Знае некој до кога траат попустите во Солун и дали има добар избор (со не превисоки цени ) од есенската колекција?
Јас бев во четвртокот , скоро веке и да нема попусти , а на есенските колекции цените се `соленки` Јас си купив од Х&М пантолони за 10 евра единствено тоа што ми се допадна од таму и една алка си земав за 5 евра. Во страдивариус имаше пантолони за 10 евра во разни бои ама се мали броевите беа. Од овде си купив една кошула розева по долги ракави за 5 евра.Во Тејли Вејл блузи по 2,4,5 евра ама броевиве се беа ХХХС Од есенската колекција си земав кошула тиркизна боја многу ми се допадна и јас земав 22 евра од Тејли Веијл
.. ..солун е град каде на едно место можиш да најдиш се што ти треба...и брендирана облека и кинеска има за сите вкусови и џепови...посебен филинг е на виа игнација/улицата каде се H&M,Cтрадивариус,3ара, секој период од годината има попусти на барем нешто..цените па и не се толку лоши од 8 евра па нагоре,ама знајш дека е квалитет,искрено,има и преубав избор на се шо ти треба и нетреба,,,,е сега на пазарот последниве две години има полно кинези и тука има доста избор од 2 евра па нагоре...можат да се најдат убави парчиња облека и тука...јас две џакетчиња од скај си купив тука по 18 евра...ама ги скапав од носење и нема да мрднат...има и доста дрангулии,чанти ,марами, баш коол.
Ве молам за брз одговор во колку саат отвара космос??? Утре идам па на одење да поминеме...дали отвара во 8
http://www.medcosmos.gr/hours/en Еве провери тука имаш информации кога што отвара Јас бев понеделникот баш,накај 10 и нешто и беше се отворено,а ја мислам дека отвара накај 8 ама на сајтот пишува од 10,9 некои продавници
Бев пред некое време и има нешто пристапно нешто ептен скапо.Имаше сукни по 5 евра ама никакви беа , друго имаше намаление во пул и беар таму имаше доста ефтини работи кратки и долги пантолончиња за 10 евра.Имаше и фустани од 1500 евраа , од 800 , 500 и натаму.Ипак од мое лично гледање не се исплаќа купување од таму , ние и немаме толку големи средцтва да купуваме од таму.Јас си купив едно фустанче за 30 евра.
Izvinete so tuka prasuvam i so e latinica ali dali znaete vo nea kalithea dali ima roxy i ako ima kade e ???? Fala odnapred i ve molam za brz odgovor..
Има, Да. Се наоѓа во центар во едно сокаче странично до уште неколку бутика. Мислам дека беше на долна платформа со неколку скали надолу, а во близина чинам имаше луна парк. Барем така беше до пред некоја година.
Јас бев пред недела дена и тоа некаде Четврток сабајле и имаше гужва огромна е сеа од интернет викаа демек ке заврши тие денови али искрено зара и h&m имаа до 40 посто попуст а фругите или 20 или нова роба марк спеенсер (за мајка ми) страдивариус бершка атративо сфера итн.јас ок поминав си купив фармерки сукња мајци со кратки со долги блузони со едно рамо џемпери некои ситници од h&m за едно евро имаше избор али не беше она 3 5 9 евра туку по 12 15 20 итн. Пример другарка ми од германија и купи на сестра и сукња од h&m за 3 евра ја истата од грчкото h&m ja купив 12 али 12 на попуст
Каде се наоѓа овај пазар? Јас ќе одам од 23 септември по бутици нема шанси да има попусти тој период А на пазарите како се движат цените бидејќи незнам првпат ќе одам
Здраво феминки јас сум нова на форумот... Дали можи да ми кажите ако знајте кога има сега овие месеци шопинг во солун ... Сакам да одам ама не сум била порано и читав низ форумов и како што гледам ако одиш кога нема попусти и не е баш многу ефтино фала многу
^^Наредни попусти во Солун официјално јануари/февруари, единствено пред Нова година по повод празниците ако имаат некој попуст, а порано нема