Материјали има во центарот кај Аристотелис плоштадот и тоа во делот помеѓу Цимиски и Игнатиа ,мислам дека тука во близина беше и пазарот и цените им се малку посолени за разлика од кај нас.Кога јас бев обичните материјали беа по 15 евра,а тие што мене ми се допаднаа 40. Изборот е голем и одвои си некои 2-3 часа за таму
Кога велиш "обични",на материјали мислиш што кај нас ги има по 200-300 ден.?Па тоа е мноооогу! Барам материјали какви што ги нема кај нас,поквалитетни,не тергал,жоржет што ќе ми избелат по неколку носења и сакам и различни принтови,па...има надеж или...?
јас си мислев дал да одам дал не . ма шо ќе одам има 468484974079997422 продавници во Скопјево наше а и евтини плус. ќе си се радувам тука скромно маичка 150-200 денари Све и свашта има по нашиве продавници има све да да се облечам од глава до петици има толкав бисер полн со продавници има трговски а да не зборувам што има и продавници кои не се во трговски и во бисер .Точно е негде е скапо но или ќе си соберам пари и ќе си купам или пак ќе си го најдам поевтино на друго место а и да не го купам не е крај на светот
Еве пресни информации , вчера бев Солун и навистина кој што сака нека зборува ама навистина се исплаќа да купуваш за време на распродажба ,а не како нашиве 'попусти' кога сите турски производи (кои воедно можат да се најдат во секоја втора продавница ) ќе се намалат за 100-200 денари. Имаше многу гужва сите грабаат , земаат иако не се целосно сите производи намалени.Си купив чевли 2 пара од Бершка едните 13 евра ,другите 17 . Фармерки од Страдивариус и Пулл анд Беар по 13 и 10 евра.Мокасинки за 8 евра, Фустанчиња од Бершка и ХиМ за 10 и 15 евра, кошула летна за 10 евра , сукња од Бершка за 4 а од Страдивариус за 7е.Џемпери зимски по 5е , капути по 25-30е, скај јакни по 20 евра,Бенетон блузички по 15е.Имаше навистна голем избор а по евтини цени , да не набројувам дека акцесорис во Хим беше по 1 и 3 евра ! Смешна цена , ефтини се а уникатни. И после ми се чудат зошто не купувам во нашиве чаршиски продавници , па за стотина евра ќе се дотераш целиот и ќе купиш 15тина парчиња гардероба што со тие пари кај нас ќе можеш да набавиш само еден пар чевли со неверојатни цени од по 2500-3000 ден. , еден пар фармерки и фустанче. А пак не зборувам за брендираните продавници во главниот ни град , кои што се всушност аутлет и ни ја продаваат робата по неверојатно високи цени за парчиња гардероба заостаната од пред 2 сезони.
А да не знаеш од кога се почнати попустите и до кога трајат?сакам да одам после 1ви август па да не е касно,да биде се потрошено
Попустите почнуваат од 15 Јули и траат до кај 15ти Август .Ако одиш после 1ви обавезно ќе го фатиш попустот и тоа тогаш ќе биде многу поголем , е сега што точно тогаш ќе биде ставено на попуст не можам да ти кажам затоа што постојано ги менуваат производите. Еве јас лани на 17ти Август отприлика тогаш бев и имаше фармерки, пантолони по 10 евра и повеќе зимски јакни по 20 - 30 евра на распродажба.
јас сакав да ги прашам девојките кои веќе биле таму Женски,дали имаше попуст само на летната гардероба? и дали воопшто имаше есенско/зимска? п.с прашував за хим,пул енд беар,страдивариус..)
значи попустите се во главно на летната колекција , а во некои продавници (јас бев во страдивариус и зара) има попуст и на зимско-пролетната колекција нели што веќе помина
Има ли автобуски тури за Солун од Гевгелија? Или некаде во тој реон? Затоа што можно е од 1ви да тркнеме до Дојран, ама колата на дечко ми не е на негово име, па за излез од граница има триста зафрканции. Поисплатливо би ми било од таму да одам во Солун, отколку од Скопје кога ќе се вратам.
И јас исто, сакам на 4ти да одам. Само сакав да прашам далу уште остана 800 за во сабота или поскапе и тоа? За гужва мислам дека ќе има сабота е сепак. Ако има некоја агенција до 1000ка за во сабота би ви била многи благодарна ако споделите информација со мене
Karo travel е 800 преска прашав. Јас сама ќе одам, сите ме откачија Јас сепакс е надевам дека нема да има толку гужва, дека нели 2ри е четврток, повеќето ќе си спојат и знаејќи дека гужвата е во сабота ќе одат во петок
И мене ми се уврти нешто у глава да тркнам до солун да видам што има. До сега никогаш не сум била,мислам на шопинг таму. Сакам да ги прашам сите оние што редовно одат: -кога од прилика излегува есен/зима колекција, односно мене ме интересираат чизми? -каде има квалитетни женски кондури/чизми... може и да се поскапи, ама навистина квалитетни? -што точно има на Tsimiski street?
Си работат они на 2ри нели? знам дека нема никаква врска празников во нив де ама да не си имаат нешто друго, да си се осигурам јас пред да договорам. Знам дека ќе има гужва, али тоа е, работата толку дозволува
Јас бев вчера, нема ништо, ама таман ништо не ми се допадна и се вратив со празни раце луѓеее па се нешто старомодно или па не е по мој вкус, јас не знам зошто така, од годините кога одам нема што не ми се допаѓа и сакам се да купам, а лани и сега оваа год. абе ништо нема, дали дека криза е па не ни праќаат убави работи, да се потрошат оние никаквите, којзнае
Обично има избор што да се купи,меѓутоа и тоа е индивидуално за секоја личност во зависност од вкусот и нормално стилот на облекување.. Јас ке одам таму некаде 6,7 август и ке видам што како има
Ќе може нешто подетално да каро травел, автобуси или комбиња се, како им е турата....и најбитно од каде тргаат
јАс со Каро сум била пред 3 години,и мислам дека за во сабота се со автобус сигурно. Турата им е таа алис, цимицки, Космос, и на враќање мислам дека џамбо. Се трга мислам дека од дрво декор, паркиногот кај Холидеј ин, сите од таму тргаат скоро. Еве ти телефонче јави се прашај ја ма да мислам дека не е сменето ништо. (02) 3232 022 Во капиштец се наоѓа. Јас ќе се јавам од понеделник или па ќе најдам некоја аганција што е во ценатар за да не се мкнам до Капишетец на горештиниве. Eдно прашање имам за сите добри познавачи на Солун или уште подобро ако има некоја што живее таму, дали во Космос има Сефора, или каде има во Солун Сефора или парфимерии кои држат козметика на Сефора, си наумив да си земам нешто ама не можам да најдам кај се наоѓа __ Бев вредна и се рачепкав по нет и најдов уште неколку агенции што имаат тури за во во Солун за Саботи.. ПЕТ -цена не пишува за жал, тел 3 22 22 01 тргање во 3 саат што е добро, зашто во 7-8 се стига таму,се наоѓа карши МекДоналдс во центар Делфина турс- цена 1000, поаѓање исто 3 часот, телефон 2 2460 299, Димитрије Туцовиќ 40 Скопје Стела-цена 800, тргање 4 часот, тел 2 32 32 590 локација 11 Октоври(во зградите кај автбуската станица од градска болница) И фалкон знам дека организираат до Солун.