Таксист од Скопје носи за 20 евра од човек, при што предност е тоа што ве зема од дома, носи во Солун до која сакате дестинација, ве чека колку што е потребно и ве враќа повторно дома. Јас лани бев со него и супер беше, ако сте заинтересирани еве ви бројче 077 668-382 (Игор).
Во Хондос има само козметички производи маркирани, парфеми, чанти, долна облека за мажи и жени и многу слабо по некое парче на блузи, фустанче, чизми како што знам нема, а и цените не им се толку дигнати како што опишуваш ти, барем во мојот град кадешто живеам во Грција цените не се тие како што ги наведе погоре, туку се ок, на сите производи, башка имаат по 25% до 50% попуст и може да се најде многу квалитетен производ за супер цена
http://zk.com.mk/Pages/Savana/10242 Од плоштад (покрај елката) тргни накај Т-Мобиле главната зграда. Ја преместиле турата што требаше да биде на 18ти за на 19ти
Да работат, не се секирај Ама прочитај малце убаво подоле низ коментарите, имаш мислења зашто да не идеш на 19 Сепак е твоја одлука
да , во хондос не е така скапо ( зборам за парфемите Гучи, Диор итн ) а и има доста попусти. Имам една пријателка што работи за фирмата Сисејдо , што ме зачуди производите (освен парфемите) не беа толку евтини.. но можат да се најдат и многу поевтини работи, има голем избор, вреди да се прошета
Хондос има продавници на доста локации каде повекето се продава козметика, но конкретниов објект е трговски центар на 4 ката (-2, 0, +1) каде има буквално се: машка, женска и детска гардероба, чанти, чевли, постелнини, украси, играчки, чаши, чинии, накит, козметика, книжарница, ресторан.... Ми се допадна една чанта ама ја продале во црба боја, друго немаа да ми вратат кусур од 1000чето, па оставивме за друг пат http://www.hondoscenter.gr/en/products/woman/bags/3975-just-cavalli
Па тоа е во Солун во некој трговски центар кадешто има Хондос, пошто кажуваш имало и ресторан ( по правило нема во ниеден Хондос, барем кадешто имам одено по други градови, а инаку тоа е синџир и насекаде скоро во сите градови во Грција има Хондос Центар и цените на производите не се воопшто толку како што пишува по сајтот
со мајка ми се решивме за 19 со савана али како сме се зезнале немате поима.на нет, на нивната страна пишуваше одат цимицки игнатиа космос хондос икеа керфур али сега гледаме на тоа ливчето и пишува ако сакаш одиш на цимицки и игатиа или космос или хондос и икеа.Ние мислиме да одиме на цимицки и игнатиа, а после да си фатиме такси за космос и од космос да одиме во ммега аутлет.Е сега имам пет прашања. 1Дали е скапо таксито? 2Дали ни е добра маршутата и дали ќе успееме секаде да стигнеме? 3Дали вреди да се оди во мега аутлет? 4Каде е подобро да се оди во космос или цимицки и игнатиа? 5Имало некоја продавница на цимицки која била иста како нашиот акцесорис.Таму што не се продало го носеле тука и го продавале.Па сакав да прашам дали знаете кај е таа продавница?