Несакам паметна да се правам, ама едно те исто прашање се врти на секоја страна, најмалку по еднаш, а тоа се периодот на попусти. По којзнае кој пат ќе кажам дека тоа се 2 официјални големи попусти, зимски 15.01-15.02 и летен 15.07-15.08. И мислам нема агенција што не носи на шопинг тура, дел од нив кои ми текнуваат во моментов се: Савана, Еуролајн, Далас УНион, Пет агенција...Зборам од Скопје и повратен билет е 800 денари. Македонија сообраќај има секој ден тура и повратна е 1650.
Утре одам да плаќам за Солун, со тоа што не сум била никогаш и немам поим што треба да носам во агенција. Пари, пасош и лична карта?
Sephora, само пасош и пари. Патничко осигурување секогаш велат дека мораш да имаш, јас сум одела и на одмор без тоа, али сепак извади си, во секоја агенција вадат 350 ден е мислам, а важи за цела година.
Sephora, како помина ? Има избор? Цени? Сакам од оние ташничките што се како со прстени за рака... Кажи ни некој збор што и како има
девојки за 1ви мај сакам да одам во солун, на еднодневна екскурзија, дали работат продавниците? и кажете каде да побарам некои интересни парчиња облека по прифатливи да не речам ниски цени? фала многу
Не бев на shopping јас. Отидов на кафе и да купам некоја ситница ако случајно најдам. Бев во H&M, Zara, спортски продавници некои за дечко ми, оптики, и во MAC и Sephora влегов за со козметика да се опремам. Во h&m имаше убави евтини фармерки, останатиот дел од гардеробата беше повеќе basic, ама во глобала се што ми се допадна на нивната интернет страна ваму го немаше. Накит имаше единствено убав, ама 20 евра за ланче од таму не ми се дава. Влегов во Zara затоа што барав сандали што кај нас не стигнаа и изборот на чевли е тотално различен од тој во Скопје. Се што стигнало кај нас, не стигнало кај нив и обратно. Имаше акции за очила за сонце скоро секаде. Ray-ban авијаторки за 120 евра начекав, а секаде кај што сум била се од 150 нагоре. Такви чанти не видов, ама сепак, не влегував по продавници, повеќе се шеткав, па извини што не можам да ти помогнам.
не работат продавниците за први мај едит - да и јас сега прочитав дека ке работат се извинувам за грешката!
Да не случајно работат, зошто бараа да немаат неработен ден баш пред Велигден, да не им падне прометот? Колку што јас знам, побараа 1ви да е работен, а да им се даде вторник, 7.05. п.с. Да, ќе работат на 1ви мај Грчките продавници ќе работат на 1-ви мај Барањето на сопствениците на продавници во Грција за поместување на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудит – 1 Мај на 7 мај, грчкото Министертсво за труд го прифати, објави атинскиот весник „Катимерини“. Грчките трговици побараа прославата на Денот на трудот да биде поместена, бидејќе сметаат дека ќе имаат загуби во работењето доколку празникот се одбележи на 1 мај, односно во средата пред православниот Велигден, кој оваа година се паѓа на 5 мај. Трговците очекуваат поголема продажба во пресрет на велигденските празници, па според нив доколку не работат на 1 мај би имале помала заработка. Со поместувањето на прославата на Денот на трудот, тој ќе биде одбележен во вторникот по Велигден, кога продавниците и онака нема да работат во рамки на велигденските празници.
А дали знаете Петок дали му е работен? Ај ве молам да ми каже некој ако знае итно ми е, оти планиравме Петок да одиме,ама ако му е неработен Петок да знам утре и така е работен да одам. Фала однапред
Цела недела е работна и утре и четврток и петок и сабота, а од наредната недела понеделник и вторник се неработни
Дали некој знае некоја агенција што имам шопинг тури за солун, ама да не се тргнува многу рано од скопје??
Ова сигурно има тогаш попусти, затоа што ја баш на 11 јули до 21 сум блиску на одмор до Солун, така да нема да ми биде проблем да направам мал шопинг таму? Исто ме интересира слушнав дека имало некој кинески кварт со многу ефтини работи во Солун, па да не знае некој каде се наоѓа?
Кинескиот кварт е за продажба на големо, она што го гледаме низ продавнициве кои не се бренд е облека од кинескиот кварт во Солун или пазарите во Турција. Ако не купуваш на големо нема шанси да ти дадат по една блузичка, ли фустан, ли било што. Само ќе изгубиш време Подобро оди си во Космо или на Цимицки и купи си ефтини работи. Само знај недела не работат