Јас се изнакупував, дури и повеќе од планирано. Не отидов за шопинг (т.е за технологија шопинг бев) ама колку многу облека изнакупував.. Има многу попусти и многу избор, уште колку парчиња ми останаа така некупени заборавив каде треба да се вратам, демек јас прво ќе гледам па ќе купувам. Само во Космос бев и купував џемпери за смешни цени од максимум 10евра, капут од 15евра, оние капутите без ракави незнам како се викаат по 20евра, маички по 5-6-7 евра, ташни до кај 10, аксесорис по 3-5 евра.... И убава спортска опрема има на намаление во најк и адидас, не се пак ефитни, ама се мноооогу намалени. Дуксер што кај нас во адидас е 5000-6000 илјади, јас си го земав за 40 евра. Патики исто за 80.... За мојот стил оваа сезона попустот е одличен.
Има добри работи сум била неколку пати но кога подобро ќе прошеташ и ке гледаш има слишни работи како и кај нас во Македонија па кога ќе размислам зошто да трошам во Грција кога можам и овде. Цените на некои работи се поефтини но на некои и многу поскапи.
И јас бев денес и сум задоволна-горе-доле најдов тоа што имав видено на интернет, а особено бев изненадена што имаше броеви и од штикли(36.37.3. Во Зара штиклите се од 20 до 30 евра и стварно има многу убави, во Бершка, Страдивариус од 10 докај 25, фармерки 15-20 евра, блузички исто толку и поевтини, зависи од моделот секако. Не очекував којзнае каков попуст бидејќи сепак зимската колекција е поскапа од летната, а се што сакав си најдов. Ова најмногу се однесува на гореспоменатите продавници во Космос. Во Центарот отидовме дури накај 6, ама ништо не работеше, така било во понеделник и среда, само сабајле работеле. Гужва воопшто немаше, а и тие неколку луѓе што беа, беа Македонци Уште малку и одам пак, па ќе напрасвам споредба.
Јас каснам ептен, сигурно веќе си таму ама нема да ги промашиш капутите никако. Секаде има и секаде се на огромен попуст....под секаде подразбирам оние Бершка, Манго, Пуленбер....оние попристапните кај што повеќете од нас си пазаруваме. За оние поелитните незнам, не влегував Ајде пак коа ќе се приберете денес пишете дали оставивте нешто. Јас планирам да идам пак
Јас ќе одам на 21. Може ли некој да каже што бил дали има попусти? Многу луѓе отидоа денес на 19. Ако знаете некој што бил пишете како поминал?
Блазе тие што си купиле се`.... Јас бев на 17ти.....Имаше попуст дефинитивно поголем од овој кај нас, оваа година нешто потфрлија овие кај нас,али не е битно.... Јакни онакви како монтки,ама со каиш на половината како малку да светкаат имаше до 39 евра во Бершка, Страдивариус, ПуленБер,тајлиВеил(јас ова вака си го читам иако знам дека не се чита вака...).....капути и јакни дебели ама кратки по 39-69 евра во зара....маички по 5 до 10 евра во истиве продавници и во сфера исто...балетанки по 20 евра во зара.....сите фустани од минатава сезона(односно целава година,ако сте ги гледале на нет) во Х&М беа по 15,99 евра....буквално сите и имаше броеви од 36 до 40, веројатно и поголеми,ама мене ми требаат овие...36-38....хахаха.....потоа имаше фустанчиња, онакви како тиролки што може да ги носиш на холахопки, хеланки, фармерки по 9,99-12,99 евра...фустани уз тело исто по 12,99-Бершка, Страдивариус, Пуленбер....имаше и по 9,99 исто така...кожњаци по 15-25 евра....палтенца во тајли вајли по 15,99....ташни во Х&М по 10-19,99 евра...(овие може да ги спуштат уште, зашо за таа цена изгледаа доста пазарски искрено...)....друго што видов....ммм, кошулки во страдивариус по 7,99 евра....џемпери по 10-20 евра....имаше значи попусти од 20-50%....работите што ќе ги донесат кај нас(конкретно во евроазија), ќе бидат два пати поскапи од она што се сега цените во солун,па во однос на тоа се исплати....90% од работите што ги има на интернет ги имаше и по продавниците....и тие што носат С имаат во секоја продавница од се` бројче .... ако ми текне нешто др ќе ви напишам пак.....еј и имаше мн мн гужва...еден куп македонци во вторникот......и продавниците затворија накај 15 часот....потоа бевме во космос и таму имаше повеќе гардероба, отколку во центарот( но ова ништо не значи, бидејќи пред две години бев во солун баш на 19ти и ситуацијата беше обратно...така да...) е и во Аксесорајз се` беше на 50% попуст...не само еден ѕид како кај нас...хахаха позззз и сите што ќе одат да си купат тоа што си сакаат...
Имаше денес гужва, ама не онаа страшна да се тепаш и бориш со жени Ок си беше, најнормално, на граница имаше околу 4 автобуси мислам. Има броеви од речиси се, освен фармерки (S, M тешко да се најде), од штикли може исто така да се начека и има стварно убави модели и интересни бои. Блузички како за излегување послабо, накит исто, ташнички така-така. Мислам најголемата гужва дека беше во Тели Веијл, преполно беше, ама и има фармерки, маички, фустанчиња. Х и М имаат исто добри фустанчиња и тоа за 15 евра. Манго речиси се е разграбано, прилично без врска работи се останати, колку да се купи нешто. Зара има добар попуст на штиклите, а и избор. Страдивариус да не речам ништо нема, доста слабо. Ете толку ми текнува за сега, кој оди деновиве убаво да си помине и да не заборави да направи прошетка на кејот ако денот биде толку убав и сончев како денес
Јас веќе неколку години по ред одам на 27 или 28 и стално купувам многу, има и избор и броеви. Така да сигурно ќе си најдеш нешто
Здраво девојки, ме интересира во колку часот отвораат продавниците на Цимитски, во 8 или 9? Не видов да има некој пишано претходно, поззз до сите и имајте убав шопинг
Здраво дечки Само сакав да ве прашам дали има посебна outlet продавница на Манго или истите оние парчиња што ги гледам на www.mangooutlet.com можат да се најдат во нормалната Манго?
Јас бев вчера, и супер мнооооооооогу задоволна. Си купи се што планирав дури и повеќе. Гужва немаше многу, најмногу што чекав беше 10-15 мин. Зара има преубави работи, се изненадив што имаше и броеви. Си купив патики многу убави од Интерспорт за 40 и 60 евра, цизми од Tally Weijl за 9 евра, суќни од Зара за 8 евра, јакни од Бершка и ПБ за 30 евра, ташни од Манго за 17 евра и Страдивариус за 10 евра, ланчињата за 3-4 евра, четки за шминкање од H&M за 4 евра, маички за 8 евра, штикли од H&M за 10 евра, чизми кожни од Зара за 50 евра. И уште многу др. работи, ме мрзи да пишувам веќе . Иначе со Савана бев, супер се. Малку касневме за враќање и одма ни вртеше водичот за разлика од Еуролине( прехлани ни кидна, моравме со такси да идеме до Јамбо). Прашувајте што ве интересира.
Пазете .....се случуваат опасни кражби....на внука ми некни во Солун и го украдоа новчаникот со документи и картичката за пазарење.....сега си отвори главоболка...трча низ банки,пријавува изгубени документи....
Леле да... внимавајте на кражби, очи широко отворени. Секојдневно таму се случува да ограбат некого. И тоа госпоѓи дотерани, да не можеш да ги познаеш... растур прават.
Кети ме интересира дали има капути дебели (црвена, жолто-крем боја) и дали има од оние сакоата во Бершка и Страдивариус,и која цена се? Цела година им држеа цена од 30 евра во страдивариус и 25 во бершка, па ме интересира дали им ги намалиле конечно??