На големо се чека 15ти јануари да дојде! Има агенции што возат секој работен ден, знам баш една, во гтц после кино Милениум ама па 1600ден е карта и башка у солун те оставаат, не те носат до Jumbo, Ikea... Така да и ја ќе замолам некој ако знае некој да вози работен ден за поевтини пари да пише! И уште едно прашање, 15ти јануари е сабота, мислите тогаш точно ќе почнат попустите? Да не почнат понеделнички па ако одам тогаш да се зае**ам само за два дена што не сум почекала?
Имам во план да одам кон 20 јануари во Солун.. Да си накупам фармерки, џемперчиња, дуксери, блузички, ташни, фустанчиња, јакничка.....Е сега ме интересира дали буквално во сите продавници за облека има попуст од 70%, 50% или само во некои? Сакам да одам во Космос па да пазарам во Бершка, Страдивариус, Pull&Bear, (сфера) колку % попуст имало изминативе години во овие бутици??..Иначе сакам и да си купам и нешто најк/адидас дали и таму има попоусти(од прилика колку % има) ? Сакам да си купам на пример патики и колку пари би коштале на попуст(одприлика)? Фала однапред. Поздрав!
од куманово до солун повратната карта е 900 ден мислам баш евтино таман кога се попустите ке одам,ке се изнакупувам у највише
Ах море како ми се идеее.... Така на еден добар шопинг да купувам,купувам и да се вратам среќна и задоволна Ај ќе биде и тоа некогаш
А едно прашање јас секогаш одам во Космос. Тие што оделе на Цимицки и во Космос што е подобро? И зашто е подобро? Не, само на цимицки. Дали си сигурна дека попустот ќе почне на 15ти во сабота? Убаво да си се распрашаш да не го направат во недела, па да почне од 17ти и да се зезнеш. Затоа што на стотици парчиња гардароба додека да го средат попустот има шанси да го направат од 17ти. Ова е моја претпоставка што не значи дека е точна, ама може да е веројатно. Јас не би ризикувала да одам на 15ти.
Девојки а да не се почнати веќе попустите во продавници како H&M, Stradi, Bershka итн како и секаде? Веќе официјалните кампањи за пролет - лето се пуштени. Јас мислам дека секаде наеднаш почнуваат попустите - од 27 декември и траат до крајот на јануари. Проверете си за секој случај оние кои идете за попусти во Солун
Мене лично ми поубаво во Космос ако е за шопинг.Прво кога е зима внатре ти е убаво топличко,кога е лето свезичко таман!Сите продавници ти се тука на тоа место,немора да луташ наоколу и има мн убави кафичи,ресторанчиња и кино кое често го посетувам зошто обично одам од сабајле до вечер и едвај чекам да одам леле веќе сафра ме фаќа!
Аххх и мене ми се оди. Кажете дали само од Скопје се организираат тури? Нема ли од Битола на пример? Ај ако знае некој нека пише информација, па да почнам да си собирам пари за наредните попусти. А, уште ова: Дали попустот важи и за козметика?
Phyramide јас живеам во Грција и можам со сигурност да кажам дека попустот не е почнат, значи како што кажав и претходно секоја година попусти во цела Грција се од 15 Јануари до 15 Февруари
kallias чекаме детален извештај кога почнуваат попустите, кога ќе видиш со свои очи да не идеме за џабе
rossonerka ке се распрашам и ке видам ,но мислам секоја година почнува од 15 јануари не би требало оваа година да биде исклучок,но во секој случај фала!!
Женски а дали некоја знае од колку саат се турите, од сабајле до вечер? За да знам дали ќе има време и за шетање.