Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805

    Фала ти многу, сега и јас да вратам :)
    не сум кој знае каков познавач на Солун ама знам дека со Космос има Сефора, си имам купувано, гарант има само незнам да ти објаснам каде е точно. На први спрат се наоѓа......ама да ти објаснам да идеш лево десно, ваму-таму незнам. Ама ептен е големо, нема да го промашиш, побарај си го на мапата
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Се што кажа Хипстер е точно, јас бев зимава, тргнавме со автобус од пред хотел Бристол(не Холидеј Ин) накај 3 вечерта мислам, до 1 шетавме на Цимицки, после Космос и кој сака Икеа :)
     
  3. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Јас демек на попуст ќе купувам али на крај пак си завршив со нови колекции.. Слабо од попустот само во Манго и Зара има добри работи, другото, подобро од новата колекција.
     
  5. Vodolija88

    Vodolija88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас денес се јавив во каро травел и ми рекоа дека не организираат шопинг тура за Солун во четврток :( , и прашав уште во 3-4 агенции и сите ми рекоа дека во сабота организираат само.
    Ако знаете која агенција ќе вози во четврток пишете бројче
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^ Водолија, во гтц на прв спрат кај киното милениум, одма до книжарата Tри има една агeнција они носат до Солун со комбе и со кола и преку недела знам дека беше поскапо доста 1500 денари мислам а за со кола е 2100.
    Да предноста е голема со кола посебно, со комбе нема некоја разлика , сум била и неќеше да не остави повеќе во градот, зашто една кокошка запна Икеа па Икеа,па неа моравме одма до Икеа да ја носиме па да се враќаме, и изгубивме во пат, ама сепак фин беше шоферот, сакаше да ни угоди, ама те се погоди кокошка.
    Иначе дечки ја само што се јавив во Каро и имам прекрасни вести.
    Јас сум згрешила, у право е фемина од Бристол се трга ама од 3ипол и добрата вест, во 8 саат е враќањето назад :rock:
    Тоа им била летна шема дека е многу топло е па и да се искористи, ама автобусот остава само во Центар па во Икеа и не се враќа назад што значи ако се симнете во Центар кај белата кула, мора со 3че да се иде до Икеа па малку пеш до Космос со такси сум била не се исплаќа 12тина евра е, а карта е помалку од евро.
    _
    Ла чика, имаш кафе од мене за мапава, не знаеш колку ми помогна за подoбра ориентација, алал да ти е :*
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Леле па многу е дури во 8, а и не ми се свиѓа што не носат од Цимицки до Космос. Ќе треба сега друга агенција да барам :D
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Не е многу не зааебавај, ќе имаш врме асално кафе да испиеш и да јадеш едно пола саат, саат, се на брање јадев и се удавував :D
    Мене ми се свија дефинитивно, ќе имам време повеќе продавници во Космос да свртиме и тамн дополнително уште пола саат само за Сефора.
    Јас секако у H&M останувам традиционално по саат, сега нека бидат 2 :rofl:
    Башка со 3ка, стои одма на постојката кај Старбакс а и тука се купува карти во трафиката на 5 чекора.
    Мислам дека за прва пат во сите одења со бус нема да брзам нема да трчам и ќе имам време и во Солун да се прошетам убаво некој саат.
    Мислам ти си знаеш, не дека те убедувам, ама мислам дека е топ до 8.
    Инаку мислам дека автобусот носи до плажа или така нешто беше, ма а да за тоа искрено нема да имам јас време
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    И тератравел има за сабота 800 ден беше лани, па ваљда и сега си е иста цена. Мене исто не ми се допаѓа тоа што Каро травел одат така, па таму уште плус замарање со други превози..
    Тератравел оставаа во центар неколку саати, па носат во Космос и Икеа, кој како сака и онака се блиску. Ако некој сака може да си подели време за низ двете :)
     
  10. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Е па вака, бев во четвртокот во Солун, на враќање од одмор. Прво бевме до Космос, има попусти, не дека не, но зависи што бараш.. има фини работи, посебно во Зара(иако има попуст, сепак не се најефтини) во Манго исто имаше доста избор и поефтини цени од кај нас... во Страдивариус, Бершка и Пул енд Беар имаше попуст до -50 и нова колекција плус.. се наоѓаа симпатични работи од 6-10 евра, патики и сандали околу 13-17 евра :) во Х&М имаше некој попуст на одредени работи, од 5,7,10 евра, исто и на одреден дел од долната облека која им ја обожавамммм. Значи се на се има убави ствари, зависи кој што бара, само треба време за шетање :) инаку имаше и гужва доста од локалните па има чекање на каса, гардероба... Добар шопинг девојки кој ќе оди деновиве :lol:
     
  11. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Дали знае некој од колку саат отвараат продавниците наутро?Утре рано тргнувам на одмор во Грција па сакам и во Солун на шопинг да одам како за прв пат :D
     
  12. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Мислам дека во 9 часот по грчко време, односно 8 по наше, а работат до 21 часот, ова е за на Цимицки улицата, а Космос мислам од 10 отвара до 21часот. Сепак провери го чичко Гугл за најсигурно :lol:
     
    На Mermaid90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vodolija88

    Vodolija88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Дечки дај вие што сте биле во Солун со кола, кажете отприлика каде има паркинг во центарот на Солун, и колку наплаќаат од саат.
    Утре прв пат ќе одиме со кола па се надевам ќе се снајдеме, до сега сум одела само со автобус
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.468
    Пол:
    Женски
    Сигурно поголемиот дел веќе биле за овој летен попуст, па споделете некоја информација повеќе за избор и цени.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Бев овој викенд т.е во четврток и петок (не прашувај како :D жив циркуз). Има се и сешто и се е на попуст. Маички од 5 еур па нагоре, кошули од 12 еур па нагоре, панталони од 15 еур па нагоре, фустанчиња летни од 8 еур па нагоре....имаше и нови есенски колекции со соленки цени а и цели купови гардероба подредени по 5, 6, 7, 8, 9 еур и по долго копање по облека, нерви и живци може да се најдат убави работи.
    Тук тамо имаше и по нешто зимско претпоставувам преостаната ланска зимска гардероба која беше за багателна цена. Дебели блузи за 10 еур.
    Зара и Манго беа тапа а Х енд М Сфера и Страдивариус беа по полни со гардероба. Зара хоум имаше многу убави попусти а квалитетни работи
    Ова за Космос.

    Икеа како Икеа, домаќински работи. Во памет ми останаа 1,99еур метални столчиња за на тераса :( немогуќа мисија да ги довлечам.
    Јамбо ми заврши голема работа со оглед на тоа дека имам 2 деца за крштевање па ги подновив со количка за 20 еур и релаксатор ( оној што може да се монтира и во кола) 30 еур. Гардероба исто така евтина од 5 еур нагоре, играчки....
     
    На Rubiii и sunfemina им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Очигледно зависи за кого како, јас скоро сите пари си го оставив во Зара.
    И од новата колекција имаше праубави работи, ама беа прилично скапи, но на попуст имаше преубави кошули, поубави него тие од Х&М со кратки ракави и со долги, оние што се свиленкасти и се прозираат од 8 до 18 евра зависи дали се со кратки или долги ракави.
    Во H&M имаше многу роба на попуст,но јас сум разочарана дека јас истите работи ги купив на попуст во Германија во април месец така да скоро се што беше не попуст го имам :( Инаку имаше доста кошулки за 10 евра и маички за 5-8.
    Имаше преубави балетанки, до кај 20 евра најскапите.
    И во Бершка и во Страдивариуз имаше купишта на алишта посебно Бершка беше преплавена од маички и симпатични фустначиња кои беа до 15 евра. Штикили имаше во Манго убави за 20 и 30 евра и имаше бројчиња,за разлика од Зара каде убавите беа веќе распродадени.
    Pull and bear ме разочара,истите џемпери и суќни од лани ги имаа,а и не со нешто различни цени од тогаш. Имаше интересни маички на брители 3 и 4 евра,малку поспесифични него од останатите продавници.
    Но нагласувам изборот во Космос е каде каде помал него во градот,скоро и да не се испати да се буткаш низ гужвите во Космос.
    Освен тие столиците за едно евро во Икеа за 1 евро имаше и масички за 5 евра,ама ако не си кола не се испати да ти тегнеш низ автобуси.
    Избор има, доста гардероба на попуст, само и сабота многу гужва во продавниците.
    Преку недела мислам дека е подобро за шопинг, сигурно има помалку луѓе, барем Грци.
    А и заборавив да кажам, за сите што одат со автобус преку агенции, да не одат со Каро травел, зашто автобусот им беше раскапација, сеуште се чудам како стигнавме до дома и како не не остави на сред пат. И организацијата не им е нешто wow, но тоа сепак го тргам на страна.
    Некој ако бил преку тератравел, молам да ми пише сакам да прашам нешто!
     
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Ако одам, единствено тоа би било за Икеа. Сега кога ќе се отвори Зара ќе си имаме скоро се тука.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.556
    Допаѓања:
    251.838
    Па 15 евра за панталони, и 20-30 евра за обувки не е баш ефтино. Плус патот. Јас не знам што сте запнале со шопингот во Солун. Има повеќе избор, да, ете Зара, H&M, ама не до толку да треба да одам до Солун за да си купам фустан, кој патем можам поефтино да го најдам низ Македонија.
    И јас деновиве бев во Зара, не во Солун, ама претпоставувам ја имаат истата роба. Цените просечни. Фустанчиња од новата колекција за 25 до 30 евра. Па толку се и кај нас по дуќаниве. Воопшто не се скапи па да мора да чекаш попуст. Инаку Бершка е катастрофа, кај нас во Евроазија има поубави работи. Стравидаруз е далеку подобар избор. Имаат одлична нова колекција, а од попустите се наоѓа по нешто за околу 8 евра, тоа ти е околу 500 денари. И кај нас летните работи се толку во август.
    Во H&M исто. Има фини работи, и од новата колекција, а и на попуст.
    Зборот ми беше дека шопингот во Солун и не така неопходен, демек за многу малку пари ќе се изнакупуваш многу. Не, нема. За истите пари, ако знаеш и умееш ќе се дотераш и во Македонија.
    Ете од септември и кај нас ќе ги има гореспоменатите брендови, па така ќе немора да се оди дури до Солун.
     
    На sunfemina, anabel-a и LilBaby им се допаѓа ова.
  19. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Девојки, може некој да ми каже дали Космо и Керфур работат во недела и од колку до колку. Зошто моментално сум во Грција и сакам на враќање да се подновам...Барав преку Гугл ама не најдов...Ај ако имате информации, би ви била мн. благодарна ако ме информирате што поскоро... :*
     
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    на интернет најдов дека во недела не работи ни супермаркетот ни бутиците. само кафичите.

    http://www.medcosmos.gr/hours/en
     
    На ice.woman му/ѝ се допаѓа ова.