Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.579
    Софија ти е одличен избор за шопинг, пред попустите си земав џемперчиња од Зара - 7е и Пул енд Беар 10е и чанта од Зара 15е. Сега на попуст се сигурно и поефтини.
    Капути по 30-40евра од Страдивариус и Пул енд Беар, единствено што сеуште нема во Софија е Х&М, на пролет ќе го отвораат видов дека го спремаат дуќанот.
    Исто имаш освен гореспоменатите Маркс&Спенсер, Бершка, Тели Веил, ГАП, Њу јоркер и Теранова стандард, Некст(кои имаат прекрасни работи), Дојчман и Хјуманик- Две огромни продавници за чевли (брендирани и небрендирани) со супер цени (јас си земав Killah чизми за 25 евра од нова кочекција!).....

    Прибидејќи отидов ептен офф топик, за Солун сакав да идам чисто да се прошетам, да свратам до Х&М, може кога ќе се подоправи времево.
     
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    ССК ПРЕДЛАГА НОВА КАМПАЊА


    Наместо во Солун, шопинг во Македонија!


    Според ССК, има градови во земјава каде се изработува квалитетен текстил, обувки, кожна галантерија, мебел и тие можат да бидат промовирани како одлични шопинг дестинации


    Наместо шопинг во Грција, Бугарија или Турција, шопинг во Македонија. Оваа идеја треба што поскоро да се преточи во кампања, сметаат од Сојузот на стопански комари на Македонија, а таа е дел и од нивната Стратегија за економскиот раст преку развој на мали и средни претријатија што деновиве ја промовираа пред своите членови и македонскиот владин тим. Според нив, има градови во земјава каде се изработува квалитетен текстил, обувки, кожна галантерија, мебел и тие можат да бидат промовирани како одлични шопинг дестинации.

    Македонските викенд туристи од година во година се побројни и гладни за пазарување во странство. Тие масовно ја преминуваат границата, особено на нашиот јужен сосед Грција, кога се актуелни сезонските попусти кои што достигнуваат и до 70 %, а при тоа не штедат пари и трошат големи количини на девизи. Токму затоа, од Комората предлагаат силно раздвижување на економската активност што ќе резултира и до 25% зголемување на приходите по основ на ДДВ, а тоа е директно зголемување на државните приходи за околу 250 милиони евра.

    Според официјалната статистика на Министерството за надворешни работи, годишно милион граѓани ја посетуваат само Грција. Ако се одбијат оние што заминуваат на годишен одмор кои се околу 300.000, останува дека 700.000 се викенд туристи. Тие одат на класичен шопинг и купуваат се и сешто, како што е облека, храна, автомобилски делови и предмети за домашна употреба. Ако просечно секој граѓанин потроши по 300 евра, тоа значи дека има одлив на годишно ниво од неверојатни 210 милиони евра, како и директна загуба од 40 милиони евра по основ на ДДВ.

    Анализите потврдуваат дека Македонија, односно македонскиот пазар реално нема целосна понуда за основните животни потреби и затоа граѓаните намирниците ги обезбедуваат преку купување во соседните земји.
    -Проектирано на целиот регион, македонската држави губи 70 милиони евра по основ на ДДВ за стоки купени во земјите од регионот - анализираат во Сојузот на стопански комори.

    Според нив, пред да стартува ваква кампања треба да се почне со акција за пополнување на сите недостатоци кои ги има македонскиот пазар, особено збогатување на понудата од повеќе аспекти.
    -Со постигнувањето на зголемената понуда на македонскиот пазар ќе се постигнат и дополнителни ефекти, како што се создавање на нови работни места, збогатување на палетата на производи во земјава, трансфер на технологии и знаења, но и подобрување на конкурентноста на домашната економија - тврдат во ССК.

    Валентина МАРЈАНОВИЌ

    извор http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D9C555731008234E8AD634C9902FEFE9
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Нека има добар избор и прва ќе одам :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Дали некој ги запримети овие чизми???
     

    Прикачени фајлови:

  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас и покрај настојувањата да одам во Софија, отидов во Солун.
    Се додека не се среди ситуацијата со патиштата, Софија, поготово во зима, нема да дојде во предвид.

    Презадоволна сум , патем, од се што купив. Можеби едноставно имам среќа, ама со малку пари изнакупив работи и решив дека ми е доволно тоа што го купив, се почастив ручек и се вратив.
    Онака за инфо, купив капут за 10 евра. :)

    Друго, што сакав да кажам, е дека веќе шопинг по улицине не доаѓа во предвид!
    Златен Космос. Поголем избор, поопшутен шопинг и пониски цени. Ама требаше да видам за да се уверам. И веќе никогаш нема да се зезнам.
     
    На reki и Rubiii им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Старфиш сигурно беше во Солун? :D
    Не за друго една од ретките си која ја слушнав годинава да е презадоволна од шопингот, а второто уште побитно прва си што е позадоволна од Космос :lol:
    Браво за доброто око, со здравје да си носиш.
    Јас сеа откако направив тура низ Скопје, бидејки пред да одам во Солун не бев шетала повеќе од месец два, сватив дека сакам пак да одам во Солун, ми иде на нерви шопингот низ Скопје, не ми е јасно до кога ќе имаме најскапа облека низ познатите бутици и брендови кои на интернет низ Европа имаат каде каде пониски цени од Скопје, најскапа кинеска облека и лажен попуст во секоја продавница, ама баш во секоја.
     
    На reki и Shana им се допаѓа ова.
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Бев повторно вчера во Солун со другарките и супер си поминавме. Повеке ни беше за дружба отколку за пазарење. Имаше гужва и многу македонци.
    Си купив од М&С три кошулки со кратки ракави и едни панталони. На распродажба беа ама тенкички, таман за пролет ;) За децата купив по неколку парчиња исто за претстојната сезона од Зара.
    Едната другарка ништо не си купи бидејки беше тргната за шетање а другата си купи долг џемпер од Х&М, преубави кожени патики Nike од Интерспорт за 30Е, градници и некои ситници од Икеа.

    Проберено е доста од 16ти, скоро секаде има нова роба но сеуште се наоѓаат парчиња по 5-7-10 евра. Пак ке кажам зависи кој што бара и кој број носи. Мислам дека за млади и слабички девојчиња има сеуште роба.
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    И ние прошетавме до Солун, да не сме покусо :D . За жал, не го послушав советот на Шана да одиме во центарот (бев надгласана) и за гардероба бевме во Космос. Секаде веќе има од новите колекции, ама има и од робата на попуст. Во Н&М имаше фустанчиња за 4-5 евра, блузи исто, маички, џемпери... Во Зара уште има роба на попуст, исто и во Бершка. Има евтини работи таман за пролет, ама зависи кој што сака. Насекаде има штикли од 9,99 нагоре, ама како и за се, и тука зависи кој што бара. Имаше сосема ОК чевли, ама јас не сакам на платформа, па и покрај цената, не си купив. Има едно чудо балетанки во сите бои по пристапни цени.
     
    На reki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    До сега значи, од три години редовни шопинзи во Солун, вчера првпат се вратив со толку малку работи. Факт е дека овој попуст е најслаб, барем задниве години. Затоа и само 50 евра потршив на облека.
    До сега секогаш сме оделе во Космос. Овојпат, си викам ај да видам што има толку по Цимиски, и простете ми, ама се заебав толку јако, што веќе никогаш нема да послушам нечиј шопинг совет.
    Со сигурност ви тврдам дека изборот во Космос е поголем, таа една Зара, ни од далеку не може со трите мизерни продавници Зара на Цимиски. Н&М отвориле и во Космос, така да баш немам потреба од друго место.
    Балетанките од Зара што ги земав за 5,99 евра во Космос, на Цимиски беа 9,99. Пошто сум отидена на попуст да купувам, балетанки од 10 евра нема да купам, поготово затоа што во Скопје за тие пари има голем избор.
    Ако некоја ја интересира, ќе ви кажам дека за тие 50 евра, купив капут, фармерки, сако, фустан, кимоно, балетанки, чанта и накит. Првпат да потрошам толку малку, а да вратам дома асални работи.
    Мене не ми е поентата да отидам со 300 евра и да купувам маички од 20 евра, туку да изнакупам тоа што ми треба за малку пари.


    Едит: Од се, најмногу ми вредеше среќата од изеденото гиро. :wasntme:
     
    На macole и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Јас ќе бидам оптимист :) и ќе одам покрај критикиве и разочарувањата ,па ќе ка :call: жам што ќе најдам
     
    На reki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Бев, видов, ги наполнив кесите и се вратив. Задоволна. :)
    Прв пат одам Солун и денес се будам и викам „Сакам пак“. Навистина, можеби цените не беа претерано ниски, но за тие исти пари јас овде купувам кинеска гардероба. Барем, оваа што ја купив знам од каде е.
    Со оглед дека ве читав и слушав повеќе разочарување отколку задоволност од шопинзите, отидов само да прошетам, ако најдам нешто ќе купам, ако не, кафе покрај море и гиро за ручек ќе ми беше доволно.
    Низ продавниците не барав ништо, она што ми се допадна го зедов. А зедов доста работи. Задоволна сум бидејки за парите што ги потрошив добив повеќе од очекуваното.
    Со групата се договоривме да одиме само Цимицки и Космос бидејки за Икеа немаше заинтересирани.
    И подобро што испадна така: сите имавме доволно време за разгледување и бирање и сите што бевме во комбето се вративме задоволни и со полни кеси.
     
    На reki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ems13

    ems13 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Јас бев вчера во Солун и се изнакупував,многу сум задоволна од мојот шопинг :D
    Сите работи си ги купив од Космос и Икеа, на Цимицки ништо немаше дури и повисоки беа цените од Космос.
    Така да мој совет е да идете додека има уште попуст :)
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.984
    Допаѓања:
    4.764
    Дај ставете слики да видиме што и како..
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Да ви кажам право баш ме изненадувате, со оглед на тоа што пред некоја недела јас разочарана се вратив од Солун , од проста причина што немаше стварно што да се купи.

    Се прашувам, да не на почетокот ги криеле убавите работи , па сега ги изложиле?

    Гледам многу задоволни, па сомнителна ми е ситуацијава. Ми се разбуди желба да одам пак, ака ќе размислам :lol:
     
    На Miss-Independent и rossonerka им се допаѓа ова.
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Којзнае :D
    Јас се плашев да одам волку касно, од причина што мислев ништо нема да најдам. Ама имаше останато работи.
    Е сега, јас сум слабичка, па за мене секогаш имало броеви. А тие што носат М малку потешко, затоа што распродадено беше бајаги.
    И 38 број на чевли нема теоретски шанси да се најде! Или 36 и 37 или 41. Тоа е изборот.
     
    На reki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Многу индивидуално... Пример Маркс и Спенсер во Космос е мал дуќан и имаше само еден ќош со роба на попуст додека на Цимицки е на 4 ката е целото приземје беше на распродажба. Цените во Зара се менуваат системски по бар код така да може физички не била сменета цената на обувките меѓутоа неможе да се разликува цена од еден дуќан до друг. Влегов во три продавници на Зара, таа до Маркс и Спенсер, другата од спротива што е на 4 ката двете на Цимицки и во Космос. За децата испазарив во Зара до М&С а за возрасни од тоа што видов, највеке роба имаше во Зара на Цимицки што е на 4 ката.
    Јас сум повеке задоволна од шопингот на Цимицки.
     
    На reki и Lola-M им се допаѓа ова.
  17. jasmin17

    jasmin17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Ме интересира за продавницата "Zic Zac", дали е елитна или има достапни цени? :)
     
  18. M827

    M827 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Девојки, кој е за шопинг утре.. ни фали уште еден човек со тахи, за 1000 ден
    се трга околу 5 саат во cosmos сме во 10 по нивно време. одиш купуваш,за враќање, не е ограничено тргањето.. може да се направи компромис. кој е заинтересиран слободно нека пише :)
     
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Девојки, читав наназад и видов сте биле преку Савана.
    Бидејки Арбо немаат превоз преку неделава, дури во сабота, Савана имаат во среда и сабота за 800 ден.
    Јас најчесто одам со кола, ама сега неиспадна ништо, имам лошо искуство со Еуро лине и Далас унион, читајки ве, решив да одам со Савана, па ме интересира како им оди турата и колку сте задоволни?
     
  20. loveu

    loveu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Абе девојки само од Скопје ли има тури за шопинг во Солун??
    ако знае некоја ако има од Охрид нека ми пише,зошто јас сум од таму