Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Јуле, ќе ги има и кај нас сега да, зара - мара, ама цените ќе бидат каде каде повисоки, не сме ние ЕУ за да си имаме намалени даноци и царини, кај нас ако не заработат каде на друго место. И неможе да ме убеди никој дека не се исплати да одиш во Солун на шопинг кога има попуст. Се исплати, за 100 евра купувам гардероба за цела сезона од 6 месеци да кажеме, од чизми до капути кога е зимскиот попуст, што не е случај и за тука. Пола роба е кинеска, скапо е и попуст кога има. Во Солун ем убави и модерни дизајни ем ефтини цени. И не го правете ко да е некој престиж шопингот у Солун кога е поефтино и од Шутка за време на попусти.
    Него ги имаше сакоава и колку пари беа. Јас во Австрија ги гледав по 40 евра, ама ги чекам на попуст :P
    http://www.hm.com/us/product/93337?article=93337-B
    Вака нешто слично беа, со свилена постава со некои шари, мислам дека птици беа. :)
     
    На Hipster и Rubiii им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.493
    Допаѓања:
    251.231
    Мимс, велиш кај нас ќе се поскапи, мислам дека нема да има некоја голема разлика, но ќе видеме за некој месец. Еве на пример во Њу Јоркер цените се исти како и во земјите од ЕУ. Значи иста е етикетата, со сите цени. Ја има и македонската, и иста е и како онаа во евра. Ете кај нив нема разлика.
    Друго, еве вие ги пишувате цените и велите дека панталони на попуст се 15 евра. Па и кај нас се толку. Мислам на летните. Некни бев и во Зара и во H&M и останатите вакви брендови. Ги видов и попустите. И знаете очекував дека за 100 евра ќе купам се за цела сезона. Ама не купив. Јас купив за 40 евра фустан,маица, џемперче и ниски кондури, слични на балетанки. Истото ќе го купев и во Мк. По твојата пресметка требаше да купам за пола сезона. Од фамозниот попуст не видов ништо. Имаше маички од 4 евра, ама реално во такви би одела до продавница или евентулано до кај другарка. А такви во Певекес ги има за истата цена. За квалитетот, може е и подобар, ама јас за квалитет внимавам само на обувките, но не и на облеката. Секако дека нема да ја носам со години, туку една до две сезони. И реков, кај нас од Бершка можеш да најдеш многу поубави парчиња гардероба, отколку во официјалната продавница.
    Го имав овој став уште пред да појдам во тие продавници, ете и ми се потврди. Попустите не се толку големи за да одам јас до Грција или било која земја. Како сакаш сметај, тоа е.
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Бев во саботата, немаше премногу гужби, на каса 5минути најдолго чекав. И навистина повеќе избор има на Цимицки отколку Космос, таму речиси и ништо не земав.
    Инаку јас сум презадоволна, за ич пари купив многу работи, дури и фустан за 6 евра од Бершка, од оние тесните со крем, црно, кафеаво, кој гледал ги знае. Плус и бројчиња имаше и тоа ме изненади. Во Бершка најмногу си најдов, Зара исто, Страдивариус не баш, а H&M многу слабо.
    Хипстер, тератравел од септември ќе имаат тури за Солун, а јас бев преку Еуро лајн, беа оргазнириани ама ако верувате не возеа со пукната гума од Солун до Скопје и за назад патуваве од 5 до 12 вечерта :@
    Не знам како се неспремни за такви ситуации, ама знам дека другпат никаде не идам со нив.
    Битно, кој планирал нека оди, нека не му ја мисли :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Јуле секако се работи и за вкусот, а и гардеробата во Космос не е нешто многу квалитетна, тука се со певекс и пренди, но за мој вкус таму има многу поубави парчиња одколу тоа што можам да го најдам тука. Фустан од 40 евра не е попуст, попуст е да го најдеш за 10 и помалку :)
    За ЊуЈоркер баш ме чуди ова што го кажа за цениве, јас бев во Австрија во ЊуЈоркер и цените беа дупло поефтини од ова кај нас. Таму имаше попуст, зар не би требало и кај нас да го има тој попуст во исто време ако е веќе тоа политиката на брендот? Ама немаше, далеку поголем избор од кај нас имаше и истите балетанки што ги продаваат кај нас по 10 евра, таму беа 4.
     
  5. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Може ќе испаднам смешна, ама ова Цимицки што е? Некоја место во Солун ли?
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Улица
     
    На ice.woman му/ѝ се допаѓа ова.
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Тоа е главната улица во Солун, паралелна е на крајбрежјето
     
    На ice.woman му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Девојки дали некоја била во скоро време во Солун ? Дали се почнати попустите ? :D
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Почнати се од средина на Јули, и ќе има до крај на Август додека се не им се продаде.
    Има роба доста посебно на Цимицки има и доста различни бројчиња, и помалку гужва него во Космос, нормално и продавниците се на 4-5 спрата има повеќе гардероби и не се ствара толку гужва.
    И Јуле ќе морам да те поправам, за Њујоркер,кај нас е најскап.
    Сум била во Њујоркорот во Берлин сега во Април и е преефтин од кај нас е доста поефтино, ај сепак е нивен Германски,ама у Словенија па другарка моја истиот џепер јас тука на попуст 900 го земав и тоа последен беше една и затоа толку и беше, она за 10 евра и тоа има и повеќе бои и броеви.
    Кај нас нема во Њујоркер нема фармерки за 6 евра а во Словенија биле по толку.
    Кај нас сите продавници се со далеку поскапи цени и лош избор, многу помалку модели и бои а за броеви да не праиме муабет. Убаво речем Мимс никој не праи престиш, баш напротив, гледаш да уштедиш некој денар а да си купиш нешто помодерно и поубаво. Искрено мене работите во шутка не ме фасцинираат, да ефитни се, ама не одам по тоа по секоја цена да купам нешто и за 200 денари што мене не ми се допаѓа.
    Инаку имаше и убави сакоа за 13 евра во пул анд беар, летни со убави бои светли и беа многу кул.
    Мимс не се јади сакото што си го постирала го видов и скапо беше над 40 евра ама нова колекција беше, така да не си пропуштила.
    Ние за 130 евра си земавме 2 свилени кошули со долги ракави и една со кратки, 6 маички памучни, дебели хеланки ама што можат да се носат и како панталони под тунука, една макси суќна,една класична до колена, балетанки, шушкава јакничка пролетна и едно како фустаначе ама за на плажа прозирно.
    Само јас не си најдов евтини они апостолки што се како танга :D не ми се даваше толку пари за такви.
    Знам дека ќе речете дека и кај нас ќе си купиш за тие пари толку, ама грешка сте, ги гледав колку се кај нас кошулите и не се ич ефтини посебно такви како што сакам јас.
    Само штета потрошени им беа кошулите и маичките со принт со птички а биле по 10 евра :(
     
    На mims-89 и Arris им се допаѓа ова.
  10. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Hipster, благодарам на информациите :D
    Ме интересира уште нешто, сум била и претходно во Солун преку агенции, но сега прочитав во предходните ваши постови дека преку Каро травел се тргало од Солун во 8h,(што нели значи неколку саати плус за шопинг) па ако била некоја од вас со оваа агенција да сподели, каков е превозот,организација и како сте задоволни ?
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418

    Јас сум била со нив неколку пати и најефтини ми беа. Автобусите им се ок, не ти ни треба луксуз, за неколку саати си таму. Организација исто.. во зависност од желбите некогаш можат да излезат од програмата и да се договорите до колку сте низ центар кога се оди во космос, икеа и сл. Така барем беше пред неколку години.
     
    На Arris му/ѝ се допаѓа ова.
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    На претходната страна Хипстер пишала дека едвај стигнале од што бил никаков автобусот.
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Само не дај боже да заврне, зошто
    [​IMG].

    Има шофери што со лесни патнички возила возат до Солун. Ем ќе се изнашетате, ем за се ќе имате време.
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.493
    Допаѓања:
    251.231
    Значи пред некој ден бев во Њу Јоркер и на етикетата стоеше и нашата цена.
    Неделава се враќам во Мк и баш ќе проверам дали им се исти цените. Инаку и кај нас има избор.
    Нормално дека е поубаво да си изнакупуваш поубава гардероба од Зара или Стравидаруз, ама не е до толку ефтино и не е толку огромен попустот. Истите работи се наоѓаат и кај нас за слични цени. И не зборувам за Шутка, бидејќи јас од таму не купувам. Јас во мојот град си наоѓам за слични цени фини работи, а понекогаш се случува да си купам Зара маица токму од тие локални бутици.
    И јас ги сакам овие брендови, и на мене 70 % од гардеробата ми е од таму, ама не одам на шопинг во Солун за нив. Најчесто ми ги купуваат и ми ги носат. Ете сега и јас бев низ тие дуќани, не во Солун, во друг град, ама немаше огормен попуст каков што е муабетот. И новите колекции воопшто не се скапи. Фустаните се 25 евра. Сосема очекувано, плус есенска колекција.
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Во Пренди имаше фустани и блузи со птици :)
    Само ете дечко ми рецимо му викам птици се ова, а он вика НЕ пингвини се гледаат од далеку :rofl:
    Не си во право посебно за Њујоркер.
    Другарка од Германија ги зима преефтино работите.
    А имам кажано на една тема пробувам тука фустан од 2000 на 1000 денари од Њујоркер и се мислев дал да го купам, викам ај да размислам дома. Уште и среќна 50% попуст.
    Отварам хрватски форум и гледам поставен истиот фустан од една хрватица и среќна го купила фустанот од 20 на 10 евра.
    Значи кај нив првично бил само 1200 денари.

    А и цените рецимо во Зара во Хрватска не се исти со Зара Грција. Ни со Зара Србија не се исти.
    Џули отиди во Грчка и ќе видиш полн Космос со Срби, сите купуваат ко крај на светот да е, а истиот бренд им е до гз во нивниот град, ама поскап.

    Зависи кој го има брендот, дали идат директно, дали идат преку друга фирма која откупува па ги формира цените во согласност и договор со брендот нормално. А и значи многу дал се во ЕУ или не државите кај што се отвара брендот. И НАЈБИТНО колкави се царините и давачките. Во некои држави има ослободување од царинење на ваквите брендови. Така да има многу фактори преку кои се создава цената.
    Но најефтино е дефинитивно Шпанија, па шпански се повеќето од овие фирми. А Грција секаде се спомнува како една од државите каде брендовите за широка потрошувачка се најефтини. А да речеме Холандија и Австрија како едни од најскапи.
    Кај нас ќе видиме...
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.493
    Допаѓања:
    251.231
    Можеби, ете не сум била во Грција, па зборувам врз основа на вашите коментари.
    Јас кај што бев во Зара воопшто не е скапа. Се изненадив дури. Па затоа и ваквиот став. Мислев дека цените се секаде исти, или барем слични. Фустаните од новата колекција се од 25 до 30 евра. Во H&M имаше сако за 25 евра и тоа не на попуст. А на попуст се наоѓаше по нешто, ама не да истерш цел шопинг. Јас за 10 евра си купив фустан од H&M, и тоа не е баш летен, туку есенски, може од стара колекција е.
    Другото, се е исто како кај нас. Значи и кај нас постои убава гардероба за пристојна цена.
    За Њу Јоркер баш ќе проверам сега кога ќе си дојдам во Мк, како стојат со цените.
     
  17. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.094
    И мене не ми е јасен Њујоркер, сите викаат дека се други цените во странство ама па немам влезено. За Зара на пример, пар штикли во Солун и Белград имаа скоро иста цена. Иако пред х години Зара не беше со овие цени, имаше далеку поевтини парчиња, сега некое друго ниво тераат, не е баш за девојченца толку веќе. Манго во Србија е скрос исто ко кај нас, а Бершка, Страдивариус дрн дрн овде им лупаат некои цени да се смееш, во странство се поевтини. Не знам, не ги разбирам скрос работиве, многу ме интересира Зарата какви цени ќе има кај нас. Претпоставувам фустан најобичен испод 2000 јок, панталони 1500 итн. Чевлите ќе се глава боли гарант, со оглед на тоа дека од 30 еу почнуваат, па до 60,70 и +... Баш да видиме.
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Тие што ги продаваат во Евроазија се од пред неколку години заостанати колекции. Ретко влегувам таму, ама секогаш си наоѓам по нешто што сум го купила во Солун минатите години, со тоа што таму сум го купила 10 евра, а овде ми го продаваат 1600 денари. Срамота. Ама сега кога ќе се отвори Бершка и Страдивариус мислам дека ќе ја затворат Евроазија. Или пак ќе мора да ги намали цените како за аутлет
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Mислам дека Xипстер спомна нешто дека се такви гркињиве, да те услужат многу, да такви се навистина, ама нека не ве чуди некоја и во гардеробер да ви се бутне, мене и тоа ми се случило и тоа прслуци кога пробував :D :^) по цицка гола, оваа си влага ме закопчува, божем ја не знам прслук да си закопчам :rofl: . A излагаш и одма иде те мести те пусти, мене лично ми се и малце нападни, остај ме жено сама да си се наместам пред огледало :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    До 15 август има %? јас ќе одам на 20 :?: и незнам дали ќе начекам :(