^Веројатно е за тоа, ама не дека немаше избор. Секако во страдивариус и бершка за мој вкус се предетски и модели и па и бројчињата,потинејџ работи има. Затоа од друга страна Манго секогаш ималадобар избор на предоби џемпери и сакоа и кошуло и секогаш броеви над М, зашто сепак има поофицијална облека. Само Х&М веројатно се се распродало убаво што имало затоа што тоа што беше, е ептен летно и искрено многу кичесто. За ефитно беше поефтино од кај нас каде каде. Kај нас нема асални капути под 50-60 евра, освен во Макпримат. У Манго имаше камел коат за 34 евра, воленен. Кај нас истиот беше 4000 и не дојде на попуст нормално. И процирните кошули беа по 5 евра, тие малку понепроцирни по 10. Кај нас беа 1000ка. За штикли муабет да не праиме, кај нас само во онаа на рампа се по 500-600 денари. А зара неможам да ја спредувам со Аванти искрено. Али пак ќе кажам треба да копаш. Јас во соблекувалната на зара, во тој делот што ги ставаат пробаните, пред да ги пренесат назад и најдов на другрка ми шорц за 7 евра. Залутал и заборавиле да го вратат назат.
Па не е дека немаше ништо.Јас да не се жалам,носам S и од се си најдов .Точно дека немаше многу броеви,ама еве другарка што случајно се погоди со мене,носи xl и си најде исто добри работи. Во Bershka,имаше маички и блузички по 3 евра,јас изнакупував,ако не друго за по дома ќе бидам дотерана .Мислам за 3 евра,која пара е тоа? Кај нас-никогаш.Две од нив се стварно преубави,и ќе си ги носам за излегување.Во Страдивариус беше тепачка,закачив само една ташна од 10евра,ги снема за минута,и сукња од 4 евра(Мислам дека ќе биде униформа,сите грабаа од нив ).Накит имаше по 0.99,си земав венчиња за коса и една алка.Jaс во PullandBear,не најдов ништо,освен една ташна плико(инаку беа по 4.5 и 6.5 евра) ама кога се вратив да ја земам,ги снема ,беа две.Од Зара си купив балетанки за 7.99,црни лаковани,последно бројче 38 ,инаку во Космосот имаше повеќе избор од Зара за чевли.Од Манго зедов фустан за 15евра(имаше од фустаните величини од се) и панталони за 7евра,за на посао.И од Сфера две кошули по 10 евра,за на работа,со трочетврт ракави. Во H&M ништо посебно,си купив јакна крем за 15 евра,ама баш е убава,другото катастрофа. И за машките имаше голем попуст.Маж ми си зеде блузи од Pull and Bear по 6 евра,маички по 2,5 евра,јакна од Pull and Bear za 25 евра.Само фармерки немаше воопшто броеви,сите беа мали,кој е послаб,ќе најде прекрасни фармерки за 12 евра. И да не заборавам -масичките од Икеа Земавме 2 црни 2 бели,по 5 евра,и прекрасни се.И ламби за 5 евра,само немаше веќе бели,мораве да земем на црвено ,купив и перничиња 4 од Икеа,на лила,беа по 4 евра(за во дневна). Јас сум задоволна,незнам може дека си најдов бројчиња .Навистина е супер евтино,извинете ама кај нас Манго нема никогаш да има панталони за 500ден и фустан за 900. И уште нешто-во соблекувалните се кријат најдобрите парчиња и плус имаше броеви.Другарка ми скоро се поголемо закачи од таму
Често одам на шопинг во Солун има голем избор се што ми треба најчесто во космос идам особено кога ќе начекам попуст хохо.Исто така и во Истамбул. Така да глејте кога има попуст и идете обавезно
Градот е преубав, а има во Космос ефтини парчиња, блузи до 3, 5 евра, фустанчиња за 6 евра, јакни за 20 ера и др.
Попустот завршува утре, 15ти, мада ако останало нешто непродадено од попустот ќе го најдете во некој ќош од продавницата, но претежно ќе бидат изложени новите колекции
Девојки, веќе имам пишано, одам често, и не само во Солун туку и низ другите градови сум била преку годината, и баш март-април имам начекано парчиња на попуст во Страдивариус, Пул&Беар, Бершка. Не е огромен изборот на бои и броеви, ама сум си нашла и чанта, и фустан, и јакна, со цени како во официјалниот попуст (почеток на јануари до средина февруари). Е ако имате среќа ништо да не најдете, кафето, ручекот и мирисот на море и пецива во најмала рака ќе ги имате.
Znaci popustot vo Cosmos trae do krajot na mesecot a e pocnat od 15ti Januari... Novite kolekcii im se top, jas poveke od toa kupuvav...A onaa, 3,5 evra...toa se ostananti parcinja, koi ne se bash naj naj..a jaknite..sto koga sega ke gi kupis eftini, veke pocnuva da se stopluva, a dogodina izleguvaat novi..ne e samo da se kupi ako e eftino, sto ke ti e...
Имаше блзиучки тенки по 3, 5 евра, фустанчиња убави по 6 евра, фармерки од 15 евра. Цените се прикладни. Јас капут си купив за 20 евра, така што ќе го носам догодина. Нема толку брзо од мода да излезе. Капут кога ќе купам го носам неколку години. Инаку истиот овдека е околу 4000 денари. Кафето да скапо им е 2,6 евра најефтино во кафичот кај што седнавме.
Вчера бев во Солун и искрено не очекував сеуште да трае попустот,но траеше и имаше преубави парчиња..сакоа и јакнички кратки по 6е во бершка,маички по 3,4евра.Во пул&беар балетанки 8евра, патичиња 10е,кратки панталони 4е и уште мн др работи по стварно ефтини цени.Исто така во мега аутлетот патики адидас и најк од 20евра па нагоре.Ново за мене беше што имаше отворено Џамбо карши Икеа
Женски минатиот пат кога бев за солун во Н&М невлегов бидејки имаше премногу гужва Есега на фб профил видов фантастични пролетни алишта за деца сега за сезона пролет али +7 евра од парче зема провизија што е навистина многу Е сега кој бил поскоро да ми каже каде се ги има Н&М во солун оти за една недела одам јас па да не лутам напразно ? имено ме интересира детски алишта повеке
Во центар со сигурност има, мислам и дека тој е единствен. За секој случај, отвори ја веб страната на h&m , оди на STORE LOCATOR и побарај продажни места во Солун. Ќе ти ги даде точните адреси или адреса кои ги бараш.