Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Прашав зошто последниот пат кога бев по Игнатиа застанавме со колата на еден огромен пазар десно, но немаше како за мене работи затоа и прашав дали вреди да се посетува зошто ако е тој според мене не е за трошење време.
     
  2. torko55

    torko55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    сакам да одам во Солун сега во сабота. дали знае некој некоја туристичка агенција што организира шопинг? Благодарам однапред.

    ПС: Од Скопје сум
     
  3. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    итно ми треба превоз за солун, кажете ми некоја агенција што вози и кои денови оди
     
  4. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Инаку јас да ви кажам дека денес бев во Солун и цените беа солидни според мене. Немаше некои гоолеми распродажби и попусти, но сепак имаше некој 25’% попуст. Јас си купив многу работи, а немав којзнае колку пари. А како што разбрав од следната недела ќе имало и поголеми попусти, па кој има можност да оди, нема да зажали. :)

    ^Не знам јас за превоз преку агенции, јас со кола одев.. :?:
     
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.467
    Пол:
    Женски

    Скоро сите агенции имаат понуди за шопинг тури до Солун,иако во летниов период додека е сезоната е послабо или ограничено ептен со време.Кај дрво декор,сите возат,сум одела преку Euro line(повекепати),Далас унион,(овие и сите останати одат само во сабота,по цена од 800 денари+осигурување ако немаш 150),додека Arbo travel носат и во петок и цената преку нив е 1350,а сум била и преку автобускава во Скопје,со комбе,било кој ден во неделата,нивната цена е 1650.
    Сите работат на ист принцип-Центарот,Космос,Џамбо и Икеа(со плус/минус промени во договор со групата)
     
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.467
    Пол:
    Женски
    ^^^Бројчињава од агенциите побарај ги на инфоормации,и сакав да додадам дека во летниов период воопшто не препорачувам одење преку агенција од причина што ради летната сезоната,го кратат времето за шопинг,и наместо во 17 и 30,се трга накај 15 часот, а внатре е ужас од топло,малку луге на мало место на високи температури,а никакви клими или ладен воздух.
    За сите оние кои незнаат,а несакаат да се обврзат да одат со агенцијата од центарот до космос,кога е договореното време,пример сакаат уште да седат во центарот,можете сами да си отидете до космос,со автобус број 2,внатре се купува карта,чини евроипол,а последната станица е икеа,од каде и тргнува,само што на мн станици застанува,и иако е мн пријатно возењето,проблемот е што е долго.
    Идеално според мене,за летно време е одење со личен превоз,и препорака паркирање на паркингот на икеа,кој е бесплатен или пред космос(зависи кај ке најдеш) и го шеташ космос,факаш бус до центарот,и веке можеш да си купиш таму,бидејки знаеш што си видел во космос,каде секако пак ке се вратиш и ке докупиш она што го видел од претходно.
     
  7. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    И јас бев вчера во Солун, премногу сум задоволна од работите кои си ги купив.
     
  8. fashionista-15

    fashionista-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    Night.Wish, попусти имаше? Супер :))))) Јас ќе одам сега во сабота.. 20 20 кој ти дава :D :*
     
  9. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски

    Па немаше баш попусти, но во секој случај ќе си најдеш квалитетни парчиња на облека кои вредат за тие пари што ќе ги потрошиш. :)
     
  10. fashionista-15

    fashionista-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    Океј....Едвај чекам! А космос да одам или ? што викаш ти ?
     
  11. technogirl

    technogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    девоjки попустите во космос почнуваат на почеток на jули
     
  12. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Бев во Солун пред две недели и навистина се исплати да одиш на шопинг.Плус тоа сега нема ни попусти а сепак цените не се којзнае колку високи.Јас направив споредба со едно сако што ми се допадна деновиве во обична продавница и кое кошта ни помалку ни повеќе туку 2300 денари |( (многу ми е навистина),а додека во бершка,страдувариус,зара... имаше навистина убави пролетни јакни по цена од 20 до 25 евра.Исто и цветните фустанчиња кои кај нас може да се најдат од 700 денари па нагоре,таму ги има за 10 евра,13,15...Немав време да одам на кинескиот пазар.Некој што има идено ако може да ми каже дали само на големо се купува од пазарот, затоа што знам дека од таму купуваат сопствениците на бутици.
     
  13. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Потполно се согласувам. А за попусти, има, не големи, но сепак има. Јас на пр. фустанче си купив со попуст 25%, исто и ташничка, некои маици. А и да не се на попуст, не се огин скапи па да неможеш ни да ги погледнеш, солидни се цените. А мислам дека од следната недела ќе има малце поголеми попусти, барем така разбрав (се разбира не распродажба со 75% попуст).
     
  14. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не треба да одиш во космос. Остани си во градот имаш преубави продавници и поголем избор.
     
  15. fashionista-15

    fashionista-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    Навистина незнам кај да им кажам да одиме на моите. Дали во Космос или во центарот. Најмногу ми се оди во центарот ради H&M а за Бершка, Пул ен бер, Страдивариус секако ги има во Космос. Иначе 250 евра имам за шопинг. Доволно се? Фала ви однапред
     
  16. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Се исплати да се оди. Цените се да речеме слични како и тука, некаде дури и поефтини. Бев и на Цимицки и во Космос и релативно се истите продавници, нормално, зависи и од тоа што бараш. Си купив многу работи и многу сум задоволна.

    Инаку, во повеќето продавници преовладуваат цветниот дезен и облеката во морнарски стил, иако има доста избор и на други парчиња облека. :)
     
  17. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Не се доволни :shake: , 500 ако имаш да :P :D
    Кажи им на твоите и таму и таму да одите и ај доста :D
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Имам во план да одам, и едвај чекам! Ќе одам не само во Космос, туку и во центарот, и се надевам дека ќе најдам нешто убаво по поволни цени.
     
  19. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    Сакам да Ве прашам дали знае некој кај ги враќаат парите за таксфри - на гранца или????
    Зошто вчера бев во Солун и требаше да ни вратат 85 евра, демек на граница ама кога стигнавме таму само дрско ни кажаа дека парите моземе да ги искористиме само во бутикот од кај што сме пазарувале во Солун.Знам дека не е така ама ме интересира сепак да ми каже некој што бил сега брзо дали има некое вакво слично искуство????
     
  20. Independent.girl

    Independent.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Тоа се зима во фрее шопот што е на граница одма кога ќе влезеш во него од лева страна има еден човек исклучиво задолжен за тоаа. :D
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.