ау да ти кажам сум била низ кинескиве продавници низ гр, во солун не сум била инаку се мнооогу големи бутици и нема што нема!!! значи од игла до јорган има убави маички, туники, накит долна облека, јакнички! цените се зависи од 5-10е,зависи до моделот инт! има интересни работи во кинеските бутици нема што! ама најинтересни ми се кинезите во нив за момент мислиш во кина на шопинг си
Хахахахаха, јас па мислев дека се викаат кинески зашто има смао кинеска роба , ама не сум знаела дека има кинези слушнав и јас дека е многу ефтино, ај може ке поминам, чекам прво вие што рековте дека ке идете викендов, да ми кажете дали вреди да се иде
бев само до грекос граница, и ме вратија остај тоа и печат ми ставија поради х причини, сега не знам тек кога ќе можам да одам пак у грција па оди, и да нема попуст, ќе си купиш се на кинескиов пазар! има убави работи најискрено
ау, не знам за солун! ама нема шанса да го утнеш, зашто кинескиве бутици им се со кинески натписи цели, и доста се големи така да не си промашај ќе го најдеш
летово на одмор бев нели, и на граница треба да те прашаат по правило колку време ќе седиш... ама мене овој не ме праша ништо!!! и сам од свој памет си пишал 1 ден ќе седам само!!!алоооо лето е каков 1 ден! и ништо отидовме, и вика граничаров, не може да влезе, тука во комп е внесено 1 ден дека ќе седи само, а таа повеќе седела! и ја викам па не ме прашаа колку ќе седам не е моја вина...и џабе... и печат ми ставија, забрана, сега треба да одам да го барам шефот па да ми го трга печатот абе идиотски работи!!!
Маја, како што веке знаеш требаше да идам пред 1-2 денели, ама моите Веке 2 саботи по ред се готвам за идење, они беа зафатени и двете Јас постојано навивам за петок да идеме,бидејки сигурно ке има помалку гужва, а и викендот ке ми биде слободен (нема да ја изгубам саботата), али ете татко ми па најмалце може петок да отсуствува од работа.. и викам ај ок тогаш сабота.. И сеа најверојатно онака 90% освен пак нешто ако не им искрсне на моите , треба да идеме саботава сега..и незнаеш како чекам..лиги ми течат, одвај чекам, ама одвајјј Ако идам, што ЕПТЕН се надевам, ке пишам што како било и што сум купила ок? А дали знаете дали ке фатам некаков попуст саботава сега? Би било ептен фино ако има.. До душа не сум била на шопинг незнаете од кога, одамнаааа, не памтам кога последен пат сум купила нешто.. и се нервирам више, се ми е износено, ко да неам облека се осекам.. Па веке и да нема попуст саботава планирам лом да се направам купување(не е само до мене ипак зависи и до робата,се надевам ке има убава роба) цел шифоњер да напунам Али ако има попуст уште..одлично ке биде Космос е стварно одличен, наместо да талкаш де рамстор де трговски, бисер незнам, веро центар.. (ако сте од скопје), ваму на едно место све ке најдеш..милина.. а и некако полесно се даваат пари у евра ако сте приметиле..отколку денари.. пр. 20 евра..пф 20ка само..а у ден. 1200 уу многу е Епа така и ако знае некој за попуст у сабота,нека пише ве молам Позз до сите космоски
Мене космос ми е исто како луна паркот за дечињата Влагам и растур правам а ме фаќа една паника уште на влез кога сум цел ден шетам гледам купувам целата како излудена сум кога ќе отидам таму Сега нема попусти ама редовните цени се прифатливи некако мислам убави парчиња се по 20 25 евра а кај нас едно убаво ѓавол ипол...Попуст тек новогодишниот мислам ако нема некој миддле сезон попуст но не верувам,ајде кој ќе оди скоро или ве ќе бил нека раскаже што се случува тамо,јас не сум била од летото дури...
Ја не сум била од минатото лето Значи прифатливи се..епа супер =) а следни кога почнуваат? почеток,крај декември,јануари..?? И јас исто подивувам внатре..како може човек па и да не подиве тамо? Татко ми вика не се надевај премногу (не за идење,ке идеме најверојатно,туку за ствари,демек нема ништо посебно и поразлично од тука) ама јас стварно се надевам, онака ептен позитивна сум и се мислам ке најдам одлични парчиња облека како и каиши и чевли и боди шоп и што не како може да нема ништо посебно??машки јас уште од сега сум возбудена,само мислам на сабота и одвај чекам да дојде.. =))
А чекај,ако нема попуст сега,сепак цените нормални се? поефтини се од Скопје така? сите сакаме попуст нели, но јас лично до максимум 50% би идела, не кога е тој најјакиот од 70% пошто тогаше е неверојатна гужва,облека на сите страни,се гази се влече,ефтино е да..али не се знае ни кој пие ни кој плаќа..најубаво кога има нормални просечни цени или мал попуст..бар тоа е моето мислење.
КОга нема таму попуст цените се какко и овде или малку поефтини... Како и да е има многу поубави работи од тука
Toчно така А кога почнуваат попустите, 15ти јануари, колку што разбрав, така? да си испланирам следен пат
Да, на 15 ти јануари, ама пожелно е да не се иде одма првата сабота, зашо можеш да загинеш во стампедо Искрено лани бев одма за попустот и тоа беше невиден хаос Ти нејм пак не отиде а? Јас ке одам некоја од следниве 2 саботи едвај чекам
A 19ти јануари, среда е, неработен ден Водици, поповолен датум за шопинг нема. Се надевам некоја агенција ќе организира тогаш
Jaс до сега не сум била никогаш во сабота ради тие неубави искуства кои ги кажуваат сите. Секогаш идев со превоз, еден тип иде по работа неколку пати неделно во Солун и носи за 1200 до Солун, малку поскапо ама со форд мондео ново те вози за 2 саати до Солун И супер е, нема гужва, никогаш пред гардароба не сум чекала, само на каса малку, ама нормално е. И гужвата почнува негде околу 4 часот, ама гужва во граници на нормалата. Затоа 19ти јануари, ако соберам парички ми е испланиран