Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас последен пат кога бев на шопинг бев преку Тера, ама они немаа нивен автобус туку соработуваа со некоја друга агенција и од повеќе агенции се собираа и одеа со таа агенција (само не можам да се сетам на името зошто не беше некоја позната).
    Дали е сеуште така не знам, но ако е со истата како и тогаш автобусот беше постар али дека беше топло ок поминавме. Сега со оглед на временскиве услови се надевам дека имаат обезбедено подобар автобус.
    Инаку турата беше центар, и после или космос или икеа по избор кој кај сака таму, ако некој сака и на двете места може пешки да отиде блиску се.
     
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Дали некој ќе сакам да ми прати во порака линк од каталогот на џамбо, никако не можам да го најдам :@
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Нема каталог :D
    Инаку сум била со Тера Травел неколку пати, и Ок се, а автобусите не се баш нови. И точно дека се собираат во еден автобус од повеќе агенции.
     
  4. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    уште неколку часа и ќе одам па ќе ви пишам како сум поминала.
     
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мојот шопинг во Скопје годинава беше многу поуспешен од тој во Солун :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    АА, јас на вас ви се лутам! :fubar:

    Нема избор?
    Празни рафтови?
    Мали бројчиња?
    Нема големи попусти?

    Значи апсолутно морам да го демантирам сето ова, јас само што стигнав пред некој саат. За 100тина евра многу работи изнакупив, вклучувајќи и фустани, и ташна, и чизми и панталони и блузи и џемпери. Мозокот веќе не ми бере што купив а што не, од 4 сум рипната. На Цимицки, продавничиња со накит по 1е, прекрасни работи имаше. Па широки плочки, па долго ланче со привезоче, море алки едно друго...

    Е сега, заклучив дека луѓето грешат во неколку работи.

    Прво, одат прерано, кога попустот е 20-30% затоа што мислат дека ќе начекаат празни рафтови. ПРАЗНИ РАФТОВИ НЕМА, многу нормално дека нема можеби, 10 броја Л, ама има 3. Ова ми е памет и за другпат, ќе си го чекам февруари, и после - напад. Работите што ги гледав онлине ги имаше и во продавниците. :D

    Втората грешка е што ги величаат сите брендови од типот на Бершка, Зара, Манго, дрн дрн, а ги игнорираат помалку ,,познатите,, продавници на Цимицки. Па купив две блузи за 3 евра од таму, еј, а баш се солидни, оноа за секој ден. Џабе стварно.

    Единствено што не си најдов беше палто, него јас сум си крива. Малку сум се угоила за празниците, па палтата што ми се допаѓаа не ме збираа. Броеви имаше, пак напоменувам, ИксЕл се наоѓаше многу често. Налет тоа, парите ќе ги инвестирам во некое палто од тука. :D

    Ние бевме 4 друшки заедно на шопинг и којзнае како се довлечкавме прво до комбето, после до дома. Сите што се мислите дали да одите или не, мој совет е да одите и да видите, со празни раце нема да си дојдете.
     
    На reki, WhiteAngel, SparkyAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  8. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    и јас супер поминав денеска имаше многу попуст
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Дали може некој во ЛП да ми пише број од агенција што вози преку недела до Солун за да ги избегнам гужвите што се во сабота? И колку пари чини превозот? :)
     
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Немало попуст? Немало броеви?
    [​IMG]
    Бев вчера. Бев и лани, но на првите денови од попустот. Разликата е неверојатна. Потрошив скоро исто, а купив дупло повеќе работи. Имаше бројчиња, чевли малку потешко се наоѓаа, но ако си упорен ќе најдеш. Откритието со Doozy ни е ΟΛΑ 1E! Знаете ли какви парчиња накит купив за 1 евро? Неверојатни! А јас пак си мислев во Accessorize имало попуст...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    А има ли убави работи , или партали ? :lol: И колку е тоа ефтино, кажете цена на нешто, фармерките колку се сега? :D Како за нас немаше ништо. Аххх грчка работа
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Бидејќи не знам кој како е со броеви, имаше ли избород облека со величина М и S, чевли 36, 37?
     
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Има, јас си купив две дебели џемпери, беа по 10Е. Си купив и фармерки, и тие беа 10 (и џемперите и фармерките од Bershka).

    Имаше S и M, чевли толку мали не гледав, мислам дека имаше 37 на неколку места, но сепак немаше толку избор како за облека.
     
  14. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Значи Солун одсекогаш било моето омилено место за шопинг. Не сум од оние девојки кои патат од комплексот "ова ми е од Солун", туку си сакам гардероба што знам дека ќе ја изнаносам (за квалитет и вкусови не дискутирам), да си пијам кафенце покрај море, да јадам гиро.. едноставно мерак да си напраам. Наречете ме ваква или онаква, тоа е. :) Во Солун идам често без разлика на тоа дали има или нема попуст, и се докажало неколку пати до сега дека НЕможе секој да иде и да се врати со преполни кеси алишта макар и во најголемите попусти.
    Зависи многу од тоа што бара да купи, каде бара и нормално колку сака да потроши. Затоа нели си се и различните видови продавници.

    Но да не должам многу. Оваа година бев на 19ти Јануари (а поучена од искуството од лани да не идам на овој датум, јас пак -.- .. ама испити имав и тоа беше единствениот датум каде коцките се склопија за да можам да идам), бев преку туристичката агенција Далас Унион, задоволна сум-секогаш идам со нив (турата е стандард .. Цимицки-Космос-Џамбо) и шопингот ми беше добар но не и одличен, можеби затоа што попустите не беа во полн ек .. Си купив доста работи, и не се жалам воопшто. Тогаш ми беше шансата, тогаш отидов. И неможете да очекувате дека зимската гардероба би била на таков попуст колку летната, сепак летните партали во Август се по 2-5 евра.

    П.С. Овојпат ме разочараа лошите материјали на колекциите, беа како картони .. подобро картон ќе купам и поубаво ќе ми стои дефинитивно :D
     
    На reki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    А ова е, каде поточно?? :wasntme:
    За следен пат....
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Под упорен подразбира ако седнеш, и од купче чевли, заедно со продавачката копаш. Она си реди, јас си редам, оп, две исти чевли, 39ка бројче. Ама си откопав многу убави чевли, еве сведок. :D

    Инаку, видов БАРЕМ 3 вакви продавнички ОЛА 1е. Ние скршнавме некако десно од Пул енд Беар, па право нагоре по тоа главното за шетање што е со плочки. Видов исто вакво ОЛА 1е од кај еден МкДоналдс маалку подоле. Една продавница АНЕЛ, од АНЕЛ две-три врати погоре исто имаше ова, ОЛА 1 е. Мене дури ми рече продавачката - Тејк а баскет, зш нели, почнав да грабам. :rofl: Поим немам како да ви објаснам, и ние малку дезоирентиранки бевме, повеќе на среќа ги трефнавме овие со накитот, ама затоа во последен момент стасавме во Зара, Бершка, а H&М мислам дека не ни го најдовме. Затоа после во Космос се позабавивме со овие дуќанчиња. :D

    Заборавив, броеви на алишта имаше, напоменав и во претходниот пост. За чевли малку тактика ќе ви треба, ама алишта се наоѓаа дефинитивно. :!:
     
    На reki и Oxymoron им се допаѓа ова.
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Има попусти и бројчиња, дефинитивно да, но некако многу ограничен ми изгледаше изборот (секако, ова е индивидуално, зборам за мој вкус и стил).
    Потрошив 210 евра, мегутоа и вратив бидејки штикли и сакоа планирав,а не најдов, и прв пат вратив.
    Земав дебел капут 30 евра, (немаше поефтини капути, секаде гледав), скај јакна 20 евра, чизми кожни за 30 евра (намалени од 80 е некогаш), 2 фустанчиња преубави за навечер по 12 евра, 2 ташнички по 10 евра, балетанки за 6 евра, римјанки за 7е, фармерки за 7е, 2 сукњи по 6е, јакниче за 6е, обетки за 2е, парфем за 5е, шорцеви за 4е, маички 4 по 3-4 евра, шубара за 4 евра и тоа отприлика мислам беше се.
    Ако лани сум наоѓала маички по 1.99, годинава ненајдов, и се стартуваше од 3.99 :D (зборам конкретно за Бершка), а џемперчињата беа по 10 евра оние со копченца, и несакав такви, други беа класика подолги со голема ролка, и беа по 7.99 ама некако крути ми беа, и неземав џемперче.
    За оние кои се мислат да одат, има избор на балетанки (црни, крем, црвени, со светки, со машнички..), јакни подебели со крзно на капата, ташнички (поголеми помали за смешни цени по 5 е докај 10 е), сукњи.
    Кошули послабо избор, маички послабо, штикли апла слабо, сакоа/пелерини/понча не видов.
    Меѓутоа и покрај нетолку изборот, сепак ке си најдете по некое парче, не е толкава оскудација во изборот, одете. :)
     
    На reki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shlag-so-jagodi

    Shlag-so-jagodi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Ме интересира дали покрај двата главни попусти во Солун (зимскиот и летниот) има и пролетен попуст... ??Сакам да одам на шопинг кон средината на март, годинава сум матурантка... ПА можам ли да најдам попусти тогаш? И кои се подобри продавници за свечена облека, дали знае некој :) Сакам да набавам добар матурски фустан
     
  19. reki

    reki Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    за пролетен попуст не сум чула дали има ние бевме во сабота и беше добро онака има фармерки од зара поарни онака од 20-15 е на попуст има броеви исти и од манго пролетни јакни скај 20 и 13 е во сите бои и вел. во страдивариус и бершка фустанчиња манго страдивар по 15- 20 е убави и малку по проверени во ХиМ за 5 и 7 е чевли слабо има или само оштетени останале се разбира на попуст е стара колекција но за наши услови и кај нас исти и сл работи се на дупла цена и мислам дека солидно може да се најдат добри работи капути нема избор мајчки од 3-4-5 е солидни се разбира новите колекции се прекрасни во зара манго и ХИМ барем ги видовме па можеби летово ке се на попуст па несто ке си купиме потрошивме 310 е за две тинеџерки и беше ок освен сто бевме уморни од трцање се да видиме
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    107.208
    Пол:
    Женски

    попустите со 50 и 70% се само во јули и сега овој попуст во јануари. во пролет само во неколку продавници можеш да најдеш попуст на колекциите од 10 , 20 до 30 % попуст повеќе не.