^ тренерките се топ цена, другото си е нормално. Јас од Зара џемперите од 8 до 10 евра на попуст ги купив, а кошули на попуст 5-10 евра. Како и да е, не е до Космос, не е до Грчката криза, финтата е секаде во Европа попусти почнуваат на 15 јануари. Не може грчка Бершка да донесе попуст на нова колекција. А истата пример во Србија, Бугарија, Хрватска да е со нормална цена како нова колекција. Џабе си правите бајрам на паметот и верувате на весници каде велат дека намалени се цените, може се намалиле на пиперки и патлиџани, ама не и на гардароба од европските брендови. Се знае кога има попуст. Иако може пред нова година да има попусти, не сум запознаена, кај нас лани низ продавниците имаше 10-20%. Ама тоа зависи од продавница до продавница. Еве пример видов на нет Њујркер има специјална новогодишна колекција, таа сигурно нема за нова година да е на попуст. Напротив ќе е поскапа. Ама затоа може нешто од септември/октомври што донеле да му смалат цена, логично. На ново не смалуваат цени пред да помине сезоната! 15ти јануари е датумот кога почнуваат попустите.
да да бев! конечнооооо!!! нормални беа цените, не беа нафукани али пак прифатливо беше имаше мноооогу убави работи, ама мнооооооооогу, аххх тој космос овај чекам следен пат да идам, најверојатно ке е или декември пред нова година или јануари на попусти.. ке видам позз
Девојки, планирам наредна сабота, 4 декември да појдам со шопинг туриве што се организираат... е сега, со досегашното искуство и куферите + во однос на летните попусти, некако ме фаќа страв дали воопшто е точна информацијата што простуи низ нашиве весници, за наводниот вонреден попуст... Не сакам да појдам и да се вратам со 2-3 стварчиња (не верувам дека било која од нас би сакала ), па затоа би ми било од корист онака површно да ми пренесете како се движат цените, горе-долу. Прифатливи во однос на што? На Tally, New Yorker, Евроазија кај нас...? Ко прво, не се во склад со колекциите, а за цените да не праам муабет... Што си земам во Космос на последна дестинација на попуст, кај нас го носат како најнови парчиња (согласно цените за нова колекција -.-) Знам дека зимскиот почнува на 15ти Јануари, а завршува на 15ти Февруари... ама па, не ми се чека толку ;/
Хммм во тој случај, во минимум загуба сум.. зошто, стварно со душа ги чекам август и февруари, а сега баш се загреав онака вон сезонски Доколку некоја од нас појде во меѓувреме, инфо + нема да е на одмет Поздрав девојки, благодарам.. Па, се гледаме таму! ^^
Јас бев пред некоја недела. Немаше попуст ама не е скапо. ВО бершка, зара, х‘м имаш џемпериџиња за 10 до 15 евра, фармерки до 25.. Сепак си го чекам ја Јануари за попусти
Кога е подобро да се отиде на шопинг,кон крајот на декември или во јануари?Планирам да одам,само незнам кога да биде тоа.
Па прочитај бе девојче секое второ мислење пишува, не чекај на готово се! Од 15 јануари се попустите. Во декември нема. Може некој онака 10% ако евентуално има предновогодишен. Али 50-70% е крај јануари и цел фебруари.
А што бидна сега со понудиве од нашиве туристички - као наводно, попустите почнуваат од 5ти, тура на 8ми декември (нели неработен, поради празникот) бла бла? Се работи за маркетиншки трик на агенцииве или навистина се спрема предновогодишен попуст...? Зошто, по логика - би требало да има.. :/
Јас мислам дека ќе има предновогодишен попуст, ама 10-15 %, ама не сум сигурна од кога почнува... Ако оди некој нека каже
Јас бев викендов,во Космос само...немаше никаков попуст.Си купив две три блузички од Страдивариус и Манго од по 15 евра.Многу убаво си поминав.Се изнашетавме,јадевме пиевме во тој убавиот кафич горе црвениот сакам да одам пааак!И многу е убаво украсен Космос целиот,и новогодишни песнички пуштаа.Народ врие,нешто невидено,јас прв пат гледам толку луѓе таму!Баш имаше убава новогодишна атмосфера!
и јас имам слушнато дека агенциите прават маркетиншки трикови за да одат луѓево. Јас пред 2-3 недели бев и немаше никаков попуст. Планирам да одам пак ама после 15 јануари, секоја година тоа време почнуваат попустите, зборувам за попусти во вистинска смисла на зборот. Сега може да има ама минимални и не ми се исплати кога во јануари за истите пари ке купам дупло повеке облека.
Па и мене ме копка истото... друго е во август - по пат накај дома се искористува до максимум, а сега да се појде на несигурни информации, и тоа специјално, а да не се најде попуст... -.- be my guest :/ По сите изгледи, ќе одиме во февруари...
Ме интересира дали има продавница Victoria's Secret во Солун? И ако има, каде поточно се наоѓа? Зашто планирам да идам во Солун за зимскиот распуст па да се информирам.