Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Ова со дали има избор или не, како за кого, преиндивидуално.
    Јас само позитивни коментари слушнав, моите другарки и другари вчера се изнакупувале не можеле да се донесат.

    Наслаб избор во H&M и Pull and Bear, а најдобар во Зара, Бершка и Манго.
    Муживе се изнакупувала кошули во Масимо Дути, за тие пари преубави.

    Јас 4 години одам по ред, освен зимава, никогаш не сум се вратиле со испод 150 евра потрошени.
    Зависи од вкус и од тоа колку си подготвен да "копаш" низ равтови, да шпарташ и да бараш асално.
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со Хипстер што се однесува до изборот. Јас синоќа се вратив а во саботата отидов. Огромна разлика се приметува од ден до ден во саботата имаше повеќе избор иако тешко се снаоќав со клинциве ме избезумија а и гужвата беше не подносителна. Ама нив ги опремив иако можам да кажам дека бројчиња тешко се наоѓаат како за мали така и за големи. Додека бараш губиш доста време.Имаче купови аличта кој како фатил така фрлил па ти барај ако сакаш поготово во Зара беше код имало елементарна непогода :D
    Во H&M од попустот не останало ништо само големи бр повеќето партали кои не вредат ни евро, Zara око фрлив и тоа повеќето во деттскиот одел ама и таму средно жалосно,Promod исто останати само мали или ептен нешто што не вреди.
    Ама затоа на Цимицки :$ Би ја шетала цела недела и би влегла во секоја продавница што во случајов иако бев два дена беше невозможно и малтретирање повеќе отколку ќејф. Одвај се разминуваш а не па да бараш во гужвата. Памет за друкпат со мм соло без деца,кој сака за дадилка да се пријави добро плаќам :D
    Повеќе се надевав отколку што искочи,така да мене прошлата година ми беше подобра од оваа :)
     
    На GeoDidi, Sexybaby86 и Hipster им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ја на Цимицки никогаш не сум купувала. Тоа е онаа улица што води до пристаништето така? Имам поминато многу пати ама во глава ми немаат останато никакви продавници освен Теранова... Што друго има таму? И уште едно прашање, по таа улица не се движат коли така? Затоа што во бунило сум, не ми текнува дали е таа што оди вертикално во пристаништето или хоризонталната улица или булевар што и да е? :^)
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Таа што ја зборуваш е Аристотелис.
    Цимицски се сече со неа и доаѓа паралелно со пристаништето мислам дека втората улица е, не ме држи за збор, ама ќе видиш табла на зградите плус ќе ги приметиш продавниците. Таму секогаш има повеќе избор, ама е помачно за шетање, затоа што некои продавници се на едната страна од улицата, некои се на другата страна, плус имаш по 2-3 продавници од истиот бренд раштракани.
    Не сум некој фан на вакви луди шопинзи, особено не со толку ограничено време затоа што ќе попукам. Таа гужва по продавници и по касите ме излудува. Не дека не сум одела, ама сега гледам да го спојам некако со викенд за да се растеретам. За еден ден па уште и со организиран превоз не би одела и не би се малтретирала толку за еден шопинг.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Точно ја имам прочитано улицата, сум се движела по неа ама не ми текнуваше дали е таа што ја сече или паралелната со пристаништето. :) Нема везе, и онака по коментарите што ги читам не ме привлекува за шопинг таму. Во Космос барем се е на едно место немора да се прави влези-излези, премини улица, пак премини улица :D И јас не сум некој голем фан на шопинг у време на гужви, ама ова у Солун стварно се исплати, па ќе се издржи некако :lol: Јас планирам да одам оваа сабота ако пуштат платичка, ако не наредната. Се надевам ќе начекам нешто, ако не идам специјално за да јадам у Мек Доналдс :D
     
  6. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    ГУЖВА - вака изгледаше викендов во Солун. И ќе речеш Грците немале пари, па мораат да купуваат на попуст :D
    Јас лично најзадоволна бев од Бершка и Манго, некако по мој вкус работи имаше овде. Ме разочара Масимо Дути, се беше разграбано, а и H&M. Ок цени имаше и во Челио( за машки ) , а годинава и Марк&Спенсер завршија работа, посебно аутлетот на Цимиски.
    Во Зара пак, поради гужвата ми се одмили да шетам, па ја прескокнав...
    Значи да се рабереме, цените не се како Мана и Певекс, но поевтини се од оние на истите брендови кои кај нас ги има во Сити Мол, а и изборот е далеку поголем.
    Се на се - задоволна.
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не ја пропуштај Цимицки, има 2 zara, 2 bershka, 2 h&m итн., секогаш повеќе сум наоѓала таму :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто се залажувате со Цимицки. Со години одам во Солун и Космос си е права ствар. Мислам, логично, пошто тоа му е и намената. За изборот, дискутабилно, понекогаш може да е изборот на Цимицки поголем, ама цените проверено, се пониски во Космос. Не би да наведувам примери сега, ама верувајте има.
    Што е до попустов сега, јас сум генерално не многу задоволна. Точно, изборот е релативна ствар, ама годинава некако, мојот впечаток е дека робата е веќе видена. Можеби е тоа така бидејќи колекциите се повторуваат, пример, кошулите од Манго пред две сезони, се сега во колекцијата на Зара. Така да...
    Јас што правев муабет со сите што беа саботава, сите ‘‘онака‘‘ коментираат.
    Обично во H&M oставам пола пари, ама сега, ако верувате, само едно ланче купив. Да знаев, немаше ич да се мкнам до Солун.
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Како милиш поевтино? Ист артикл со две различни цени?
    Никогаш не сум забележала тоа, најискрено...

    Космос како Космос е хаос во сабота, цела Македонија ќе ја видиш таму па и пола Грција и не знам колку е паметно да се бутка низ Космос.
    А за избор нема муабет дека на Цимицки има поголем избор, пред се колкави им се продавниците, Зара и H&M на 3-4 спрата плус има две Зари и два H&M нема муабет дека има и поголем асортиман.
    Плус имаат повеќе гардероби и помала е гужвата, пред се заради тоа што сите со коли и со мали деца одат исклучиво само во Космос.

    За H&M не е само годинава така, не знам дали сте приметила веќе втора година е истово, јас и во Љубљана пред 3 недели кога бев многу слабо работи најдов, на попуст само партали беа останати, и тоа нешто глупи дезени и броеви се или најмало или најголемо, истите шорцеви што ви Германија ги земав пред 3 години ги имаше тука и у Солун исто за иста цена како тогаш.

    Се мислам дека h&m нешто страшно го баталува балканов, а штета зашто за тие пари најтоп работи се земаа.

    П.С Мимс ако не се лажам летово го затворија Мек Доналдс-от во Солун, и тоа тој беше прв отворен во Грција.
    Остана само еден во Атина, и на островите довро, нормално...
     
    На Mama25, ivancekitty и femina90 им се допаѓа ова.
  10. agiagi

    agiagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    6
    Девојки дали знаете дали ќе работи Космос на 27-ми во понеделник, односно дали има некој празник? Ви благодарам
     
  11. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Девојки , дали шминката и брендианата козметика во Солун се мн скапи или цените се ,,реални,, ?
    Во глобала за сите отприлика, не барам некој посебно
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Eве ти, гледај си цени самата што те интересира.
    Имаш и во Космос и на Цимицки Сефора,нема да ја утнеш.
    http://www.sephora.gr/n.1.html
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.633
    Допаѓања:
    106.657
    Пол:
    Женски

    Не се скапи како во мк поради тоа што има многу често попусти, баш сега во сефора има 35 % попуст на брендираната козметика :)
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Како бе ни во Солун нема МЦ???? :sweat: :@
    А иначе коа идете вака за попустиве у Солун стварно ја преобувате гардеробата? ја се ежам од гужвите и само така зимам, па што се погоди се погоди :D Досега не сум утнала се знае S си зимам и шибам :D
     
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ^ Ма какво пробување, ја тука не пробувам, не па у тие гужви таму :lol: Си земам мое бројче, S и јас, и терам право на каса :)

    Него кога те прочитав тука за MC, ми се отвори дизната и мене и се мољакаме со одредени персони неколку дена веќе да одиме до Солун, демек не заради шопинг, него да каснеме ваму :lol: Ама ништо изгледа, штом го затвориле. Значи ќе пукнам за еден Big&Tasty, ќе пукнам :sweat:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    И јас не пробувам, а 95% се чудат кога ќе им кажам дека само скенирам, го проверувам да не е фалично,број/боја и на каса :D
    Во тие гужви (посебно сабота) шанси нема да се туфкам пред огледало во соблекувална и да се премерувам од глава до петти, сафра и нервоза би ме пукнало.

    Инаку, генерално по мое мислење, изборот од година во година е се послаб, пред 6-7 години какви шопинзи и попусти сум правела и фаќала, сега ни пола од тоа, а и новиве колекции се веќе видено.
    Ако ништо друго ќе се надишам морски воздух, најдам во нивни Гудис( друг е третманот и порцијата на нивен терен), вафла задолжително и доста ќе е.

    Туку, слаби апдејтови давате како сте прошле и што сте купеле, поажурно малце :D
    Ради факултетов ќе одам во февруари, ама таму сум со паметот :)
     
  17. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    :fubar: Е КАКО на никој не му се иде од моиве персони брејјјјј
    Шо им стана на луѓево уопче не им се шета
    Ќе се изнервирам и сама ќе заминамммм :devil: :devil: :devil: :@ :@ ;( ама ми фуфка
     
  18. agiagi

    agiagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    6
    Девојки кажете како сте поминале ако сте биле во Солун... да знаеме дали да го фаќаме патот за Солун или да си седиме у Скопје :D
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Фаќајте го патот во Солун :)
    Јас бев оваа сабота и во Солун и во Космос. Некако поголема гужва како да беше во Солун со километарски ред до каса отколку во Космос. Во Космос мислам дека имаше поголем избор, или така ми се чинеше.
    Еве ви ценовник- џемперчиња во сите бои 9,99еур, фармерки (сомот и тексас) од 9,99еур, кошули од 10-15 еур, фустани (дебели и потенки) 15 еур па нагоре, дебели блузи, ролки (баш оние најдебели) од 15 еур па нагоре, палта-сакоа од 10 еур па нагоре, балетанки 5 еур, салонки на мала штикла/голема 15 еур, ташни од 15 еур па нагоре....фино обележано што е 5еур, 6 еур, 7 еур, 8 еур, 10 еур.
    За малишаните преубави парчиња за ниска цена, за мажите убави кошули, блузи, фармерки и панталони од 10-15 еур.
     
    На Smilly, Mosquiita, kala21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    и ја сакам да идам, до Солун во фебруари, ама со овој мм, не можам да се разберам.
    А ми се иде само до Космос, да си земам една работа и толку, и сега некако не ми се исплати да се тегнам со тоа минибусите по 12 саати.
    Има ли некоја друга поевтина варианта?