Да ве информаирам дека границите од денеска се отворени, не е најавен штрајк, синоќа го изгласаа законот поради кој се протестираше, така што сега незнам што ќе се случува, но јас не би одела од безбедносни причини.
Девојки знае ли некој кога започнува следниот попуст на гардероба есен зима? и тие што биле лани како одат цените?
Попуст имаш во јануари почнува на 15 а цените се повеќе од прифатливи. Минатата година купив патики за 20 евра, маички и џемперчиња по 5-6 евра за панталони не знам не сум купувала.
Иначе попуст нема во Солун, ама и продавниците биле полупразни, не им се купува на грциве, имаат сериозни проблеми! Има избор ама слабо попусти! Информација од прва рука
Денеска прочитав дека пак штрајкуваат во Грција, не на граница, ама превозот, метрото, автобусите и т.н. Така што, ако планирате да одите информирајте се добро, да не им текне пак и на граница да штрајкуваат.
Дали знае некој агенција што оди во недела на шопинг во солу Ве молам кој има некои информации за шопинг во солун со агенција ама во недела нека ми пише Поздрав !
Најсвежи информации за цените во Солун,па ако ви одговара одете. Фармерки негледав искрено,ниту модели,ниту цени. Кошулките се од 25 па нагоре, маичките се зависно од тоа колку е свечена, тие се исто од 25-30 нагоре, додека има од оние стандарт поедноставни по 10 евра, и се наога и по некоја рамбовка од 3-5 евра. Сукњите се солени, впрочем секогаш сум приметила се со набиена цена, за после на попуст да ги видиш за смешни 5 евра, но до тогаш за 35 евра можеш да ги купиш. Има премногу избор, со копченца на струк, со каиш-ластик, со нешто везенко, и во повеке бои. Стварно голем избор и на бои и модели. Фустани има со долги ракави како пократки од 35 евра натака, како топ горе од 35 натака, и видов еден многу убав црн свечен во манго за 75 евра Јакнички има, кожени кои се и по 100 евра, и оние скај мај тие се од 25-30 па нагоре (ова цениве зависи од продавниците, јас генерално ви ги кажувам цениве), палта врие ,како и во попуст, секакви буквално и горе доле исти цени, оние палта во боја се класика цена и после година ипол, и уште се од 25-30, додека некои нови модели како со нитни, со копчиња, тие се поскапи околу 40 евра. Бундички има, разни кратки подолги,во повеке бои, од 45 евра нагоре, мантили иста цена. Штикли има во зара преубави (ништо ново за зара), исто ко што ни цените не се ништо изненадувачко за овој период, штиклите се движат од 50-60 па до некои модели на чизми по 120 евра, средна цена на штиклите би рекла дека е околу 65 евра( за штикли зборам). Чизми невидов нешто страшен модел и избор, онака до колена имаше некои за 35 евра, патичиња наједноставни по 25-30 евра. Ташни има преубави, со цени од 25 се наоѓа, иако ценава си иде нагоре нормално, имаше и од 45 евра... Накитот онака го ѕирнав, не гледав детално, ама преовладуваа синџирите долги , и имаше шалови плетени во разни бои. Новчаниците ги видов, стандарни се,ништо посебно и со стандарт цена по 20-25 евра (ова важи за страдивариус, зошто таму ги гледав) За машките се пониски цените, фармерки по 40 евра, тренерки посебно долни или горни во аутлетот на адидас по 50 ерва, кошули (сеа зависи од продавницата, генерално се од 40 евра па нагоре). Патиките им се од 70 евра нагоре. Мојот пренос е отприлика тоа.
Руби ма, сега ме фаќа криза за шопинг и мене. Ама знам дека за 2 месеци цениве ќе бидат на пола па се мислам дали да одам сега
И јас истото го помислив. Ако почекам до јануари, ќе се на пола. Ама 15 се паѓа недела и не знам колку ќе работат, мислам дека од понеделникот ќе почнат попусти. И тоа не знам колку дена 30 посто, па после 50, па 70... И такоџе ми е страв дека уште прв ден ќе се разграбаат чевли и алишта и дека ќе треба да копам после по продавници за броеви.
Се приклучувам кон групата на девојки кои почнаа да кризираат и да зјапаат колекции на Зара, Х&М, Бершка на нет Ама не се давам, не купувам освен мали и ефтини работи имам купено од летово, а и среќна сум што најдов неколку распродажби и што ја открив пред некој месец Mana Fashion која е една од ретките продавници кај нас со убава а ефтина облека. Туку не работат во недела во Солун ко прво. Ко второ мора среќа да имаш за тие попусти. Јас лани бев на 17ти мислам и се ми беше скапо имаше 30% до 50%. Но имаше избор. А може да отидеш еден ден да нема избор, а другиот ден веќе да извадат роба од магацините кои се во подрумот на Космо и да најдеш многу роба. Среќа е пресуден фактор Мислам дека најдобро е околу 1ви фебруари, така и планирам годинава. А тоа е повеќе од 2 ипол месеци, речиси 3 уф
Кога ве читкам вака секогаш си велам следниот попуст купувам,ама кога ќе стигнам во Солун ме фаќа нервоза од гужви и додека друштвото пазари јас со мм кулирам на кафе со поглед кон морето...
шопинг во солун??? девојки дали може да ми казжете кога почнуваа попустите во Солун? Сеуште ли се од 15 јануари или 15 декември? Фалаа! поздравииии
Прашањево е одговорено 16726943759450 пати . Официјалните големи попусти се од 15 Јануари, а на 15 Декември и секој друг ден, може ако имаш среќа да начекаш некое снижување за 2-3 евра. Тоа е се.
pa iskreno nova sum na forumov i mnogu mnogu ne pregleduvav dali ima pisuvano na ovaa tema znaev deka se od prilika toj period ama ne bev sigurna dali bese dek ili januari sepak fala La-chikaa
Вчера бевме во Солун. Роба има ама баш е скапичко. Купив само тоа што ми беше потребно, што не се наоѓа кај нас, а за другото ке си го чекаме јануари
Кога одам во Солун не одам во Икеа, Космос и Џамбо.Некако ептен ми е униформирано купувањето таму. Сакам да го шетам градот, да си седнам на кафе, на гирце а измеѓу обавезно шопинг по бутици
Точно пред една седмица бевме Солун со мајка ми,никогаш не купувам во Космос најчесто на онаа улицата каде што се поевтините бутици.Овој пат искрено немаше некој голем избор иако години уназад паметам кога и да сме оделе сме се враќале со гардероба за цела сезона.Овој пат и цените некако соленки беа,купив само едно фустанче уз тело до колена темно сино,4 пара пантолон-хеланка што се носат сега,една блузичка на риги,сукња едноставна црвена и еден џемпер и сето тоа ме кошташе 100евра .Ехее по рано со 100евра за цела сезона сум била опремена...И тоа пантолоните ги земав од кинескиот пазар,а сукњата и фустанот од поевтините бутици.Не се исплаќа за неколку парчиња да се оди,таксито повеќе не кошташе.