Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. shedevil

    shedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Еве и јас да пишам...вечерва тргнувам и утре ме чекаат цели 8 часа мрцварење. Прв пат одам во Солун и искрено последниве коментари малку ме разочараа. И јас не носам XS бројчиња и имам мал проблем што поголем дел од работите во нашиве бутици, едноставно не ми се допаѓа. Се надевам дека ќе најдам нешто таму, што нема да биде прескапо и дека ќе се исплати ова специјално одење.

    Се надевам дека ќе најдете добри парчиња и обувки... па споделете искуство подоцна ;)
     
  2. rebekar

    rebekar Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    26
    Јас бев на 19 и не можам да се пофалам дека се вратив со еден куп облека :( Не знам што вкус ќе имав ама ретко што ми се допадна (зборувам за работите што беа на попуст), па и не можев да си најдам бројче S или XS, туку имаше само L. Купив едни фармерки, фустанче, јакна и две џемперчиња.
     
  3. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    А девојки, дали со 100 евра можеш да направиш добар шопинг?
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Јас искрено одам во Солун зошто тука гардеробата не ми се допаѓа. Од Шутка, Елит и Еко несакам да купувам бидејќи робата таму смрди на кинеско. Ни Манго според мене не е добар бидејќи набиваат цени, а и материјалите не ми се допаѓаат. Јас конкретно одам за спортска опрема. На пример Nike и Adidas во Солун се многу ефтини. Можат да се најдат нов модел на патики за 50 евра. А истиот модел кај нас ќе дојде за 2 месеци и ќе биде 100 евра. Патики 100 евра? Е тоа богами неможам да си го дозволам. Утре ќе одам и се надевам ќе најдам нешто.
    Peach Girl незнам што сакаш да купиш со тие 100 евра? на пример ќе се изнакупуваш џемпери, маички, балетанки (ако идеш за тоа доволни ти се 100 евра) :D
     
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.969
    Шопинг во Солун?

    Да,ама не специјално да одам да „шопингувам“ ,туку на враќање од одмор,уз пат што се вели.Ако ептен нешто ми падне во очи ,ок,ако не по едно кафенце и сликање и ајмо децо куќи.

    А ова,специјално да „штедам евра“,да одам по патишта на овие минусни температури,да изнесувам евра од

    државата(кои се економисти по професија ќе знаат да го истолкуваат терминов),не ,благодарам.

    Па има и кај нас бре луѓе и модели и квалитет и попусти и големини ,само ете останало она прашање„Од кај го купи ,ма, ова ,многу ти е убаво?“ и одговор „Од Солун ,ма,да видиш што се си изнакупив“

    Ова е мое мислење и убедување.Со среќа да си носите се што сте си купиле или допрва ќе си купите. :hai:
     
    На drugarka и najubava2010 им се допаѓа ова.
  6. LovelyMoments

    LovelyMoments Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки...
    Ме интересира дали некој може да ми каже дали на Цимиски што е улицата може да се најде квалитетна спортска опрема Адидас или Нajk или да се чувам за во Космос? Благодарам однапред, ваљда некој ќе ми одговори пред да тргнам :D
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Некои работи ги има таму, но ги нема овде, точно.
    Но сепак постојат супститутивни решенија сигурно за еден пар штикли нема да мкнам толкав пат.
    Е сега моделчињата, што знам јас од сета солунска гардероба што сум ја видела ништо не ми оставило некој вау впечаток, се било просечно, со тоа што тие таму се од ХиМ а овие овде Миспоетри, да кажеме.
    Меѓутоа твое право, твоја желба.
    Ауууу е со ова ама ич не се сложувам, поготово не со делот Макпримат.
    Не би да разглабам, не би да ве разочарувам, само едно ќе ви кажам не ги перете, или исперете ги еднаш и ќе видите што квалитет носите.

    Друга ствар и Манго и нему сличните бреднови се шијат во потполно истите услови, како и гардеробата што ја гледаш низ бутичињата. Никој не спомна строго кинески продавници, туку кинеска гардероба каква што е 95% од гардеробата во скоро сите продавници за конфекција.
    Не се занесувајте Манго, Танго...ако сакате квалитет подобро купете Стружанка, Викна Виница отколку некои извикани брендови.

    Не би да паметувам и даље, со среќа девојки, убаво да си поминете, да се изнашопингувате и да си најдете се што сакате.


    Бај да веј Дузи ѓубретарка побара ли во Макпримат, знам мајка ми лани или прехлани си купи црна од таму. Е сега пошто она таму работи незнам дали ја земала од македонскиве продавници или од тоа што шијат за извоз. Ако сакаш ќе ја прашам, да не имаат моментално такви?
     
    На PufkaPuff му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Во Солун можат да се купат и многу интересни работи за јадење и за во кујна што ги нема во Македонија. На пример слатко од костени, слатко од зелени ореви, сируп од трендафили, вода од рози... и други мњами работи :P
     
    На shedevil и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Јас одам години наназад, и не само во екот на попустите, туку и преку годината, и сум многу задоволна.
    Во екот на попустите се враќам со кесишта облека, и ретко да купам некое маиче од тука, се до следниот попуст таму.
    Не се замарам со политичките прашања или патриотизмот, бидејки секој си прави како му диктира личниот интерес, можностите и џебот, а покрај се, можам слободно да кажам дека девојките кои работат по продавниците се 100 пати поуслужливи и коректни отколку нашиве мо*ли, а имам и пријатели во Солун, такашто Солун ми е одлична дестинација, било за шопинг, било за мириз на море и тазе печени краосани.
    Што се однесува до квалитетот, во 90% од случаевите, владее правилото колку платиш толку добиваш( во оние 10% ќе го сместам НЕквалитетот на скапо платените парчиња, за кои жив пример ми е облеката на некогашниот број 1 лидер во женската тинејџерска облека phard, каде плаќав за нула квалитет), додека пак дури и наејфтините маички кои ги имам од Bershka по 1.99 се во одлична состојба и после 5 години континуирано носење и зиме под џемпери, и лето секој трети ден.
    Имам обувки и некое парче облека и од Шутка, такада не патам од тој комплекс, меѓутоа основната разлика поради која Солун ми е на прво место, е што за 10 евра можам да си купам чизми, кои во Шутка се 1200, блузички по 2 евра, штикли 10 евра, и иако не паѓам у транс бидејки звучниве бутици по кои пазариме во Солун не се брендови, ама сепак едно е да носиш штикла на Zara за 10 евра, а друго е од Шутка за 1200, а и без навреда, мегутоа Шутка може имала маички по незнам која прифатлива цена, но да бидеме реални, никогаш нема да ги има модерниот вкус на облека, како што го нуди Солун, што се гледа и по самиот стил на облекување низ центарот таму и тука, и човек кој пазарел и таму и таму одма може да ја примети таа разлика на одредени парчиња и да увиде од кај се, навистина имаат друг шмек парчињата од таму, а и црното џемперче(прав маченик, го утепав од носење, во секоја комбинација речиси ми пасува), кое го купив од Zara пред 5 години, ене го си фура , во иста боја сеуште и без никакви флеки под пазувите или по бојата, и да незборам дека освен едни патичиња што ми остареа и обледеа (исто 4-5 години употребувани, било за школо, па дочекаа и факултет и накрај за во теретана),иако сеуште се нескинати, за друго ништо неможам да се пожалам, нема маичка што се распарала, капут, фармерка, штикла да се расипе, буквално се исти како при купувањето.
    Доста забегав, темава јасно кажува кој и е примарниот наслов, меѓутоа се осетив за компетентна , и сакав да дадам мој краток осврт.
    Од тука купувам ако ептен ми е зорт за нешто, инаку нема шанси, мојот буџет предвиден за облека си го чувам за попусти во Солун.
    Што се однесува до прашањето на peach girl, сосема доволни се 100 евра за една девојка, поготово ако одиш крајот на месецов- почеток на февруари, и за смешни цени како 10 евра штикли,7-10 евра патичиња, 5-6 евра фустанчиња шарени лелеави, 10 евра поелеганти фустани, фармерки од 5-10 евра, јакни скај 9 евра, ташни од 5-15 евра, рамбовки за 1.99, маички со апликации ,различен крој(со еден ракав, со ракавчиња, наназад спуштена, со машнички) и апликација за 1.99, накит(ланче, венче, прстен, алки)се за 1 евро, и мислам сувишен е секој понатамошен коментар, освен дека 100 евра ти се доволни, и затоа пали патиките и за недела дена правец Солуна града!
    Се додека се овие услови, јас ќе си држам до мојата дестинација за шопинг, и не би ја мењала за овие астрономски цени во градов (вклучувајки ја и Шутка,која ептен претерала со цените последниве години).
     
    На Fantazy, Marcey, PeachGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не е лечење на комплекси одење во друг град држава за шопинг на попусти.
    Си постојат градови кои се познати по тие попусти. Ете за нас тоа е Солун, исто и за Србите кои ги има можам да кажам повеќе и од нас и Бугари одат доста сум приметила. Хрватите знам идат Виена. Во Шпанија познати се попустите во Барселона, па од соседните градови идат таму. Минхен е во Германија.
    Значи секој сам знае како да си ги троши парите.
    Некој сака да купува нови колекции и на тој начин функционира.
    А некој штеди и си купува на распродажби и попусти и за нив не е проблем патот за да купат повеќе.
    Ако гледавте вести пред недела дена полно продавници во Скопје се соочуваат со казни бидејки имаат лажни попусти, а за +800 денари и 3 саати пат имаш распродажба во вистинска смисла на зборот.

    Иако секогаш исти муабети има мрцварење е патот, напор е брзиот шопинг за 7 часа, изборот на облека се повеќе се стеснува бидејки убавите работи си ги купуваат и пред да почне попустот, поскапа е зимската распродажба од летната секогаш и всушност останува на крај тој што има пари ќе си купи се што му се допаѓа дал е нова колекција дал е попуст. А тој што сака да помине поефтино му остануваат парталите ефтини џемпери што секоја година истите ги има на распродажба, ефтини блузи, јакни "кожни" итн.

    И морам да кажам дека не се согласувам со тоа дека квалитетот е подобар во грчка. И тоа е кинесно.
    И од изборот за овие попусти годинава морам да кажам дека имаше најужасни материјали. Капутите беа срање во боја бетер и од Еко, повеќето значи, боље се нашите капути од наше производство во Македонија. Фустаните на спавачи личат, блузите растегливи никакви.
    Се полоши и полоши материјали користат.

    Нека ни отворат во новиот трговски Зара зашто мене за мој стил, кежуал, облека за на работа најмногу ми се допаѓа, Х&М, Пул&Беар и око нема да ни видат грците. Иако морам да кажам годинава во Македонијава почнаа порано попустите, може и ние за некоја година ќе се оправиме. Поголема конкуренција, понормални цени и подобри попусти.
     
    На AnaKarenina, WhiteAngel, Acerola и 2 други им се допаѓа ова.
  11. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Од истата причина што ја наведе Росонерка оваа година од Солун се вратив со кошула, џемпер и балетанки. Други години сум се враќала со по неколку џемпери, кошули, пар два фармерки, маици не се броеја и пар патики. Квалитетот им е многу опаднат и моделите се ужасни. sale знаците лажат мислиш 50-70% попуст а тоа нема врска има некои 30-40%. Се надевам дека пак ќе одам.
     
  12. suze11

    suze11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Порано било подобро да се иде во Солун, сеа секоја втора девојка идела и тоа било тапа ??? Хахаха.. девојче во тебе е КОМПЛЕКСОТ, не во другите....

    Јас незнам што поефтино очекувате.... палта 10 евра, капут 16 евра, фустани 7 евра, џемпери 7 евра, штикли 10 евра, патики 25-35 евра НАЈК, ракавици 3 евра, маички 3-4-5 евра, фармерки 10евра, дуксерчиња 10-15 евра, шубара 5 евра....


    Незнам што очекувате се да биде 1 евро ??
     
    На Rubiii и Nine25 им се допаѓа ова.
  13. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Ние бевме и се вративме јас сум многу задоволна од мојот шопинг И покрај тоа што бевме со две мали деца (5 месеци и 2.5 год)си поминавме феноменално.Бевме JUMBO нормално поради децава бевме COSMOS IKEА и едни пријатели ни препорачаа да го посетиме CAREFOUR oд што јас бев презадоволна. Си "исшопинговав" и повеќе од планираното и плус времето ни се погоди и децава беа супер :clap:
    Јас сум задоволна ;)
     
  14. jasmin17

    jasmin17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Сузе може ли да ми кажеш каде во Солун ги има овие цени?Во центарот или во трговските? Планирам да идам и каде може да најдам Најк тренерки за 25-35 евра? :) поздрав
     
  15. PufkaPuff

    PufkaPuff Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Се сложувам со се што имаш напишано ``најубава2010``.....без разлика што тркнав до солун мислејќи дека ќе купам и за мене и за сестра ми бог знае што и нормално со 100 евра се враќам само со 5 работи....при тоа не знаејќи каде попрво да влезам, тука барем знам каде да отидам и истите пари би ги потрошила...а дека во Солун е се поквалитетно?!?!?!?! тоа тешко......нека не ве лаже ѓаволот дека ако е од бершка, Манго или не знам од каде, е квалитетно....врска нема, јас морам на раце да перам се`, за да не се оштетеле алиштата....мислам аман....мислам цел ритуал е тоа....и точно дека капутите и јакните и фистаните беа поефтини како цените што ги наведов но далеку од тоа дека изгледаа убаво.....само до некаде пристојно, одредени модели....брендовиве не чуле за постава на сукња или фустан....
    како год, кој кај сака нека купува,али шетајте и кај нас..низ градов има доста места со поефтини алишта и поскапи (што не значи дека се поквалитетни, доказ за тоа се и капутите во нашиве продавници а и чизмите од пеко и алпина кои на необлечено се одлепија, едните, а отпараа другите)........;есто се случило да блуза од 700 денари нoy нејм, да има подобар состав (памук материјал) од некое срање од манго или бершка..мислам....само треба шетање...:D...(i добро the basic....пари)....
     
  16. Natasha240

    Natasha240 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    znaci samo sho se vartiv od solun i UZAAAAAAAS bukvalo uzash nemozev ni edna maica da si najdam . sum citala na forumov mi se falele lugje i aj sea otidov ko demek na matura da se vidi shto kakko covece 1 svecen fustan sretnav vo kosmos duri i najskapite raboti suri i novata kolekcija e grda, a shtiklite pak od vremeto na tito
     
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Дали и по Скопје ( и др. градови, секако) излагате на шопинг со 200-300 еур?
    За тие пари тука 5 пати ќе се облечам од глава до пети :)
     
    На SexyPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Види, дали парчињата се грди или убави, тоа е веќе прашање на твојот личен вкус.Но, дека во Солун има голем избор за сечиј џеб-тоа е факт.
    Немој да ми кажеш дека во Скопје има поголем избор и се си наоѓаш,за разлика од Солун ,,каде штиклите се од времето на Тито,,?!
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Цело време читам штикли по 10 евра, штикли 10 евра... КАДЕ ВО СОЛУН???
    Сум била два-три пати во Солун при крај на попустите и штикли по 10 евра не сум фатила никаде....
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Имаше во Бершка, црни и кобалтни салонки(може и други, јас овие ги начекав), за точно 9.99евра.