нешто останато од попустите во Вершка,Сфера,Зара, ПиБ..? Некое маиче, џемперче, каишче, дуксче, фустанче,фармерки.. ? ФАЛА
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    до 28ми е попустот, сигурно ќе има нешто останато, ама верувај и пролетната роба во Бершка, Страдивариус не е многу скапа.
    Пример сестра ми си купи на попуст едни фармерки за 7 евра, и едни за 30 евра нова колекција.
    Зара е поскапа за нова колекција, ама тинејџерските работи во другите продавници не се прескапи.
    Пример јас од подрумот од Космос од прилично непозната продавница си купив фустанче свечено преубаво нова пролетна колекција за 30 евра. ЏАБЕ. |( Одвај чекам да одам на свадба, матура ова она да го облечам :lol:
     
    На SBEP4E му/ѝ се допаѓа ова.