Јас бев во Cosmos на 19 овој месец, и си купив многу работи фармерки за 8 евра, кошулки и корсетчиња за 4 евра,задоволна сум и кожно палтиче крем 30 евра... ептен сум задоволна
Дали ќе може да ми кажеш кои се тие продавници? И ако знае некој ме интересира дали октомври има попуст во Космос?Слушнав дека имало октомври имало попуст во H&M но дали тоа важи само за H&M?или за сите продавници?и ако може да ми кажете од кој октомври започнува?Фала однапред
Попуст во октомви нема. Сум била два пати во номври и искрено цените не беа нешто ниски. Само на одреден број работи има 10-20% попуст. Големите попусти започнуваат после нова година, а може и после нивниот божиќ.
Од каде ова дека има само неколку продавници каде што е евтино?Во Космо и нема продавници кои се ултра луксузни и со баснословни цени. Во Солун кога се поустите тие се во сите продавници ,па дури и во оние со техничка роба.Тоа што некој отишол на шопинг во време на попусти и ништо не нашол ми е несфатливо или не знае што сака или не влегува по продавници
На девојката штом и било скапо, сигурно не била во Страдивариус, Х&М, Бершка... А кај била немам поима.
незнам кај била, ама ако била во мисс 60 нормално дека и било скапо, не скапо изгор. на попуст јакна тексас 80 евра МИ се плачеше коа ја видов. извините за офф
Дечки, инаку бев јас во овие продавници и скапо беше. Инаку тнх на советите, оти јас првпат одам во солун и незнаев кога и во кои продавници да отидам. Единствено од H&M си купив фармерки за 20 евра
има во космос, а на цимицки сигурно има ама незз точно каде. дај боже да си најдеш нешто сега зависно од џебот. мене не ми се даваат 50 евра за фармерки или 100 за тексас јакна. Како за кого затоа викам. Мислам дека во Космос беше на прв спрат мисс 60 ама провери си. др пат коа ќе одишпосоветувај се со некој каде одиш и во кој термин одиш, да не трошиш време залудно. Нa femina барем стално има некој за да те услужи. иначе во h&m и те како има ефтинки работи.
Минатата недела бев два пати во Солун, па имав доволно време да ги разгледам цените. Значи зборувам за Космос. Попусти има сеуште во некои продавници - adidas, ZARA, H&M, Bitsiani... и некои др. но избор нема. Останати се некои работи кои невредат ни за цената со попуст. Најголем избор има на бебешка облека од 3 до 12 месеци..... на пр. во зара имаше фустанчиња од 2 еур., кошулки и блузички од 3 еур. Во Н&М кошулки по 5 еур., пантолончиња и блузички по 3 еур.... и тоа претежно за принцезички
Jas idam u Solun koga ima popusti i sum zadovolna stvarno moze da se naceka eftina roba...Megutoa slusnav deka imalo nekoja ulica so eftini raboti i ponekogas imalo 80% - 90% popust! nekade na pat kon IKEA.... znaete neso? Zaso jas osven Cosmos nikade dr ne kupuvam koa sum tamu sea ke idam vo sabota ke imalo likvidacija...*
До 800-1000 максимум е повратна до Солун, ако се враќаш истиот ден, ако не дупло е Ова важи за тие агенции што прават секојдневни тури за шопинг
Мајка ми денес си направила шопинг во Космос поточно во Манго. Има купено кошулки и панталони. Панталоните се по 20е а кошулките која како, не се нешто преефтини ама баш ја загледав една од 29 на 9е, другите мислам поскапо ги има земено. Ама муабетот ми беше дека колку што ја разбрав есенската колекција уште не е стигната. И тие со долги што ги имаше земено беа на попуст. Сега незнам можеби и јас погрешно сум разбрала
сестра ми беше во вторникот во Космос и не беше баш задоволна, попуст имало ама немало останато ништо асално или било поткинато, или без патент, или криво....А новите колекции не биле нешто посебно Јас ке одам наредна недела чисто да се прошетам па ке пишам што има како
Секаде има нова роба,нема скоро ништо останато од летната гардероба ама затоа пак есенската е сон,јас су купив преубаво палто малку е скапо ама се исплака не можев да го чекам попустот не знаев дали пак ке одам Космос....