Јас бев пред време , си купив кошула од PULL AND B, и сукњичка од Страдивариус како и да е од тука цените беа пониски со малце 100-200 денари но сепак пониски .
Некој ако иде викендов нека каже дали навистина почнале барем -50 посто, зашто планирам за 14 дена за одам, да потрошам тоа што ми остана Знам дека почнуваат од 15 Јули ама сепак, се соменавам дали на 27 невистина ќе има попусти...
Девојки, некоја да ми објасни како да го најдам тој кинески пазар во солун? Има ли некоја табла,ознака,нешто? Баш е како пазар или личи на трговски центар? И...што е цимицки?
даа, секоја година. кога се враќаме од одмор обавезно во космос, икеа и керфур. еднаш и низ град имам идено
Цимиски (Τσιμισκή) е главната улица низ Солун, втора најдолга улица во Грција: долж улицата има многу продавници низ кои одвреме навреме има попусти, големи и мали: http://www.youtube.com/watch?v=dqAqBTfrlP0 Меѓу другите, поминува покрај Аристотеловиот плоштад (Πλατεία Αριστοτέλους - Платиа Аристотелус):
Сестра ми беше пред три дена и вика дека слабо, има 50% ама на многу мал избор на гардероба и ново е за тие што планираат да одат во Космос до кола да си подготват 1,50еу за паркинк-почнало да се наплаќа.За пола саат(а тоа нема шанси) е бесплатно а за цел ден е 1,50еу.Инаку внатре било мн сменето, почнувајќи од тоалетите, делот за јадење и некој бутици не се на исто место.Така да си знаете
Јас бев во Космосот на 15 јули баш кога фатија попустите...си изнакупив прекрасни работи од Axel-таму се е на пола цена си зедов чанти, некое парче облека..исто така има попусти и во H&M и од таму зедов нешто..а во tsakiris mallas има 60% на сите обувки и си зедов убави штикли на полна пета. Интересно е во спортските продавници исто така има попусти.
Девојки, преку која агенција одите, или поточно кажано каде наоѓате организиран превоз? Планирам да отидам на еден ден/викенд, штом има толку попусти
Секоја втора агенција има организиран превоз за Солун секоја Сабота. Савана, Пет, МТ траверл, Фибула, Фалкон и многу други. На голем дел е 800 денари, но гледам некои оваа година се повампирија, по 1000ка наплаќаат. Распрашај се по агенцииве, види која најмногу ти одговара.
Ич да не се секирате, не да има попусти, оваа година буквално скоро се е на 50%, се наоѓаат и прекрасни работи на -70%. Мене Зара ме изненади, имаше преефтини работи зашто обично знае да е скапа, Х&М беше испразнет, слабо нешто останало на попуст а асално и Манго како и секогаш преубави работи на големи попусти. Имаше доста зимска гардероба, чизми видов, џемпери, јакни кожни, дури и по некој капут за минимални цени, нависитна пристапни цени. Космос не е толку изменет, само вецињата доле и да се наплаќа паркинг ама не е толку страшна цена. Сите бутици се на исто место, само Манго е зголемен од порано. Денес немаше ич гужва, ама до следниот викенд и тоа што го има ќе го снема. Србине се во се поголем број, најбројни дефинитивно.
Дечки знае некој точна адреса на Космос? Гледав нешто на гугл, но не сум сигурна дали таа што ја најдов е вистинската.
Повели Покахонтас линк. И да пребаруваш еден е Mediteranean Cosmos. https://maps.google.com/maps?q=Meditera ... e&t=m&z=16 Инаку сестра ми беше на шопинг па за неколку дена отидовме во Сити мол и баш се смееше за цените. Правеше неколку споредби на работи што ги купи или гледала таму, тука 2 па дури имаше и работи 3 пати поскапи. На пример фармерки за 10 евра, тука 1100. Ташна во Манго за 10 евра, тука беше околу 2000, па и јаче ако не. Tака да ако одите на одмор кај нашиот јужен сосед и поминувате покрај Солун и те како е исплатливо да се тркне на шопинг. А Хипстер најмногу ми е криво што неможам да отидам на шопинг ради Зара. Значи од Зара секогаш сум си купувала нешто. Кога ќе влезам во Зара во Сити Мол се осеќам ко да немам пари ни копче да купам. Знам дека Зара глобално си ги зголемија цените претерано многу, ама и попустиве кај нас благе везе немаат.
Eли додека не се потроши се, мислам дека никогаш немало стрикна дата. Ама ова година како тргнало скоро се било собрано. Така ми кажаа вчера дека претходниов викенд слабо имало,а јас кога бев на 27 веќе у велико беше почнат. Оди побрзо зашто ептен се у криза се е на фул расродажба. Вајда до септември ја чистат цела летна колекција, зашто веќе и сега ја има есенската извадена.
Јас бев сега на 3ти, и немаше речиси ништо, а толку се надув со очекувања после искуството на Хипстер, ама јок. Зара беше скоро и празна, најмногу чевли беа останати, фустани безвезе некои,чанти тапа.. Бершка (посебно онаа во Космос) имаше избор на џемпери по 7евра, фармерки имаше бајаги по 10 евра и чевли (претежно сандали). Пул&Беар и Страдивариус скрос ме разочараа, едвај едно фустанче купив само од Страдивариус. Манго е најтоп, има и избор и топ попусти. Х&М празно. Генерално, слаб избор пред се, а и народ на каса или во соблекувални.