Девојки, да предложам нешто... И секако кој е во можност... Да ги сликате работите кои што сте ги купиле ќе може?
Денес бев во Космос. Си изнакупив се за во школо.. Скоро се беше од нова колекција ама задоволна и насмеана си се вратив. Поздрав
Дали некој бил во кинескиот пазар што е во Солун, какви работи има?... за една недела ќе идам во солун и татко ми ме тера таму да сме иделе
Сакам да одам оваа сабота во Солун (Космос, Џамбо .. ) ме интересира дали сеуште има од летните попусти кои како што слушнав има маички по 2,3-4 евра, џинс по 10евра, апостолки по 3-4 евра итн. Ве молам брз одговор ке ми биде од помош.
Агиаги, дали оваа сабота ке најдеш по тие цени,незнам,иако тие цени на насобраните изминати колекции од лето-зима,ги има до крај на август,мегутоа незнам што ке најдеш,бидејки јас кога бев немаше речиси воопшто избор,а не пак сега.Сигурно би имало некое маиче на кратки ракави,рамбовки,по 2-3 евра,можеби некоја фармерка,прочепкувај лево десно,неочекувај на ачик да ти бидат ставени А што се однесува до тој кинескиот пазар,имам залутано во тој дел од градот случајно,но немам појма ни што има по тезгите ни кои се цените,само имам поминато,а знам дека агенциите неносат до таму,бидејки си имаат стандарт тура (центар-космос-икеа),а и не ви треба,на едно 10-15мин е од почетокот на капитанијата(место каде најчесто оставаат автобусите).
Искерно потешко Ке има сигурно по нешто, исчепкај добро, но очекувај дека во главно ке биде есенска роба,....новите колекции се вејке пристигнати,....ке има по нешто намалено летно што останало ама не очекувај многу.......
Секогаш одам во Солун, во Костур..... Значит имат превтини работи во Космов во грција во H&M имат евтини работи, во Зара, Најк, Адидас, Берска, Страдивариус....... имат и убај работи кои се на ниска цена а во Космос секогас имат попусти!!!!! (за чевли, облека и сл.) (50% до 70%)
Сега мама беше во Костур таму имат бунди,елеци крзнени....и сл. И мама ми нарарача елек долг крзнен еве слики од тој бутикот сто ги има сите бунди елеци јакни....(јас ваков нарацав)http://www.faithfurs.com/product-436.html
За вас незз ама јас завчера кога се враќав од одмор бев на шопинг во "Mediteranean Cosmos" и цените беа Tooo Much за мене. Двојно е поскапо од Македонија и освен едни фармирки др. ништо не можев да си купам. Сакав да ве прашам кај одите вие на шопинг ?
MilixkaDo, Пред да одиш, требало да се информираш во кои продавници се оди на шопинг во Солун. И ние одиме на шопинг во Космос, ама има само неколку продавници каде купуваме за ефтино. Ти ако не си знаела кај да влезеш нормално дека ништо не си нашла.