По милионити пат од 15 Јули па се до кога не се продаде се, до крај на Август се гледаат да исчистат да не им остане ништо. Вака е години наназад, верувам дека и понарака ќе ја имаат ова практика. 2-3 страни наназад истово го пишува, и на секоја 10 страни истово се повторува.
Бев вчера во Солун, на враќање од одмор и искрено, само партали беа останати. Немаше ништо посебно, очигледно сите убави работи беа распродадени. Јас бев во Космос, во градот не бев и си отидов за неполни два часа пошто стварно немаше ни што да гледам, ни што да купам. Купив само две маички и тоа беше тоа. Лани бев негде на крајот на јули и си најдов и купив преубави работи. Оваа година тапа, очигледно многу сум задоцнила.
Охх.. А јас баш сакав да одам оваа сабота. Ништо тогаш, на крај од август со надеж дека до тогаш ке имаат донесено поголем дел од новата колекција
Јас бев пред еден месец, и реално имаше многу убави работи. Немаше попусти на патиките како што сум знаела порано да најдам од pull&bear за 7-8 евра и за тоа се разочарав, ама кожни јакни, сако, фармерки беа сите од 10 до 15 евра. Фустанчиња летни, купачи, и разни други работи за на плажа да не зборам колку имаше, Космос ти е само за пред одмор да отидеш и се да си купиш. А нашиов Сити Мол никогаш нема да стане Космос, сите работи што си ги купив ги најдов тука за мин. 400 ден поскапи, со истиот попуст.
Абе јас веќе сум била во Солун на шопинг повеќе пати и сега не ми е јасно дали мене вкусот ми е премногу сменет, или последниве 2-3 колекции се многу тапа? Порано Pull&Bear ми имаа најубава облека, некако поразлична од другите, а Страдивариус и Бершка па ми имаа слична. Сега сите продаваат слична облека. Плус, во Pull&Bеаr имаше многу голем избор на фармерки, тука кај нас во Сити мол се некако за слабички жени.. И се мислев дали е до мене, ама после тоа сфатив дека не сум единствената што се жали на тоа. И да, факт е дека нашиот Сити Мол не е лош, ама никогаш нема да биде со тие попусти што ние си ги сакаме.
Ние бевме во Вторникот, јас не земав многу работи бидејќи незнам после дали ќе ми бидат точни. (Стигнав од S до М, додуша М работите уште ми се малку големи ). Си земав 1 труднички фармерки (ги начекав за 20 евра), фустанчиња, џемперчиња начекав убави од манго за 10 евра, чизмички од Страдивариус за 20 евра . Ама маичките ме разочараа. Се широки модели. Кај стомакот ај поминува некако, ама градите Спојлер на display . И не си земав ниедна. Обично одиме на почеток на попуст ама вака како за на крај начекавме доста. П.С. До трудниците - ако некоја е среќнична и носи 34 сега, може да си најде во H&M преубави труднички фармерки за 7 евра. Јас сум 36.
Јас бев на 31ви во Космос и ептен слабо имаше останато од попустот, најмалите бројчиња и најголемите што мене секако ми одговара за најмалите Маички имаше по 2-3 евра, сукњи исто, фармерките од 13 евра нагоре, фустанчиња по 15 евра, за машки исто дуксери по 10 евра. Купив нешто, не викам не, ама за разлика од други години слабо некако, уште пред да почне попустов изгледа било се распродадено, сега искрено незнам дали би нашле нешто, уште тогаш имаше стигнати есенски колекции...
Ние бевме завчера, пред празникот и задоволна сум од шопингот. За мене си најдов во Pull&Bear панталони за 8 евра, кошула за 12 и каивче за 4 евра. Убава комбинација за на работа си стопкмив за 25 евра. За син ми најмногу купувавме спортска опрема, по многу поволни цени. Есенска јакна од Pull&Bear за 12 евра, дуксер за 10.... Домаќински работи што ни беа потребни за дома од Икеа. За стотина евра купивме еден куп работи за облека и за дома, што за во Скопје е научна фантастика.
Поголем дел од работите беа мали броеви, но може да се најде и поголем број. Јас сум 40 и имаше доста работи мој број. За мене поголем проблем ми беше тоа што најголем дел од робата се маички-оние од тенок материјал, онака растегнати, за до 5 евра. Тешко се наоѓа облека за на работа, а секојдневна за млади има голем избор.
Бев пред недела и ипол и немаше некој многу голем избор.Претежно беа останати мали бројчиња,што мене ми одговараше па најдов барем тоа по што бев тргната.Најмногу се разочарав од изборот во Манго,немаше никаков избор.Многу ми е криво за штиклите во Страдивариус,беа по багателни цени ама само големи броеви беа останати.Веќе беа извадени и есенските колекции,така да вие што планирате да одите не знам што ќе начекате сега
Нема од оној што е шопинг тура за 800 ден преку неделата. Порано Савана носеа среда и сабота, ама летово веројатно ради летната сезона неносат. Секој ден возат Македонија сообраќај, повратна им е 1650, и Арбо травел носат секој ден и цената на повратна им е 1300.
возат само далас унион,по цена од 800 ден повратна.ама ептен е без везе,на 2 спратен автобус пола ги оставаат во солун,пола на халкидики.не остави ептен на почеток на градот нозе ни паднаа од одење накај центарот и потоа пак назад.инаку нема ништо посебно.од летно некои партали без везе,искрено кај нас во сити мол си најдов поубави и поевтини,маички обични по 7,8 евра.единствено спортската гардероба им е намалена ,така да си купивм најк патики за 60 евра од 90 евра намалени,чанта најк за 30 евра од 50 евра,долни тренерки за 22 евра и маичка 12 евра комплет.есенско палто од пулл енд беар 10 евра.маж ми си начека фармерки по 10,по 6 евра од пул анд беар и бершка и така си дојдовме што се вели со празни раце.најмногу си појдов по комбинации за на работа,ама истите работи ги има и кај нас -зара кошули 1800 се и кај нас и таму,манго сакоата по 50,60 евра,а зимата беа по 20. зимата има повеќе избор,има ем летно ем зимско ,а и броеви колку сакаш.сега имаше најголемо и најмало.требаше да си претпоставам дека нема да има ништо заради летните одмори.сите на враќање поминуваат во космос и речеиси оддамна е испразнето.
Од кога почнало да се наплаќа паркингот на космос и по колку се плаќа? Толку пати сме биле, никогаш не сме платиле....ме збунивте сега.
Сум била и нема ништо посебно. Премногу е скапо затоа што грците „ сакаат да заработат дневица со едни продадени гаќи “.