Одам во Солун во четврток, т.е сакаме да одиме, ама заборавив преку која агнција одев лани,последните 2 пати бев со кола Дали ке може да ми помогне некој да ми каже од Скопје со која ангенција идел во солун сега во последниве месеци и колку било. Најверојатно се иде со комбе штом е преку недела, знам дека цена беше нешто 1000-1200 Ве молам да ми одговорите феминки најбрзо што можете итно ми треба информација за совет. КОја е најдобра и преку која најчесто одите!!!! ФАЛА
Hipster јас не сум била до сега на шопинг во Солун, али сакам да идам сега наредната недела па гледав на интернет некои агенции, јас ја најдов Далас Унион цената беше негде 800ден.
Ич да не се мислиш да одиш се разбира ако моеш Не сум чула за таа баш ке проверам, фала за информација, јас сега баш читав за Фалкон. фала на информација
Планирам да одам за едно 10 дена, ама другарка што беше сега ми рече дека нема ништо, по 2 партала дека се останати, ни броеви ни избор, конкретно за H&M. Некој да сподели што бил, уште некое мислење, други продавници?
Јас бев вчера и навистина има и попусти и многу избор не би рекла дека имаше по 2-3 парчиња. Јас бев со две другарки и си најдовме за секоја бројчиња (сите носиме различен број), си купивме и фармерки, и мајчки, тенка јакничка, летни пантолончиња, дури и џемперчиња си земавме...
Sexy prinsess ако можеш да ми кажеш ако си била со агенција преку која си била и колку било Ајде со здравје да си носиш се
Арис ти пратив лп... Па јас бев преку еуролине и карта е 800, ама и по другите агенции е толку, се собираат патниците и со еден автобус не носат сите, освен ако има повеќе со два
Да да знам, сум била, само заборавив преку кој бев, нмв, се надевам дека ќе најдеме за преку недела. фала
Искрено сум била само еднаш, и го начекав попустот. Се изнакупив и среќна се вратив дома. Тоа беше пред 3 години мислам. Од тогаш немам отидено, а добро би ми дошло да се подновам, иако сега се подновив скоро со доволно парчиња
Конкретно за во H&M може и не те излажала, ама штом јас се изнакупив на 25ти август..значи на 10ти 100% има сеуште доста облека, јас најверојатно ќе идам викендов а можев уште првата недела да одам, но првите две недели попустите ги прават до 50% а на некои парчиња ни тогаш..сега логично е дека тогаш има повеќе избор, но најфините цени почнувааат некаде од 1ви август.. нема да се покаеш ако отидеш. пс. само што си дојде колега на татко ми од одмор, денес бил во космос, жена му и ќерка му се изнакупиле за цела година за ефтини пари..
Не е точно јас си купив 3 пара сандали од таму преубави и преефтини, по 5 евра и 10 на плута,.....имаше многу работи е сега зависи кај си(центар или космос), што бараш и каква среќа имаш во моментот, но колку се зголемува попустот броевите се намалуваат, но сепак ке речам секој со среќата како ке најде во моментот...................
Сите убави штикли и сандали се пробрани и нема бројчиња. Само 36 и 40. Ако некој планира да оди за чевли нека не иде за џабе. А за облека има бројчиња.
Девојки, би сакала ли некоја што веќе била во Солун (сезонава) да пише како се движат цените. Фала многу
За чевли пишав погоре дека нема бројчиња, а за облека има попуст на летната облека и не е ич скапо. Како и секогаш кога има попуст. Маички по 3-4-5 евра, кошулки од 4 евра нагоре, фармерки од 12 евра, се наоѓа по некое блузиче со долги за 7-8 евра. Јакни не гледав, не ме интересираше. Ако сте за летна гардероба све е ефтино, летни сукњички во Х&М имаше многу за по 5 евра. Во Зара марлце поскапичко и пробеано, али отсекогаш е така во Зара. ПС. Повеќе работи купив во Теранова отколку во Солун, па ѕирнете и таму има маички за 200-300 ден, кошулку за 300-400.
во солун нема ништо посебно, и се сто е останато се само партали пребрани од претходните сезони.. така да дзабе патот според мене!
како до сеа никој не се пожали од шопингот, сите горе-доле се задоволни само тебе нешо ти фали јас бев викнедот што измина има убави работи за ефитни пари !
Јас бев на 25ти, и си купив сандали од Х и М за 5 и 7 евра, на плута 10 евра, сукнички по 5 евра, скоро сегде имаше,.....рамбовки 3 евра,во Страдивариус имаше многу избор на сукнички сите беа по 5........Пул енд беар имаше фармерки во боја 8 евра(розови, сини....).........јанкички есенски исто 8 ...........фустанчиња од 3 евра во Х и М.....па 8....10 евра...........е сега можеби е уште принамалено,....али каков е изборот не знам......Балетанките беа околу 10.............итн...