Женски едно прашање дали можете да ми кажете преку која туристичка агенција идете до Солун за шопинг и колку е одприлика цената на картата?
800 денари од Скопје најчесто. Турата е прво Цимицки значи центар на Солун, па после Космо. А може и Икеа и Џамбо, кој неќе во овие си останува во Космос, тие се одма во близина. Мене тоа не ми се свиѓа или Цимицки или Космо нека е. Вака те маткаат само, губиш 1 саат низ гужвите на Солун да стигнеш до Космо, а таму се истите продавници. Цимицки има плус H&M. Јас само имам поминато покрај Цимицки, одам во Космос, посебно зимно време најдобро е Космос, топло е секаде, додуше и летно време е добро, клима дува уживанција
Ако си со стар пасош е 1200.. Инаку едвај чекам да дојде јануарииииии =) Попусти се ближат, попусти се ближат
ќе ми го тргнат печатот ! ама нема да одам сега, накај март ќе одам, зашто имам обврски со факсот...Kажете ми тогаш има ли попуст?? почеток на март?
Oysho во Космос !Мислам дека вака се пишуваше Има и прекрасни пижамки и спавачи.ммм ја обожавам продавницата
Оп,оп,паричките се спремни,решено е 29 јануари ќе се потрошат со мерак голем,само уште да агенција да се најде! Пишете тука некое бројче,информација и така.
Кој колку има! Какво прашање..... Ти можеш и со 200 евра да изнакупиш многу работи, ама ако имаш 500 уште поубаво!
Хммм па што знам да ти кажам сега незнам точна цена ама не се ни скапи а не се ни џабе.На пример танга гакички си купив последно од 5 евра, исто и пижамки ама стварно не се сеќавам која цена беа...прслучињата би требало негде да се движат од 10 до 20 евра максимум.Може ќе одам дента после Нова Година па баш ке видам и ке те известам
Meне "се" ми е спремно освен паричките Јас сакам да одам преку недела, зашто за викенд посебно за време на попуст е ГУНГУЛА, чекаш по 1 саат за гардароба и на каса уште 1 саат. Ама кога немаш избор ќе одиш сабота. Стела Травел иде речиси секоја сабота за 800 денари. http://dalasskopje.homestead.com/ исто 800 ете доле пишува Еуролајн има за 800 секоја сабота. http://www.arbotravel.com/ponudi/shoppi ... solun.html Арбо е 1000ка А некој ми има спомнато дека гледал 600 денари на некоја агенција залепено на прозорец, ама немам појма која е таа. Ако некој дознае нека каже Јас најчесто одам со моите или еден тип што секој втор ден за Солун и со кола носи за 1200 или 1000ка зависи колку луѓе сте. Ама се возиш со форд мондео најново као госпоѓица
Росоњерка,стај број од агенција за во работен ден,позаинтересирана сум така. Баш се мислев ради тие гужви,зошто еднаш ме имаат затечено и ништо неуспеав да си купам посебно,ниту да разгледам затоа што повеќе време изгубив во чекање ред,се случи во една продавиница (мислам дека зара беше) дал беше некој преседан или шо,од премногу гужва и ред,ограничија на три парчиња облека на каса(?!)единствен пат да ми се случи такво нешто,се чудев,а друг пат тактички одиграв бев со татко ми,па тој чекаше ред,дур јас копав дополнителни интересни партали,па дур стигнал на ред,јас тип топ,се сум пророварила и плус време за во други продавници. Така да,викенд ми е лоша алтернатива,но мислев дека нема тури за во работни денови.
Девојки Ве изчитав сите и да Ви кажам попуст секоја година во цела Грција е од 15 јануари до 15 Февруари. Јас сум мажена во Грција и можам слободно да Ви предложам воопшто да не се мислите за шопинг овде, верувајте се исплаќа што и да посакате да си купите Јас обично си купувам од Bershka, цените на попуст се ненормално добри и се исплаќа!!!! Дојдете слободно, ќе се прошетате и ќе се уверите a!!! Заборавив да Ви кажам и за JUMBO!!! Е таму нема што нема, цел ден да ме остават не ми е доволен!!! Супер работи има, што и да Ви посака душичката се има
лелеее ми направи лиги сега ептен ми се оди.. и би идела дури и сега и да нема попуст само да видам како е украсено, сигурно е ПРЕубаво да не имаш случајно некоја слика од тамо да ми пратиш?? ајде женски што се одлучивте, кога идеме??
Абе женски јас мислев да идам после Нова Година...понеделник. Сакете да ми кажете дека ќе нема попуст тогаш?!Значи тоа се паѓа 3ти јануари...Јас па мислев одма после Нова Година ги стават попустите