Дали е погодно врмее да се оди крајот на август ,почеток на септември во Солун? Како се движат цените?
Ќе одам утре за Солун.Може ли некој да ми каже кој автобус оди од Симитски до Космос?Не сакаме со другарка ми цел ден да го окапеме во Космос, сакаме да осетиме и градска атмосфера
Бил ли некој деновиве да каже како е дали има уште работи на попуст или се е тргнато и има само нова колекција? И да ми предложите продавница каде има убави свечени фустанчиња ама не многу скапи максимум до 60 евра
Девојки ве молам за одговор дали некој знае превоз од Битола до Солун со комбе кое оди за Џамбо,Космос,Икеа.... По агенциите в ред е 1200 ден. превозот што мислам дека е многу.Со кола четворица се оди за 600 ден. Сигурно со комбе има поефтина варијанта. Ве молам за одговор.
Јас бев минатата сабота.Од попуст ни П нема.Не ги сметам рамбовките, маичките на бретели и стандардните џемперчиња што ги има во сите бутици.Тие си се секогаш иста цена.Ај што немаше попуст, јас незнам што им е со новиве колекции Се беше со цветови како да е пролет, некој тенки материјали и сега модата е напред кратки, да ти се гледа стомкот а назад долги,Мене лично воопшто не ми се практични.Цените за обични прозирни кошули по 25 еу, сакоа по 40 еу.Јас прв пат се вратив со две парталчиња, не ми се даваше за нешто пари кога знам дека ќе биде дупло певтино,Да најдев нешто ептен да ми се допаѓа ќе си го купев, но не најдов. За фустани повеќе избор имаш на Симитски, може да најдеш свечени и до таа цена мислам.
Има понуда на Колектива-шопинг во Солун на 14.09. за 700 ден. Се оди центар на Солун, Космос и Икеа...
Тебе касно ти текнало да одиш на шопинг попустите се секогаш од 15 јули до 15 август потоа носат нови колекции
Листам веќе низ последниве 30 страни, и сите се за транспорт до Солун итн а мене тоа не ми треба. Ќе може некој да ми каже кои продавници ги има во Цимицки? На google барам од преска ама нема ништо конкретно, знам дека има H&M и тоа е се. Ако може некој да ми каже, ке му сум премногу благодарен
^^Сите продавници кои ги имаш во Космос ги имат и на Цимитски, само не ти се на едно место, туку се раштракани па треба да ги бараш, но ќе се снајдеш не е толку проблем.
Зависи што. Супермаркетот и продавниците до 20 часот. А кафулињата, рестораните и киното до покасно до кај 2 после полноќ.
dali moze nekoj da mi kaze kade se naoga toj kineski kvart sto e vo Solun i dali tamu se prodava samo na golemo ili mozi i po parce da se kupuva
^^ Ау, супер. Уште да го убедам дечко ми да одиме. Друштво веќе имам. А, кажете ми најсериозно... Има вака кога ќе почнат попустите многу гужва по граница или не е до толку? Кое време е препорачливо да се тргне?
^^Обично на празници има гужви,кога кај нас се неработни денови, ама ќе си тргнеш порано и немаш проблем. Знам дека преку Гевгелија е по блиску, ама ако сте по можност одете низ Дојран, таму обично има по 2-3 коли ништо повеќе.
Ова и мене ме заголица морам на мм да го подлажам и така сакал нови цвики да купупува а ја се шверцам со него Која се нуди да биде дадилка и носам поклон од Солун senza.parole најдобро тргнете во четврток земете го за слободен ден ако работите оти тешко дека петок ќе биде прооден а и до вечер верувам дека ќе има чисттка. Него ова попустов за кај важи потточно,ептен ме заинтересира