Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Попустите во Солун се од 15ти јануари до 15ти февруари. Картите со автобус се од 800 денари па нагоре. И пред да поставувате прашања ве молам размистајте ја темава, кога се попустите и колку пари се картите сигурна сум дека имаат прашано мал милион пати.

    Тура за преку недела знам дека имаше во среда, преку Савана. Исто и агенцијата што е на втори спрат во ГТЦ, пред Милениум, не знам како и беше името, пишува дека има тури секој ден. Исто така ако сте повеќе луѓе (минимум 7), сте доволни за сами да организирате група и да одите кој ден сакате, преку Арбо Травел, ама е 1250 денари.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  2. millavanila

    millavanila Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Попустот до 50% е почнат на 5 ти Јануари, а оној големиот попуст до 70% почнува од 15-ти Јануари.
    Па ме интересира дали некој е бил деновиве,како се движат цените и дали има останато бројчиња?
    Јас планирам да одам после 15, но ке одам во центар,бидејки во Космос секогаш на попустот нема останато ништо, а и цените се малку поскапи за разлика од цените во центарот на Солун. :wasntme:
     
  3. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Девојки, ќе одам во Солун следната недела, дали мислите дека ќе ги најдам Naked палетите на Urban Decay во Sephora во Космос?
     
  4. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    следниот викенд одам за Солун,дали може да ми кажете каде можам да најдам најк патики на попуст или адидас ?
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дали има заинтересирани да организираме тура преку недела некој ден, преку агенцииве кај што требаат 7 - 8 души... По 1 250 е картата, ако има заинтересирани нека биде по ЛП
     
  6. temjanuskaaa

    temjanuskaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    773
    Во понеделникот бев во Космос и искрено да кажам се разочарав.Очекував дека ќе најдам убави парчиња гардероба арно ама не излезе така.Како што сум информирана најголемиот попуст во Космос почнува од 16 јануари до 28 февруари.Сега имаше пак некојси попуст имаше блузички по 10/15евра фармерки од 15 евра па нагоре и слично арно ама фармерките беа тенки некако како за пролет а и намалените блузички беа многу тенки и на 3/4 ракави...во манго не видов некојси голем попуст така понамалени работи имаше во H&M,Stradivarius,Pull and bear...по мој укус немаше некои уау работи...си купив само 1 блузичка од Stradivarius и толку.Битно не си дојдов со празни раце :)
     
  7. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Razgledaj na oficijalnata strana na Sephora http://www.sephora.gr/n.1.html
    Ima golem izbor,bi trebalo da gi najdis.


    Patiki na popust mozes da najdes vo outletot na Champion i Nike na vlezot vo Solun, i vo Mega outletot .

    (Se izvinuvam za latinicata .)
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mni

    mni Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Колку е карта до Солун со воз или автобус?
    Мислам да идам неделава дур се попустиве ама незнам како стојат цените за карта..
     
  9. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    800ден е повратна од скопје
     
  10. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Се мислам дали да одам оваа или следната сабота во Солун, проблемот е што ако одам оваа нема да е почнат попустот, а ако одам следната пак може да бидат убавите работи распродадени, а немам можност да одам преку недела. Може да ми даде некој совет од искуство бидејќи никогаш не сум била во јануари на попустиве. :(
     
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Не се грижи, работите не се распродаваат толку брзо :) Плус и ова не е Македонија, роба има и ги надополнуваат работите кои се распродале.

    Јас би ти препорачала и подоцна да одиш, пред две години бев на почеток на попустот и да, имаше попуст, но лани бев недела пред крајот, и за истите пари купив двојно повеќе работи. Е сега точно е дека на почеток имаш повеќе избор, особено од чевли тешко се наоѓаа бројчиња, ама мене ми е поважна цената во случајов и повторно планирам да одам на почеток на февруари годинава.
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    И јас ти предложувам да не брзаш.Јас лани бев на 25 Јануари и имаше супер попуст а и избор.Имаше момент во бутик Сфера да си пробувам чизми а пред мене да ги намалуваат балетанките од 20еу на 5 еу и тоа секакви модели имаше и бројчиња.Тоа значи дека на 15ти не почнуваат веднаш со цела роба на попуст или па ја намалуваат ама во текот на месецот и на таа цена може да стават помала.Сега планирам пак да одам, на 26 Јануари(Сабота).
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    Луѓе што мислите кога е подобро да одам во Солун на 19 или 26 Јануари ЧД?
     
  14. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Девојки баш размислувавме дома да одиме на шопинг во Солун, ако можете да ми кажете има ли сега попуст бидејќи планираме оваа недела да одиме?? :D
     
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Кога одите на шопинг во солун колку пари земате по вас?
    50 евра 100евра 500 евра?
    (знам дека се тоа заиси од тоа колку ти е длабок џебот ама која е минимална сума на пари? )
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Лично не би одела за нешто под 100 евра. :$ Годинава ради тоа и не одам, максимум можам околу 50е да соберам, па ќе се тешам со скопските попусти. :D

    Како за првпат, би ти препорачала да одиш со 150-200е, кои не мораш сите да ги потрошиш. Ако имаш повеќе, носи си и повеќе, фала Богу. :D

    едит - и одете на почеток на февруари. ;)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Мене ми е од 100-120 минималната до сега што сум ја носела, маскималната 350 ама тоа беше прв и последен пат.
    Ама со таа сума можеш да се снабдиш за цела сезона облека.
    Од секое парче по нешто.
    Се зависи од каде купуваш и што ти треба, имаш средна класа и повисока класа(пр.Мarks and Spencer и на попуст не се нешто багатела,ама иам предобри и квалитетни работи)
    Зара ја поскапеа, пред 3 години како да ми беше малку поефитна.
    Х&М, Бершка и Страдиравриус се најетини, од 3 евра до 20 евра има на попустиве асални работи.
    Зa 20 евра другарка ми зимска јакна си зема, ама тука игра и фактор среќа, што бројче носиш.
    Како и да е да не филозофирам, со 120 евра минимум можеш 8паричиња облека убава да си купиш у просек.
    Мене така ми испаѓа рачуницата.
    ЈАс не носам многу пари повеќе еднаш ми паднаа 80 евра и никогаш нема да си ги прежалам ;(
    Со по 200евра сум правела и те каков шопинг а не сум нешто ни слаба, онаа стандрд големина М, Л како и повеќето.
    С,ХС и ХЛ и ХХЛ во просек повеќе останува секогаш и за невидено ниски цени може да се земе од тие брочиња.
    Ама треба трпение и КОПАЊЕ низ рафотиви зашто некои убави работи незнаеш каде можеш да ги најдеш :D(како пример штикли закопани во козметиката во Х&М, да да и тоа сум го нашла :D )
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Фала многу, немав план да одам ама со некои цени што ги кажате се изненадив ионака ако одам планирав на биде нешто 100 или нешто над 100 евра :)
     
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.094
    Рано е и тоа многу. Крај на јануари, почеток на февруари е најдобро. Со 50 еу не би рекла дека се прави шопинг, со стотина можеш ко кукла да се облечеш, но не богзнае колку квалитетно. Ако сакаш поквалитетни парчиња, спреми си и малку повеќе пари. Зара со години не е веќе со истите цени, па и на попуст. H&M е меѓу поевтините, немам влезено а да не е преполно, но таму па има алишта на тони и нон стоп носат уште. Во Бершка за 8 евра имам начекано штикли, ама рачунај едната на едниот крај другата под рафт на другиот крај од продавницата, во тепачка и последен пар.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Јас не можам да потрошам повеќе од 150 евра на шопинг. Едноставно физички не е возможно, за мене. Лани купив 90% од работите кои ги пробав, значи го купив секое парче што барем малку ми се допаѓаше и потрошив околу 140. Зборувам за купување од продавници како Х&М, Бершка, Страдивариус, Зара, секако дека ако отидеш во некоја од поексклузивните можеш да ги потрошиш за 5 минути :D Бев првата недела од февруари.

    Патем од кога е Зара поскапена, од годинава можеби? Јас лани си купив фустан за 10 евра и чевли за 7-8. Можеби е за нијанса поскапа од останативе, ама ништо страшно.

    И уште нешто, има некаде Њу Јоркер во Солунов? Во Космос мислам дека нема, некаде низ градот? Фала :)
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.