Дали има паркинг во Солун близу Белата кула со цена околу 12-15 евра за 24 часа? Доколку има ве молам препорачајте. И што мислите дали е безбедно во недела да се остави колата на нивната бесплатна зона за паркирање?
Heyy da ve prasham so koja agencija imate odeno na shoping vo Solun (ednodnevni ekskurzii) od Skopje?
Еднашка со мт травел имам одено. Убаво си поминавме, 1000 ден, прво во центар се шеташ, потоа космос и икеа
Со Идеал Травел имам одено. Горе долу ист им е планот и организацијата на сите, со кои и да одиш. Се трга после полноќ, утрото сте во Солун. Прошетка низ центар, па до Космос и Икеа.
Ужас, жената е хаотична и само вика. Во автобусот полно тетки кои несакаат да платат царина а купуваат за дуќаните. Очекувај да ти бутнат нешто во ќесето за да поминат незабележително. Еднаш и никогаш повеќе. МТ травел и Нехар (ако сеуште прават тури) се топ.
Бисер пром, Ганиќ Ексклузив и со Мт травел. Ама искрено, мање више, исти се сите агенции, со која и да идеш, исто ти се фаќа, иста им е организацијата. Неколку саати во центарот, па во Космос и Икеа. Според мене, боље ако има можност човек сам да си организира и на раат да си шета кај сака и колку сака. Вака ограничен си со време. Не само за Солун, општо.
Koга е најдобро да се оди на шопинг, односно кога има повеќе избор, а и по понамалени цени? Се мислам дали неделава некој ден да одвојам или пак првиот викенд од февруари
Велигден кога е кај нас исто е и кај нив. Неработните денови кај нас исто се и кај нив. Само Велигден е иста дата со нас.
Може да останеш во центарот и после да фатиш градски автобус до Икеа од кај што е враќањето Сме правеле така. Да те земат пак од центар, тешко.
Не, автобусите со тури обично околу 13-14ч одат за Космос и Икеа и поаѓање за Македонија е од таму. Ако сакате да останете во центар прво треба да му кажете на шоферот и второ да ви даде точна локација кај ќе биде автобусот. Од центар имате опција со градски автобус да одите до Икеа, 2К или 3К, едниот поминува на Егнатиа, другиот на една уличка под Тсимитски. Градскиот превоз во Солун е како кај нас, гужва, тргни застани, и се патува долго до Икеа, посебно во сабота зашто има уште повеќе гужва. Може да одите и со такси има апликација FreeNow, не е многу скапо. Не е комплицирано, само е тешко првиот пат додека да се научи кое каде е. Мој совет е еднаш да отидете со тура за да видите кај стојат автобусите, а за следен пат може да останете во центар. https://en.wikipedia.org/wiki/2026_in_Greece Да, неработни се.
Дали има во Солун outlet продавница на GUESS ? ако има каде се наоѓа и дали се цените намалени како за оутлет ?
One salonica е аутлет, имаат секогаш дел со намалени цени и со нормални. Особено кога има попусти, може да видиш на нет, цените се навистина смалени и можеш да купиш ташни по 50€