Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159


    Абе па има 2-3 и на истата улица се. Ама таа што ја знаеш е најголема и во неа има се, другите се помали, па не ти ни требаат кога ја знаеш главнава ;)
     
  2. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Дали има попуст сега во Солун, после Новата Година и дали е паметно да се оди за викенд?
     
  3. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Попустите мислам дека почнуваат после 15-16 јануари
     
  4. Em4ii

    Em4ii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    сега сеуште нема и не би ти препорачала да одиш во викенд. Попустите почнуваат на 15ти овај месец тоа е недела па ако сакаш повеќе да разгледаш и да си најдиш бројчиња оди на 16ти в понеделник. позз
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jasmin17

    jasmin17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Дали сега,во овој период,може во Солун да се најдат машки ролерки и каде точно има? :)
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Ќе одите ли ли жени во Солун во шопинг манија :lol:
    Попустите се од 15, па дури мислам дека од кај 17 најсигурно, но дали бил веќе некој до сега или планира да оди порано од 15, одма нека се пријави :lol: Бидејќи од грчки извори знам дека можеби и порано од 15 ќе има попуст.
    :)
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Ај тие грчки извори нека се изјаснат кога ќе има попусти (ако има пред 15ти) :D
     
  8. loveu

    loveu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки едно прашање...дај кажете ми преку која агенција сте иделе во Солун и коку пари е? јас сакам да одам после 1 февруари, дали ке најдам нешто ?!?!?! :)
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам дека попустот годинава е почнат веднаш после Нова Година на 1 Јануари.
    Планирајте си поскоро да одите. :)
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Aма секоја година почнати се попустите по Нова Година, но тоа се 20-30 до 50% максимум.
    Но од 15ти јануари до 15 фебруари започнуваа онаа сезонска распродажба со 70%. Со тоа што како поминуваат деновите се повеќе парчиња се ставаат на 70%, но со тоа и се намалува изборот се повеќе.

    Секоја година е исто.
    На 5 јануари имаш многу избор но мал попуст отприлика 30%.
    на 15 јануари 70% попустот официјално започнува, но повеќето работи се до 50%.
    А од 1ви фебруари речиси се станува на 70% но веќе изборот се намалува.

    Ќе кажам пример лани другарка отиде после нова година и купи патики од Pull&Bear вика живо џабе од 50 евра на 25.
    Сестра ми на 15ти јануари ги зема за 15 евра.
    А друга другарка после 1 фебруар за 7 евра истите.

    Може денес да купите нешто да речеме 50 евра, утре тоа да се намали на 25. Нема правило, тоа се вика каква ви е среќата таква :)
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Јас обично одам првите денови после 15-ти јануари...Додека има се уште избор.
    Лани се вратив дома со три пара штикли,два пара балетанки и патики (фрик сум за чевли,си признавам) :$
    Обично правам план на што ќе ги ,,фрлам,, парите,па за овој попуст во план ми се
    -квалитетни (кожни) чизми
    -црни фармерки
    -2-3 џемперчиња
    -патики за вежбање под обавезно!
    Ама,никогаш не се знае!Нешто може и да изненади,па да го променам планот! :)
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    хахаха, иначе другарка е Гркинка по татко, од таму Грчките мои извори :D
    Она сега е во Скопје ама така и рекле нејзе нејзините од таму доле хахах ;)
    Сea незнам дали е во право или не, она вика дека и порано ќе започнеле заради кризата , бил ли некој сеа да ни каже??? :?:
     
  13. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    па од денеска започнаа попустите во солун на фб ми стигна известување ама попустот не е многу еве разгледајте http://www.mymedcosmos.gr/
     
  14. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Не од грчки ами од мои извори, лично им ѕвонев во Зара и М&Ѕ (манијак сум,знам) :tmi: од денеска има попуст само на одредени парчиња додека од 16ти, понеделник започнува распродажбата.
    Попуст има само пари нема :D
     
    На Nastjaaa4, drugarka, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Срам да ви е девојки.... Ми се приоде сега.... И вие сте ми криви :D :D :D

    За тури преку недела, да не е викенд, знае некој????
     
  16. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Јас одам со кола најчесто.Да те земам со мене Феминке? :)
    Инаку,знам дека Компас Холидејс (горе во ГТЦ кај киното) вози секој ден со мини бус за 1500 ден. и те остава кај сакаш
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Истава ја знам и јас, ама има и други само цената е таа 1500!
    Еуро лине имаат исто линии и преку недела.
    Само ме неривараат што не остваат кај аутлетот, ми се плаче по тренерки.
    Shana, не да си маијак, ме шишаш, ма какви грчки извори, ѕвер си 8)
    Едит-тие што одат со бус или комбе, обично каде ги остават, само центар, комо/икеа и на враќање 20 минути во Џамбо или????
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ама не сакам да ме остави каде сакам... Си ја сакам целата тура, Симицки, Космос, Аутлет... Џамбо и не мора. Ма сегде сакам! :D
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Да де, те сватив, исто и ја викам тоа, дека на сите тури што сум била не остваат во аутлетот ;( Те носат на сите тие места по малце :D
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Да и се` е на брзање.... Башка и гужва е преку викенд...
    Сеа ќе барам жртва што и се оди за преку недела.
    А друга агенција што ја прави турата преку недела, а не да ме остави каде сакам?
    А колку беше картата за во сабота? 900 денари???

    И на крај од пуста желба за одење пак во сабота ќе отидам :D