Заборавив да спомнам дека на фри шоп имаше гумени чизми и добри штикли по 20 евра и УГГ оригинал за околу 150евра(ако воопшто некој сака од последново ).
Ме замисливте сега, а баш сакав да одам на 4ти. Којзнае што ќе остане до тогаш, но тоа е најбрзо што можам. Ако не се подновам (чисто се сомневам во тоа ) барем ќе го видам Солун наш и ќе пијам Старбакс
Ми закажаа другарките партија за сабота, 28ми Се подновив минатиот пат, сега ке одам поради нив и секако за децата тренерки ако останало нешто во Зара и Сфера ....
^^^ Незнам LejdiD кои се посаглам од агенцииве, јас со кола одам со години наназад. Прочитај низ темава, би требало да има препораки oд други феминки. Според мене подобро е со комбе бидејки помалку луѓе, помалку чекање...
Солун? Њет. Дефинитивно не, е мојот конечен одговор за сезонскиот шопинг. Како да одам, после толку негативни критики и искуства? За промена, одам во Софија. Па ќе направам една споредба после.
Јас планирам оваа недела да одам до Солун, ама најмногу по детска гардероба. Од Зара имам купувано, ептен ОК се покажале работите, (не ги купив на попуст, беа нова колекција, а цените пак им беа многу ОК), ама ме интересира дали сега на попустиве се наоѓа гардероба за деца? Кои продавници прво да ги нападнам? И како се движат цените на гардеробата за деца сега, со попустиве?
Кога бев на 16ти имаше попуст околу 30% во Зара, сега би требало да е повеке. Што останало, ке видиме Инаку јас моите ги облекувам од Зара и Сфера, и ретко некое парче од H&M. Ако одиш во центар, купувај таму бидејки уште на 16ти детската Зара во Космос беше полупразна.
На попуст секогаш се ставаат најникаквите модели и тие што останале од летото-зимата и демек ајдее попуст, како не бе... Сегде е исто. Не сум била во Грчка на шопинг откако живеам во БГ ама знам дека и тука истото се прави кога има попусти. Баш вечер ќе одам со мајка ми да видиме што има по продавнициве, па кој доаѓаше на ракомет деновиве можно е ако шетал и да фатил некој попуст
Јас бев вчера преку Савана, за 100 евра си купив кожно палто, фармерки, две блузи, кошула, фустанче, шорц и чизми, така да прилично сум задоволна од мојот шопинг
Јас бев толку загреана да одам сега откако ќе ми завршат испитите, ама гледам не сте нешто задоволни Едино да одам да се прошетам и едно кафе да испијам. Две џемперчиња не е шопинг...
Колку е карта до Солун преку Савана и ако има преку други агенции ако може да ми препорачате бидејќи до сега не сум била
Женски, ај и јас да прашам. Не ми се одеше многу зашто сите и на форумов и општо се жалат дека попустите не се тоа што биле. Но, сега пак ми се оди и не знам што да правам. Има понуда од Охрид за утре, сабота, ама не знам дали да одам. Ќе најдам нешто или да си седам дома??