Во ZARA! Поради анонимноста нема да ги сликам и да ги ставам, сум купувала римјанки преубави за 7 евра, штикли за 15 евра.., а најубавите сум ги купила за 9,99 од Зара на Цимицки и нема некој во Скопјево што не ги бендисал последниве, од девојки со најутка вкус до најпицнати девојки! 15ка штикла- феноменални се, и пред се страшно удобни. Во BERSHKA! Ги купив за 12 евра (ова и погоре, се цени на попусти купени и тоа при крај на попуст), исто на Цимицки, таа продавница на Bershka што има и долен спрат, каде стојат штикли и ташни. А за мој вкус се преубави, дополнително се изненадив кога ги видов дека ги има и една попозната девојка во Скопјево, која е перфектна во облакање. А совет е да барате, по рафтови, под рафтови, под капути доле, обично таму се сместени штиклите во Зара на попусти, иако има и големи полици со штикли и обувки на попуст. И дај ве молам, како ова, како она, се нешто демантирате, вадите коментари од кај ова кога нема и сл...Јас кажав мое досегашно искуство, а ако одите прв пат или втор пат, нормално е да не сте уходани во барањето, незначи тоа да се чудите, да демантирате и да настапувате со негативни коментари.
Јас со години одам во Солун ( последните 8 години) и точно е тоа дека попустот не е тоа што бил ама сепак има поубави работи од кај нас. Вчера бев и немаше некоја голема гужва (или можеби не сум ја начекала, за моја среќа Порано кога сум одела за викенд имало тепачка за алишта) Како и некои други така и јас не начекав штикли и палта за 10 евра. Може не сум ги видела или пак немало веќе. Потрошив 100 евра. Си купив шубара, добри чизми за 30 евра кожни и јакна Niki за 60 евра. Не сум баш задоволна зашто нема многу добар попуст. И јас се согласувам со некој што пиша дека блузите од Бершка и од Манго морам да ги перам на рака за да не ми се уништат Ама затоа пак џемжерите од Бершка според мене се многу квалитетни. Пред 2 години си купив еден и до ден денес го носам. Не се рашири посло толку многу перење, туку ист остана.
Вчера се вратив од Солун и уште не можам да се соземам; што од патот, што од неорганизираноста на агенцијата и на крај, од изборот на облека. И јас тргнав за капут највише, као демек ќе најдам нешто што овде го нема ама...ЗР! Квалитет никаков, избор сведен на 2-3 модели..и бројчиња мали..па ало бе? Капут, значи капут за во зима треба да е конфорен и удобен а не со едно мрдање на рамениците да се претворам во Хулк! Страшно...не сум задоволна и се вратив со 3 блузички-сетови од Marks&Srencer и некои џиџи-миџи од Sfera..е, само на фри шоп ми се напраи ќеифот, си се изнакупував благи работи и парфем, аф корс А за капут и шубара, ќе си купам во Макпримат, барем знам дека ќе ми се исплатат парите....
Едно да ви е јасно убавите работи се купени уште пред да дојдат на попуст. А она што е лош квалитет, она што е фалс, она што е неудобно, џемпери стандард, обични блузи, фармерки е тоа е на попуст голем. Секогаш било така, само годинава кажав најужасни материјали, за разлика од претходните години оваа година апсолутно разочарана од материјалите. Од овие брендови за широка потрошувачка како најдобра и со повисок квалитет е само Зара, а Бершка прво место за најгрди материјали. Затоа и Зара е најскапа а Бершка е најефтина. Ефтините чевли кои беа по 10 евра а ги имаше Бершка, Страдивариус, Џенифер, Х&М... беа ѓонови, бетер од кинескине наши. Јас се нервирав што многу работи беа како од гз извадени Кај ги копат тоа материјалите бре, исгужвано, тоа не се пегла, сакаат мајка ми од дома да ме избрка. Ама тоа е она ефтино, убаво свиленко, кожно, памучно си е на 20% попуст. Колку платиш, толку ќе клатиш
Бершка и Страдивариус, ѓубре! Купови маици ко на пазар да си, гњуриш у куповите, маиците и џемперите мислиш од тоалет хартија праени, можеш филм да си глеаш низ маицата, кондурите расшутирани по земја по продавницата, исфлекани, прљави, џитнати десет модела чизми на куп па ти барај другата, па уште и ист број да се... Закачалки по под, партали, штикли, газење врз се... И нормално редица за каса 15 мин. Сто денари нека се, тие крпи за под од блузи не ги купувам. И демек "кожните" јакни ко кувани на 90 степена во машина. Купив по нешто од Зара, Манго и Дути, повеќе од одличен попуст фатив, се што ми треба најдов и се е под конец, неиздрпано и чисто, штиклите недопрени за разлика од тие во Бершка кои изгледаат како пет души да ги носеле пред тебе. Разочарана сум од Бершка и Страдивариус годинава, хорор е се. И не можам продавачките да ги заборавам во Бершка, некои напувани девојчиња што ги тргнале трите добри парчиња на другарките на страна и си зеваат на работа дури жените се тепаат и одат врз алиштата.
Била некоја до сега во Солун преку Сара травел? Ако била може да пише каква е услугата? А преку другиве агенции од прилика до колку саат се седи во Солун? Во колку саат се стигнува во Скопје...? Фала
Јас планирав деновиве да одам за Солун, ама се мислиме дали да одиме со кола или преку агенција, па ме интересира дали некој од вас има идено со кола, каква е состојбата на граница, прават ли некакви проблеми? Поздрав
Бев петокот и саботата и лиге нисто не најдов. Само едно прстенче што го меркав од лестоска во Аксесорис го начекав на пола дека ми беше скапичко хахаха не ми се верува до кој степен дојдов. Најмногу и со го земав да не си дојдам дома со празнио раце, да се рече сум се освежила со нешто. Незнам зошто ама за време на попусти ништо неможам да си најдам, се ми е безвезе...партали...а штом завршат и дојдат се нови колекциии...е тогааашшш се ми се свиѓа. Баш ми е криво ама што да правам, нејќам да земам безвезе партали што не ми се свигаат ,само ради реда, да се каже дека нешто имам купено по евтина цена...
Планирам да одам во сабота преку ПЕТ туристицката агенција бил некој преку ПЕТ?-пааа се надевам супер ке си поминам и задоволна ке се вратам
Јас бев со ПЕТ, вчера се вратив и не сум нешто задоволна. Како прво, автобусите беа нечисти и мирисаа; како второ, немаа никаква организација (ниту се читаа имиња за ред во седењето, буквално беше снаоѓање сам за себе) и како трето, ја променија турата т.е ни скратија време во Космос и не ни отидовме до Икеа.... Па ти види си како ти одговара, ако немаш уплатено, подобро размисли два пати.
Јас бев со Арбо Травел и задоволна сум ептен...со комбе мало бев 7 луге и сами се договаравме кај сакаме да одиме....комбенцето чисто убаво да ти е мерак да се возиш И сто е најбитно си најдов све сто сакав дури и малце пари ми беа сеа пак ми се иде
Во саботата бев на шопинг во Солун преку Kinissi-Minibus. Превозот беше добар, но шопингот слаб. Навистина се чувствува кризата во Грција. Во брендираните продавници многу слабо се наоѓаат нови и добри парчиња облека. Ги немаат новите модели од постоечките трендовски колекции. Навистина се разочарав. Може да се купи некое парталче но веќе се е празно, а новите пролетни колкеции се мизерија, немаат врска со каталозите од интернет. Штета, Грција ни беше најблиска дестинација каде можеше да се купи добра облека. Најмногу вреди да се отиде во Megaoutlet што е во близина на Ikea. Не ви препорачувам да одите на шопинг, веќе е многу касно!
Еве и јас да го изразам моето незадоволство од последниот шопинг во Грција. Не знам дали е до кризата или што е, ама јас ништо не можев да си најдам. Земав „ради реда“ некоја маичка, ама не е то ТОА. Јас кога сум идела на шопинг сум се враќала со преполни ќеси, ама овојпат стварно се разочарав. Во Бершка, Страдивариус, Х&м буквално се осеќав како да сум кај нас во Теранова. Па се прашував дали јас до токлу сум изгубила сенс за облекување па ништо не ми се свиѓа, или новиве колекции се тотална утка. Да не може едно асално фустанче да се најде бе. Сите памучни,растегливи, никакви. Штета, штета...
Девојки ај ако може некоја да ми одговори од тие што беа веќе на шопинг во Солун. Имено, ме интересира дали има попуст на облека за скијање односно пантолони и јакни и отприлика како се движеја цените и во кои продавници. Благодарам однапред.
Има во InterSport. Има јакни, панталони од по 50е а можеби и помалку, има и поскапи. Дечко ми си купи јакна од 200е намалена на 120е и панталони од 100е намалени на 50е. Се зависи од тоа коллку планираш да потрошиш.
искрено се надевам дека ќе отидам,баш ме викна другарка ми и многу ми се оди ама да видам како стојам со финансии...
Сакаме со мајка ми да одиме на 4-ти или на 28-ми... Што мислите кога е подобро, со која агенција и дали вреди ??
Ту, ама се мислам дали да одам... Слушнав многу незадоволни луѓе од попустов, плус ве читам тука и се прашувам дали вреди да одам, или само ќе си потрошам пари време. А реално и тука почнаа многу снижувања на цените. Еве мајка ми купила два пара чизми по 800, кошули по 350... Не ми се оди да се вратам со три пролетни блузи. Едино за фармерки би одела, акцесорис нешто, чанти. Хм, хм...