Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. ketisk

    ketisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    148
    Капути не гледав ама мислам дека немаше многу чим не приметив. А сакоата се движат 20-25 евра, има многу убави, во сите бои.
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    А Кети, едно многу битно прашање. Што бројче носиш? :D

    И дали имаше така троа поголемки бројчиња?
     
  3. ketisk

    ketisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    148
    Носам М, ретко од што не си најдов број.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    јас исто бев со савана вчера и морам да признаам дека беше сончево и немаше гужви по 5 минути на каса.попусти имаше и бев задоволна си купив кошула 14е,маици со кратки по 3-5е,фармерки 20е,џемпери по 14е,фустанчиња по 15-20-25е,тренерки(долни)10е(од зара),капути имаше мн. во Зара,бершка,пул анд беар,тејли вејли.Најмногу се израдував бидејки имаше голем избор на балетанки во Зара,маркс енд спенсер,хм,но во една продавница имаше цел ред црни балетанки какви сакаш.Јас купив еден пар,а требаше 2.Задоволна сум али ако даде господ (и мајка ми) ке идам пак за 2 недели.инаку имаше бројки од кондури,али М од алишта се наогаше така-така
    инаку кети кое седиште беше?

    инаку водичот ни беше од савана и стварно иако касневме ни ѕвонеше и чекаше
     
  5. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Бев во Солун во понеделникот на 16 и имаше баш убави рабити .Мислам дека во страдивариус имаше највеке попуст и баш убави работи но помали броеви .Имаше убави кошули по 10е по 14е во Зара имаше блузи по 4 -5 еур со кратки ракави. Но овој пат во Зара некако имасе помалку избор или мене така ми се чини а за деца во H&M имаше нај убави рабити и најголем избор . Мажот ми си купи чевли чиста кожа за 34 еур . Бевме и во MegaOutlet и имаше многу евтина спортска опрема . Си купивме скијашки одела за по 60 еур комлет панталони и јакни . Имаше спортски јакни по 19, 20 еур . Супер беше и направивме квалитетен шопинг
     
  6. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Ајде јас да не останам покуса да се пофалам.Значи бев вчера и преубаво си поминав,се вратив со полни раце(а и времето ептен ми се погоди,сонце колку сакаш).Попуст има.Јас од Бершка си купив преубави работи:
    2 пара сомотни панталони по 12.99 евра
    фармерки 15.99 евра
    дуксерка 22.99 евра
    маичка 4.99 евра
    кошула 19.99 евра
    плетена блуза 10 евра
    една блуза 8 евра
    и две-три маички по 10 евра
    А од ФутЛокер патики адидас 80 евра
    На граница не се чекаше многу,ама затоа пак на касите на Фришопот се чекаше и по 10 минути.
    Значи ептен сум задоволна според квалитетот и според цена.Кај нас има и повисоки цени за овие работи.Така да мои мили феминки тие што ќе одите преубаво да си поминете. :*
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    Абе вие сериозни сте?! Сакате да ви дадам дигитрон и среден курс на еврото да се прерачунате?!
    Финансиска писменост и жени увек не оделе заедно,ама ова е многу. Не дека нема да одам,ќе одам,ама ќе одам за кафе на кеј и туристички да се прошетам,ако даде вољата и изборот,ќе купам некој партал,а Икеа ми е задолжителна дестинација која секако е супер со цените,како и да ја вртиш,ама ваква еуфорија за партали кои чинат,да потенцирам 20 евра за чанта која патем не е посебна, сигурно има слична и во Скопје за тие пари,не заслужува мое воодушвевување и паѓање на гз. Да бидам конкретна,лани купив една на која чувството беше МНОГУ,МНОГУ,АМА МНОГУ МИ СЕ ДОПАЃА,ја сакам,ја сакам од Сфера и ради тоа плеснав 30 евра,ама да ви кажам ми се распадна,а онаа што ја купив за 800 денари од локалната продавничка која испадна и на делови кожена душата и ја извадив! Муабетот,дека марката и квалитетот си го носат своето не ви држи во тој случај. Ама једини испад ми беше тоа,си дојдов со 200 евра кусур,купив тоа што сметав дека вреди и треба и полици од икеа си купив,толку!
    Има работи кои се јадат,како 15 евра за фармерки,2 евра за маиче,5 евра за фустанче,да не може камион да те донесе,ама овие смешки,тренерки 80 евра.Дали сте во ред?! Татко ми последно ми донесе тренерки најк од една државичка кон западна европа,се на се го чинеле 30 евра на попуст и сеуште ги има во каталогот и се последна колекција пред новата да излезе...што да ви речам повеќе?!
    Мозок рамен како солунско поле! Не можам да се начудам,искрено не можам.
     
    На PufkaPuff, PinkPanterka, ljubam и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Факт е дека последниве две-три години попустот во Грција не е оној буквален попуст како што би требало да биде,или каков што е попустот на пример во западните држави.Не знам зошто е тоа така,но дефинитивно ниту летниот ниту овој попуст не можам да го споредам со еден летен попуст кој го начекав во една западна европска држава.
    И мене не ми е јасно каков е тој попуст на пример во Тели Веил,на обична розова зимска блуза,дури и средно дебела кон тенка-цена 10 евра.Па добро ако на 70% попуст е 600 денари,зарем за тоа блузиче некој ќе дал повеќе од 1500 ако не била на попуст.I don't think so.Баш се изненадив,иако не ни очекував некој посебен попуст или да се вратам натоварена,затоа што минатата година на зимскиот попуст се вратив едвај со една ќеса.
    Ташна ми се допадна од 20 евра на попуст од гореспоменатата продавница.WTF?
    Единствено што ми се допадна е попустот во H&M,и од таму си купив неколку фустани по цена од 7 евра,а и детската облека таму имаше добар попуст и убав избор.
    Ако дечко ми постојано излегува од Зара со полни ќесиња,овојпат не беше случај.Немаше ништо посебно,или пак прашање на вкус,незнам.За другите продавници не коментирам,не ми остави впечаток ништо особено,а за попуст каков што треба да е овој со цени од 5 евра за убава блуза или кошула,или 10 евра фармерки може да сонува Грција.
    Ако не друго барем убава грчка баклава си донесов :)
    Проблемот е што се очекува многу,а реално,тоа го нема.
     
  9. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Ајде и јас да сумирам како сум поминала.Прво бевме во Cosmos па во Ikea. Не купив ништо посебно само едно блузиче од Sfera за 5.99 и комплет зимски памучни тренерки Адидас за 50e. Тоа беше се` што купив за мене од Солун. На дечко ми му купив парфем Lacoste esential 125ml за 48e. Бендисав едно мантилче, ама троа по дебелко, поставено, од Sfera 40е само што беше нешто извалкно, па оставив да го земам од центар, ама не ни остана време за шопинг таму. Сега ми е криво што не го земав ама тоа е тоа. Бевме само на гиро и на сладолед. Во глобала имаше многу работи ама сеуште не беа ставени на 70% попуст туку на 30%-50%, ептен ретко некое парталче со 70% попуст.
     
  10. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Скапо е бе луѓе стварно во последно време не е оној попуст 70%
    Затоа татко ми неќе да одиме да им фрла пари на грците :lol:
    Да видите што е попуст во Шведска во Линдекс, плаќаш едно зимаш две, 70% па некои на 50% што биле имаат уште 25% на истото.Стварно беше све на попуст ама па патот до Шведска е многу скап, а Солун ене каде е
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Ако гледаме на тоа, подобро до Кина да се оди, таму кој знае по колку денари е една облека
    сигурно 2-3, ама патот е скап :rofl:
    Ах бре девојче... ме изнасмеа
     
    На koritsaki, AnaKarenina, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. memory

    memory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    9
    Здраво девојки, честитки на сите за шопингот :D , ме интересира во центарот на солун дали некој бил, дали таму има повеќе облека?
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас можам да ти кажам вака низ возакање низ Cолун, сум гледала низ мали бутикчиња имаат убави работи, и баш и цени имаа лепено HAAA огромни :D , не беа нешто скапи работиве 15-20е
     
    На memory му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zelenkoOko

    zelenkoOko Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Da ve prasam so sto se odi od cimiski do cosmos?
    p.s jas idam nokeska pa ke vi kazam kako sum pominala :)
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    ^^ Работава е во Солуна грош сомуна, до Солуна, сто сомуна. :rofl: Ама арно вика девојчето, таму има огромни попусти, само пуста нека остане туѓината.

    Си чекам јас, да паднат цените. Можно е на 28ми да одиме, надежно. :?: Уште малку би пречекала, не купувам кошули од 15 евра и капути од 40. Ако е за така, капут од Макпримат ќе си купам, бар знам квалитетна чоја ќе биде. :)
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас па право да ви кажам, ниту сум била, ниту планирам да одам после некои муабети што ги слушнав.

    Прво последниве две години уназад откако секоја втора девојка од Македонијава оди на шопинг, солунските попусти не се тоа што пред тоа биле.
    И да бидам искрена, без навреда ама ова сезонсково шопингување ми изгледа толку како лечење комплекси тоа чудо едно, ејјј.
    Демек е срамота да се купува во Шутка, а не е срамота да се тепаш и да ровариш низ полни продавници, ама во Шутка купуваш обична неетикетирана кинеска гардероба, а онаа во Солун има некоја си етикета Х&M, Pull&bear, Zara, Stradivarius ...
    Исти курац друго паковање, а гледам ниту цениве не се нешто многу ниски и приступачни.
    Под приступачни мислам не се исплати да одиш до Солун за едни фармерки од 10евра и маички од 5 евра.
    Па и овде во ГТЦ и Шутка за тие пари можеш да најдеш но да нашиве овде не се од тие „брендираните“ за кои се оди.

    Баш вчера разговарав со едни пријатели кои секоја година одат во Солун на шопинг, биле претходнава недела испиле кафе, купиле некои ситници од Икеа, а од алишта ништо. Зошто нели попустот не бил попуст, и според нив човек да губи цел ден, да се мрцвари по комбиња не вреди, кога истите цени се и кај нас.

    Поминала добата на штикли и фармерки по 5евра, јакни зимски по 10, маички по 1-2евра, се опаметиле грчкиве застапници па си прават профит.
     
    На stetoskop и UbavkaBube им се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Се е во ред муабетот, се слагам со вас, ама не може да ме убедите дека се е исто.

    Моделите едноставно се поубави, посимпатични, поубаво лежат, за квалитетот не навлегувам. Особено кога станува збор за штиклите-моделот ете јас што го земав на пример и штo ги гледав таму, никогаш, ама баш никогаш не сум ги начекала тука (слични) ниту во Шутка, ниту Аванти, никаде, a кога би ги имало би биле со енормни цени, додека таму беа и по 600 денари.

    Кога би ги имало тука истите продавници и со такви попусти, секако дека не би одела дури до таму само за шопинг, ама кога ми се допаѓаат работите што сум ги видела на интернет, а се притоа и со нормална цена, не гледам причина да не отидам. Да, попустот не е каков што бил, ама барем мене лично изборот ми беше поубав, а цените исто како кај нас или пониски.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.988
    Пол:
    Женски
    Како можете да споредувате бренд со кинеска роба?
    Па дали сте приметиле колку смрди (да, смрди - не мириса) во кинеските продавници?

    Како може да е ист квалитет маичка од Шутка и маичка од Манго?

    Тоа е исто како да споредуваш капут од Макпримат и кинеско или турско капутче од Шутка :!:

    А и во Шутка 1500 денари биле. А тоа е 25 евра.
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Добро бе луѓе што очекувате од Солун? Гратис да делат алишта??

    Не велам дека попустот е како на времето |( , ама видете ја ситацијата околу нас. Нормално дека во Виена и Америка има толку големи попусти, па 3 пати повеќе луѓе живеат таму, економската ситуација каква е таму а каква на Балканот?

    Тргнувам од себе, јас не носам величина ХЅ модели со кои се полни рафтовите кај нас. Кога и да сум отишла во Солун сум нашла работи кои ми одговарале и со величина и со буџет ама сум имала органичување. Кај нас не сум нашла маички до 3 или 5 евра, не велат дека нема ама тие што ги има не ми одговарале. Затоа ваму сум ги нашла и тоа ми се допаѓа и затоа одам пак. Моделите повеќе ми одговараат, ми се допаѓа изборот на бои и модели. Квалитетот не е незнам ти колку подобар од ова кај нас, ама мене ме нервира кога гледам 50 девојки со истата маица било таа да е од Шутка или Манго.

    Ако знаеш што ти стои, што бараш, како да искомбинираш можеш да најдеш нешто. Ама ако идеш само за да дојдеш дома со 54 илјади кеси од кои секоја ќе биде од различна продавница епа нормално дека ќе дадеш многу пари. Па и во Скопје кога купуваме кој од нас отишол по маица со прерамки и се вратил дома само со една кеса?
     
    На ketisk и Allthatglitters21 им се допаѓа ова.
  20. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Од коментариве што ги прочитав се надевам дека сеуште има избор. Баш се загрижив.
    Тргам вечер па ќе ве известам. Само го жалам дечко ми што ќе доаѓа со мене хахаххаха како ќе ме истрпи не знам!