И јас имам одено во Бугарија, ама тешко е да се најде тура што носи таму. За во Грција има многу компании што нудат едноденвен шопинг, а до сега за во Бугарија немам видено. Ти како отиде сама или преку агенција? И дали знаеш кога се попустите?
Нема споредба шопинг во Бугарија и шопинг во Грција. Сум била на купување во Благоевград...катастрофа! Цените повисоки од нашиве, подобро ќе беше да отидам во Штип или Струмица на шопинг! За Софија не знам, не сум била, ама Благоевград ниту пак Сандански не ми остави нешто позитивно искуство. Во Солун бре, имаш ПОПУСТИ...кошулчиња за по 3- 4 евра, фармерки за 5 евра, и тоа избор глава боли. Ама ако не погодиш сезона на попусти во Космос исто глава боли...од цените
Туку што поминаа попустите во Софија... имаше по 70% попуст во сите mall-ови следниот попуст е околу бугарскиот Божик - почнува некаде околу 22.12 и трае до после нова година и се наоѓаат стварно ефтини парчиња 100% проверено - живеам во Софија 4 години и сум си купувала маички од Манго за по 16лева или тоа е околу 8 евра а пред тоа се биле 50лева или 25евра
Епа се гледа дека не си била во Солун, да видиш колку само е поефтино од тука, и колку голем избор има... Јас кога отидов за прв пат, си реков дека од Скопје нема веке никогаш да купувам облека...Со парите што ке ги потрошам таму инвестирам во себе и во мојот изглед, а не да ги давам на нашие безобразни, каде што истата роба од таму ја продаваат дупло... ЗА пример - во новиот веро центар, во ЕВРОАЗИЈА, истото фустанче што лани го купив во Солун за 9 евра, тие тука го продаваат двојно повеке!!! Кај стара колекција, кај па и поскапо... !!! Значи кога го видов се разочарав, и век енема да влезам таму ... Во Солун кога има попусти имате прекраснипарчиња облека за цени за кои тука нема да најдете ништо убаво... Фармерки 10 евра, штикли 15 евра, маички по 2-3- евра... Инаку, јас од Солун купив кожна јакна за 15 евра, и едвај чекам да залади да си ја носам... И едвај чекам пак да одам Инаку со автобус карта е 800 денари, речиси во сите агенции е толку. Те носат прво во градот, па во Космос, па во Икеа(кој не сака може да си остане во Космос подолго) и на крај во Џамбо...
Имам одено во Солун на шопинг со такси со другарки е е мн ефтино а најефтино за шопинг е дефинитивно Истамбул инаку имам и во Бугарија одено и таму е ефтино
Одам често за Солун бидејќи ми е блиско. бев во Космос пред две недели си купив Кожна јакна за 10 евра-преубава е, и патики пума за 15 евра. бев во икеа и си купив ламба за 8 евра , а кај нас ја продаваат 1600 денара е па стварно претеруваат
Заљубенааа дали ова значи дека пак има попусти во Солун?! Колку што знам јас следните се во јануари, а цениве што ги кажа не ми одговараат на редовните
Јас кога бев имаше попуст, а не знам до кога трае, може наредната недела ќе одам пак па ке ти пишам дали има уште попусти
[/url]http://onlinecatalogue.ikea.com/2011/ikea_catalogue/GR/ Еве ако сака да го види новиот каталог на икеа 2011
Одамна се спремаме да одиме на шопинг во Солун па според тоа што го прочитав најевтино е во Космос.Ме интересира што се може да се најде во Космос значи гардероба за возрасни за деца друго?И планираме да одиме со кола ПРВПАТ дали ке биде елсно да се снајдиме?
има ли попуст сега? викендов ќе одам обавезно така утре одам за грција...абе ја во атина летово какви штикли си купив од TALLY WEJL или како и да се вика брендов сега не ми текнува! у скопје што ги продаваат по 5000-6000 илјади, јас за 10е ги земав
Значи сите што ке одите викендов чекам обавезно да ми пишете тука што има Инаку сте биле ли на кинескиот пазар во Солун? Што има таму?