800 ден е само сабота, во речиси сите агенции. За преку недела е поскапо бидејки тогаш се иде со комбе и околу 1500 е. Зависи, Прашај во агенциите што се карши Холидеј Ин. Или било кај
Кога се матурите има попусти незнам само колку %. Знам кога ми беше мене матура одеа и машки и женски на попуст да си купат нешто . А би требало пред 70% да има 10,20,30,40,50,60 така да сигурно пред 15 јули има некаков попуст во Солун.
^^^ Грешка си,КОСМОС е трговски центар ,а H&M e продавница која ја имаш и во центарот (на цимицки) и во космос
Руби нема Х&М во Космос само во центарот на Цимицки Иначе Космос е надвор од градот, надвор од Солун накај аеродромот, додека пак Х&М има на Цимицки строг центар. Од 30 минути до 1 час има возење, зависи гужва, зависи време, се зависи
Баш во моментов читам на нет дека Космос од Солун е оддалечен оклу 10 км, ако ви треба прецизна бројка
Jas bev pri krjot na januari i imase stvarno dobar popust.Inaku so avtobus okolu pola saat se vozevme od centar do kosmos. pozz [mod-kirilica:3q4rs6ac][/mod-kirilica:3q4rs6ac]
Има преубава гардероба и сандали, све нови колекции. Конкретно сандали, кожени саглам во Зара се од 70Е нагоре, по дуќаниве за обувки 120-150Е. Посебно убави сандали има во дуќанот спроти Сфера, во сите бои и нијанси ама по 150Е Гардероба, маички незнам колку се во Бершка и Пул анд Беар ама Зара и Сфера најобични се по 20Е, ако има некоја сипка и по 40Е.
Феминки ми треба помос од вас !! Следната недела одам во космос и би сакала некој да ми казе дали мозам да најдам некое фустан4е за полуматура .. кои битици ги има и како се двизат ценити Фала однапред
Оф, со оваа полуматура. Што се оптеретувате како ќе изгледате, до толку? Па човече сте завршиле основно, не сте магистрирале. Јакиот успех, веќе. -.- Фустани ќе најдеш секако, но не на попуст. Зависно од тоа какви очекуваш. Не може да нема фустанчиња, освен ако не бараш некој балски фустан или нешто уште понедолично за ваша возраст.
Сонце, има све само зависи колку се спремни мама и тато да платат. Фустан што мене највеке ми се допадна у излог па влегов да прашам за цена чинеше 535Е. Колку што можев да забележам, фустаните се посериозни, не видов нешто слатко.... Уствари јас пазарам за моите деца во Zara Kids и ако не си крупна, тамо ке најдеш прекрасни комбинации. Повекето од работите и јас би ги носела кога би имало мој број. Најголем број е 14ка. Bershka и Stradivarius носат и кај нас. Има убави сукнички во Pull and Bear кои не се скапи, кои може да се комбинираат и да не изгледаат сериозно, значи да си дотерана ама пак во нешто што ти приличи на годините. Во Promod имаше фустанчиња и цените не се високи.
Aко е за тоа јас влегов во продавницата во подрумот мислам беше со рачно изработени свечени фустани и ми се свиѓаше еден од 3000 евра. И сега? А си купив друг свечен пролетна роба 30 евра. Значи во Космос јас не влегувам во сите продавници. Си се знае Зара, Бершка, Страдивариус, Манго, Сфера, Пул енд Биар, Акцесорис и чат пат уште некои брендови за широка потрошувачка. А има уште 30сетина продавници кои ми се недостижни за мојот џеб. Па и јас гледав балетанки од 300 евра, ама има и од 10 евра во Космос. Значи има од 2 евра работи до илјадници евра
Sephora,секој сака да изгледа убаво,без разлика дали завршила основно или не знам ти што.Нема потреба од такви критики... Може порано толку не се замарале толку,но сеа се замараат и тоа е тоа.За нејзини години,успех е.За наши години,матурата ќе биде успех. Да не бидам офф, јас заклучок донесов,дека овде кај нас,најубави фустанчиња има за зимски период,ама кога ќе дојде летен,па полуматури,матури едно друго,ТАПА Е,нема ништо. Ако ти се даваат пари,па сошиј нешто...(Не можам да ти дадам совет за Космос,не сум била )
Мене ми е тоа што се крева толкава фама околу тоа. На 14 години штикли од 12 цм не ми личи. Јас дадов критика кон оние полуматурантки кои ги познавам. Фустан до г*з, штикла цела педа, торта на глава и шминка кај Дадар. Нормално дека сите сакаме да изгледаме убаво, но треба тоа да е прикладно за годините.
Па не верувам дека девојчево бара ку*ва look... И јас ги мразам таквите,знам како беше на мојата полуматура.Како да сум на МТВ хукер парти. Али океј,си бара совет...возбуда.
Како што веќе реков, зборував за оние ги познавам. Се извинувам ако некој се најде навреден од мојот коментар.
rossonerka затоа и пишав дека има све само зависи колку се спремни мама и тато да платат. Јас на дете за полуматура лично не би купила толку скап фустан колку и да имам пари (дете е). Истите брендови и јас и ги напишав ама зошто потенцираш “си се знае Зара, Бершка, Манго“? Си се знае за мене и тебе, може девочето т.е. нејзините имаат пари. Факт е дека се троши роба во продавниците и со ниски и со високи цени, секој според својот џеб. Еве мене не ми е проблем да одвојам 30000 денари за фустан за некоја свечена прилика, друго е дали сакам да дадам толку пари за фустан. Кога имам време за шетање си влегувам секаде каде нешто ке ме привлече од излог. Гревовите и парите само јас си ги знам. Плус не е на одмет некоја идеа за шиење
Дечки, дали некој планира да оди викендов за Солун? Сеуште се исти цените за автобуските карти ??? Би сакала да знам како стојат цените во овој период? Дали има останато уште парчиња на попуст или се е нова колекција ??? Фала Би се надоврзала и на коментарот на Сефора Ни јас не ги оправдувам штиклите и претераните шминкања и фризури. Но ете, таков период дојде. Сите шијат фустани за полуматура, сите носат штикли или сандали. Девојчето едноставно не сака да се издвојува и верувам дека сака да најде поскромно фустанче