Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Ајде кој бил нека каже што си купил и колку попуст има:)))
     
  2. suze11

    suze11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4

    Турата е следна... Поаѓање во 1-2 часот по полноќ.... Застанување на Фри Шоп. Пристигнување околу 7 во Солун до 13 часот, после тоа идење во Космос до 15 часот и по еден час во Икеа и Џамбо... за назад повторно застанување на Фри Шоп.


    Кој бил со сигурност да ни потврди дека се почнати попустите ?!
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^ На идење не се стои на фри шоп, бидејќи ние немаме фришоп или ни го затворија незнам.
    Фришопот е од Грчка страна кон Македонија кога се оди.
    Инаку таа е турата со сите агенции скоро истата.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Јас најверојатно ќе одам на Водици, ама приоритет е да се прошетам, а за купување само ако си најдам нешто и ако нема страшни гужви. Не ми е во план да висам на каса саат време.
    Е само не ми е јасно зашто се трга толку рано за назад (околу 5 попладне).
     
  5. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    дали сигурно се почнати попустите и која е таа агенција што вози и на водици ве молам кажете ми
     
  6. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    не ми е јасно зашо не возат и во мега аутлет бидејки многу луѓе сакаат таму да одат мајка ми има пријателка која често оди и си нашла некоја јака марка панталони кој од 70 е биле спуштени на 4 ипол евра
     
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Години наназад одам барем еднаш месечно повекето за шетање, понекогаш за пазарење. Само еднаш одевме со минибус, организирано преку работа од сопругот, и веке никогаш. Чекај еден, чекај друг, неодговорни, паузи за цигари, паузи за тоалет, тресење на граница :x
    Најдобар момент при одење со автомобил е прво што тргнуваш кога сакаш. Не е исто да се отспиеш до 5-6 и да станеш во 1, а треба цел ден да пешачиш. На граница побргу се минува, застануваме кога и каде сакаме, одиме во продавници по сопствен избор и потреба, кафе и ручек на раат. Имало денови кога сме тргнувале во 16 часот назад, имало денови кога сме заглавувале до 22ч. Друг момент е што неморам да купам во моментот бидејки нема враќање назад туку можам да си разгледам па да се вратам во истата продавница подоцна. Добро ова не важи за време на попусти кога е гужва и кога ке ти го земат парталчето од раце, ама преку цела година е така.
    Мој совет ви е кои сте во можност поарно организирајте се приватно, соберете се 3-4 девојчиња нека ве вози родител со автомобил отколку да се малтретирате по автобуси. Исто во сопствен аранжман, за време на попусти кога се оди воглавном за гардероба, изоставете ги Икеа и Џамбо бидејки таму нема попусти, стоката е иста преку цела година, плус Џамбо има и во Скопје.
     
  8. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    мајка ми запнала да сме оделе на 14 со савана али мене не ми се оди мислам дека нема сеуште попусти онака 70 или 50 туку сите се по 20 25 30 или 10%.Точно или грешам? да не се почнати веќе големите попусти?
     
  9. ketisk

    ketisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    148
    Колку е карта со Савана????
     
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505

     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Се трудев на официјалната страна на Космос да се снајдам ама ни ми преведува ни ништо па ај да си прашам:

    Дали се сеќава некој дали во Космос има продавници за козметика? Може глупаво ви звучи ама јас кога бев само алишта гледав :$ Сакам некоја убава палета шминки, и ме интересираше дали има таму бидејќи тие (позвучните имиња како Сефора вамте тамте) имаат големки попусти. :^)
     
  12. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    18
    http://medcosmos.gr/en еве ја на англиски...Да има козметика :)
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zlatnaa

    zlatnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    57
    Има има една големааа , огромнаа парфимерија и има многу избор на шминки, парфеми и се и сешто, а јас кога бев немаше многу попуст а сега можеби ќе има :)
     
  14. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сефора има во Космос горе на кат, кога ке тргнеш по ходникот од Сфера кон Масутис маркетот.
    Има уште една продавница за козметика која се наоѓа на приземје, веднаш до Сфера, позади ескалаторите. До продавницата има игротека.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    karta vo savana e 800
     
  16. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    дали има некоја агенција што вози на 19 т.е. на водици,тогаш сакам да одам на shopping<3.ве молам кажете?
     
  17. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    и каде се наоѓаше pull and bear сум заборавила потсетете ме
     
  18. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    До Бершка, спроти Зара
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Шана секоја чест :) , како навигаторче си.

    Јас незнам колку пати сум била во Космос и искрено ко изгубен германец сум секогаш, секогаш!
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Ти да не читаш мислења, ццц само што сакав да пишам Шанче како градоначалник на Солун да си се знаеш, ме воодушевуваш ;)
    :clap: