Може по другите земји има 70% веднаш, ке биде 70% и во Грција ама на 10 фебруари, кога ке останат проберени парчиња. Грците го зголемуваат попустот неделно.
Јас си ги скратив маките -НЕ ОДАМ .... ТОЧКА КРАЈ. Што има да се разочарувам таму, ќе си се радувам тука Све и свашта има по нашиве продавници. Си купив 3 фустанчиња од по 1200 и едно од 950...сума сумарум 4550 или 74 еур. + нарачав 3 пара кондури и 3 пара патики детски ( најк, адидас и рибок....верувале или не) од Романија за 65 еур ==== 139 еур и кафе ќе се почастам за 1 еур, за да заокружиме на 140 еур.
Има богами. Овде во Велес јас си купив 2 блузи од по 450 денари, плетени со паднати ракави и долу како ластик. Преубави се. Исто од каде што ги земав имаше џемпери долги до коленици за истите пари. Фармерки по 700 денари... Кој сака ефтини работи нека дојде овде ќе го прошетам Во истиот бутик има и чанти од 400 денари па нагоре, до кај 1000че
Ме пресмеа Нема зашто да се разочарувате, одете видете се прво на нет што ви се свија што не од тоа што барате! Јас никогаш не сум била разочарана до сега, да се пофалам И јас викам не одам точка крај, пошо сум ситуација грцка-банкрот
Jas kje idam vo Solun vo sabota i mi e strav deka nishto nema da si najdam od ochekuvanoto zoshto se kje se potroshi na 19ti
Едно е кога гледаш нешто на интернет, а друго е кога ќе го видиш во живо. На нет се изгледа поубаво. Ехее колку пати така ќе си ми се засвиѓа нешто, ама во живо кога ќе го видам сфаќам дека материјалот е крш. Освен тоа не значи дека нешто ако го има на интернет дека ќе го најдеш и во продавницата. Особено тие поубавите работи се секогаш продадени. Во Солун се купува „на брзање“. Кога имаш попусти нема многу време за барање, пробување, смислување комбинации... Што ти фати око тоа зимаш и купуваш. А за релаксирано барање на тоа што сме виделе на интернет, само вон периодот на попусти. Така да, поголеми се шансите да се разочараш ако од дома тргнеш со албум со слики што да купиш, отколку ако си отидеш онака и бараш што ти се засвиѓа на прв поглед
Јас решив дека ќе одам тек на 27/28. Ама чисто да се прошетаме така семејно, еден ручек да се почастиме. Па ако се најде нешто супер, ако не, здравје. И така не верувам дека до 27-ми ќе остане многу роба.
^ најдобриот шопинг го имам направено на 1ви фебруари, ефтино, избор солиден, абре топ. Ама тогаш не беше многу шема одењето во Солун, па имаше избор и на 15ти фебруар Така да не губи надеж. Најубавите шопингувања испаѓаат непланирано. Тоа е дефинитивно. Јас кога се враќам од одмор секогаш кога ќе речам ај на 1 саат до Космос и тука испаѓам со 20 кеси. А штом одам САМО за шопинг знам и 30 евра само да потрошам одвај И најлошо е ако одите со список и барате работи од интернет. Така ем губите време, ем тешко да ги најдете. Одете чепкајте, барајте по рафтовите, зјапајте доле на полици, пребарувајте како да барате некој скриен предмет, сериозно Jaс само едно се надевам, дека временската прогноза ќе ми се погоди. И не ми купувајте се во четврток, остајте и за луѓето во петок
Старфиш мислам дека до тогаш ќе им излезат новите колекции,нема веќе да има гужви и многу поубаво ќе си најдеш него ли сега.Може поскапо и со помалку парчиња него ли сега,ама барем ќе купиш со мерак што сакаш и што ти се свиѓа.И ќе си бидеш среќна
Во право си, се купува на многу на брзање, но јас обавезно пробувам, смешно ми е тоа идам земам тоа што прво ќе ми се допадне, а што ако не ми стои, или ми е мало, големо? Никогаш не ризикувам па ако сака и 2 евра нека е јас пробувам.Подобро 2 добри работи асални, отколку 5 неточни или да не ми стојат убаво. А гледам на нет за да знам што да очекувам Никогаш не одам со строг список слики.Имам само претстава, што и како има и каде, незнам јас наможам така да отидам без да погледнам барем од прилика. НО никогаш не се држам строго до тоа. И затоа од дома се гледа и се прави список што ти треба, барем тоа да ти биде приоритет за барање. Ако не идеш на помалку приоритетните И мене ми се десило многу често да одам да ја најдам блузата, пример ама да не ми стои, или да нема број, или да не ми се свија материјалот. Ама никогаш не оставам на тоа, роварам после по полици што вика Роси , и те како се наоѓа нешто-полни ќеси Од 5или 6 одења до сега ни еднаш не сум се вратила со полн џеб Ако ништо друго јас си наоѓам многу работи во Х&М, Зара често ме остава само со по маица две, затоа пул анд беар има доста добри работи. Сфера исто. Незнам дали е до мене ама верувајте никогаш не сум се разочарала ниту пак да не надам ништо, до мене е да е изгледа И јас најверојатно ќе одам на почеток на Фебруари, сесија ми е до 31 па на 1 или 2 ќе одам релаксирано
Бев вчера и само се уморив шетајќи купив ного малце работи пошто ништо не м исе свиѓаше,палто од ЗАРА од 90 евра на 66 беше намалено и неколку кошулки,маички,хеланки.Најмногу што беше намалено беше скафандерот што го земав од 100 евра на 50 евра па сега вие видете дали вреди да се иде пред два месеца кога немаше попусти преубави работи имаше дури и со нормални цени,а на попустот нихде ги немаше тие што ги купиев пред тоа. Друг пат не чекам попуст за џабе и да се изнервирам после тоа кога ќе видам што има нзи продавниците
девојки каде можам да ги најдам овие "чизмички" и по која цена бидејќи утре одам со мајка ми за солун
Ги има на повеке места, со сигурност ги видов на Цимицки, втор дуќан гледано од плоштадот Аристотелис (од другата страна на улицата е H&M). Цената ако добро се сеќавам беше 24Е. Ако бараш оргинал, има во Космос 100-120Е. Ако одиш во Солун утре, легни си, треба да си одморна за шетање