Јас ќе одам и утре и задутре (знам дека ќе бидам ненаспана, ама кога си на распуст не ти смета ), па баш ќе направам споредба меѓу вака демек работен и неработен ден за нас.
И јас се решив за утре. Ама изгледа ќе ја избегнам Цимицки, само Космос ќе го шетам, многу ми е ладно влези на топло, па излези на ладно.....ааааа неможе. А сигурно во Космос изборот ќе е помал ама гајле ми е
Ајде, чекаме од сите кои биле деновиве во Солун да не апдејтираат. Едвај чекам да одам, на 21ви резервирав. Ексајтед!!!
Еве суммммммммммм Продавниците не, ама новчаникот го испразнив Едно Југо од постарите Бевме со колега на ММ и неговата сопруга. Отидовме со цел, точно знаев што ми треба па си го барав на места каде вообичаено си пазарам, каде што има големи броеви. Попустот не е 50%. На излозите пишува до 70%, и може има едно парче намалено на 70% во целиот дуќан, ама реално попустот е околу 30%, пак ке кажам каде што пазарев јас. Гужви немаше, на каса некаде почекавме по неколку минути ама не како голготата од 15 Јануари 2011 (кој бил, знае за што зборувам). Пазаревме во М&Ѕ, Zara и H&M. Сопругот не го најде капутот во М&Ѕ, го повлекле бидејки ке го продаваат и следната година. Си купи друга јакна, спортски панталончиња, јас два памучни фустани, два пара кожени чижми, чевли, папучи за дома од Керфор и останатото за децата. Јас сум задоволна бидејки се што купив е квалитетно. Девојката што беше со нас се разочара бидејки не си најде капут, и навистина немаше капути. Едвај си најде обични салонки без платформа, тренерки не најде како што бараше.... Во Зара броеви од подобрите чевли се знае само 36 и 40ка останале, блузички од некои евентуално М да се најде, исто беше и во H&M. Зависи кој што бара, може по Бершка и сличните да има пониски цени, не влегував воопшто па неможам да пишувам. Чижми на Цимицки од 180Е намалени на 130Е, чевли по 80-100Е, тие што мене ми се допаѓаат. Во Мега аутлет застанавме, јас прошетав само по детските бутици и заедничка констатација беше дека е цените се изгор. Повеке роба има на Цимицки. Со среќа на сите кои ке одат и еден совет, не очекувајте многу за да не се разочарате Едит: Се пофалив во Што последно си купивте Чижмите се со ластик бидејки имам дебели листови па само такви ме собираат, а поретко се наоѓаат такви модели кои ми се допаѓаат. Си мечтаев за црни високи чижми со повиски пети, ама да не се штикли. Ете вчера ми се насмевна среќата, не еден, два пара купив
Благодарам Marks & Spencer има големи броеви. Шо убава тексас суња си купив! Незнам кој број носиш, јас сум 48 по наше па не се замарав на други места бидејки од искуство знам дека нема
Да ти кам право, појма неам кој број сум, пошто од продавница до продавница различно ми е... Наздравје нека ти е шопингот Да те опитам, во тоа “Џенифер“ се наоѓа нешто? На сајтот на космос глеам има фини работи.
Како што пишав, освен во Маркс и Спенсер, Зара и ХМ не ни влегував во други дуќани бидејки знам дека нема броеви. За децата си испазарив во Зара, а да и во Сфера им купив некои работи ама останатиот дел од продавницата не го шетав. Дури ги чекавме луѓето кои беа со нас, си ручавме, пиевме кафе релаксирано... Инаку многу беше студено! -2 беше температурата ама дуваше силен ветер па изгледаше како да е -10
Значи се колнев дека нема да одам во Солун за зимски попусти и пак отидов! Кај што се гужви,па и нема ништо! Попуст голем, да има...Во Масимо Дути,Макс енд Спенсер,Бенетон,Левис,Риплеј и слични на тие. У овие поповолниве,го полнат дуќанот со веш маици и ти даваат попуст. Значи кај и да идете во Страдивариус НЕ влегувајте.Ништо нема од колекциите кои биле пред попустите,само глупости од магацин извадени. Во Зара има ствари од новите колекции,ама попуст скоро и да нема.Дали 10 %. Пул енд Бир-ѓубре.H&М,Сфера,Тејли-вејл такоџе.Дури ни бижутерија асална нема. Единствено реален голем попуст на последната колекција,рака на срце,има само во Бершка.И сеа нормално,ако си најдеш број нели,пошто у мањак се.Поготово на штикли Тоа на нет стварите што ги гледате,врска немаат у продавниците,само тоа да знаете. А и за Акцесорајз,истите ствари на ист попуст се ко кај нас.Така да исто ви се фаќа,а кај нас а у Солун. И ете така да си знаете,се изнакупував глупости и се вратив ич среќна Феил им се зимскиве попусти стварно,летните се многу пореални.
Шана, добро што кажа за времето, баш сакав да прашам. Значи да се наоблечеме...ја планирам со моите UGG чизми да одам Иначе, знам дека ја и мајка ми ќе се распрскаме низ продавници као муви без глави, а татко ми и сестра ми ќе се релаксираат уз гиро уф, тоа гиро како ми фали Фала Шана за инфото!
Знаете некоја агенција што има тури за солун во работни денови??? И одприлика која цена им се картите?? Освен компас холидеј, знам дека таму е 1500 друга некоја поевтина??
Значи палта за јадри деца како мене нема? Ѓубретарки, капутчиња, глупости? УАЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ? Ај мајката, се предомислувам сега дали да одам. Сакав палто, па и некое блузиче, а и чизмите од по 30е ги меркав. Се надевам барем тоа дека ќе има некое останато, 40ка носам чизми.
Затоа и пишав да не се надевате многу, за да не се разочарате... Истово го кажа девојката што беше со нас, дека понудата е многу слаба по сите продавници. Рече дека во Макпримат имало многу повеке избор на капути отколку во Солун. Дузи, ако носиш 40ка ке најдеш од кој модел сакаш! Имаше ниски чижмички за 30Е! 37-38-39 се проблем
Јас веќе една година се спремам да одам на шопинг во Солун и никако да појдам Ме интересира кога најчесто има попусти?
а дали некој од вас знае дали има попусти во бенетон? и не ми е јасно зашо на сајтовите на зара,манго,пул анд беар,бершка,страдивариус,х&м има попусти до 70 а уствари нема?