Ima VIP kombe za 8 dusi. I jas sakam da odam zaedno so 1 drugarka ovaa ili slednata nedela. Ako sakas moze da se sobereme poveke dusi i da odime. Eve koj saka neka mi pise LP i jas ke go organiziram. Znaci treba da bideme max. 8 po 15 evra sekoj plaka i si uzivas po pat.
Ова значи дека може да тргнеме ние кога сакаме, а не у 3 или 4 саат сабајле, и не носи таму каде што ние сакаме? ако е така ќе гледам да соберам некоја колешка барем со мене, ама јас сум за во фебруари да одам...сега неам пари
Moже да одиме и во работен ден, не мора сабота...Но еве сепак треба да се одреди датум за да му кажам на дечкото што вози за кога да си планира. Еве нека биде следната недела некој ден. Да речеме од 3-8февруари. па пишете кога ви одговара.
Ако успеам да се издоговорам, ќе ти пишам, но од старт да ти кажам, дека јас не верувам дека нас ќе не пуштат од работа преку работен ден да одиме било каде.
Кога почнуваа попустите поточно во Солун? И јас се спремам да одам, но со кола, со автобус некако ограничен сум, а и последниот пат ми направија проблем со автобус.
Попустите се почнати, немој да се мислите многу, тргнувајте! Јас бев во саботата.И направив добрар шопинг. Никогаш до сега не било толко полно со роба. Имаше буквално се, и броеви и модели. Јас сум пријатно изненадена, и многу задоволна. Ова за во Космос, на Цимитски не бев, го избегнувам. Бевме со кола и стигнавме пред гужвите, кога го отворија Космос, па ги избегнавме турите кои прво ги носат на Цимитски. Јас се изнакупив, палто од Манго дебело 30евра, фармерки од Х&М - 10, панталони исто од тамѕ 15е, Палто потенко Зара 30е, панталони црни како хеланки, подебел материјал-Х&М -15е, блуза волнена дебела-Х&М 15 , џемпер-Х&М -10, монтка каппа од Адмирал-20е, чизми Бершка-10е. Ова моментално ми текнува Кој има прилика за одење , ич да не му ја мисли. А и ташни 2, една 20, една 10, од Зара и Страдивариус.
Попусти има се додека не се распородаде се, само колку покасно одиш толку се помалку има роба. Инаку јас одам преку Дојран секогаш, а таму е празно нема никогаш гужви, за преку Гевгелија незнам како е.
^ И преку Гевгелија нема гужви бидете без гајле,на граница е проодно. Хаосот е во Солун Тешчо е за движење треба само упорност и воља да копаш по купуви зошто не класичен шопинг
Женски,дали знаете дали работи Космос трговскиот во недела? Спојлер не ми се смејте ама во друг град во гр живеам,не во солун
продавниците и маркетот не работат во недела..само определени недели...еве ти во прилог работно време http://www.medcosmos.gr/hours/en
Девојки само што се враќам од Солун и морам да кажам дека сум презадоволна.. Гужва имаше, ама ништо тоа не е битно прво бев на Цимитски и се изнашетав се изнакупив, од попустот имаше уште многу работи останато, јас потрошив само 87 евра за 10 стварчиња. Во страдивариус купив 3 блузи и тоа со долги ракави за 3-5-7 евра панталони 7 евра Во Бершка исто си купив кошула и јакничка послем отидов и во Космос, исто влегов пак и во Бершка и во Зара и во Страдивариус, во Бершка уште многу други работи си купив, имаше во Тели Уејл чизми убави за 12 евра и ред други работи ама немав време .. битно си се прошетав и да ви кажам дека вреди да идете додека има уште попуст, јас ако можам пак ке одам следната недела
Дечки, јас бев вчера во Космос и морам да кажам дека што читам според коментарите е навистина до вкус.. Јас искрено не сум задоволна, многу помалце има избор оваа година во споредба со минатите..Си купив само 1 чанта и едни за на нозе.. Искрено не ми се исплати. Мое е да си кажам, па вие одлучете си
и јас бев вчера ама морам да признаам дека претходните години имаше многу повеке избор.Веке е донесена новата роба па освен во Бершка и Стравидариус, каде сеуште има попуст на другите места има само останат по еден рафт од попустот. На некои места беше како торнадо да поминало па имаше само по две три алишта останати.Ако одите во Бершка, Стравидариус, Манго , и Зара Спојлер во Космос е на попуст додека во центар само еден дел е на попуст другиот не тогаш по мое одете има сеуште работи како џемпери,сукњи и сл. (но не и чевли и палта)но на останатите места нема. Освен јас лично го предлагам Х&М каде е донесена новата роба но е поевтина од порано (има сакоа од по 22еур до 35 еур, фустани по иста цена, кошули од 15 еур, кои за сметка на тоа што се од новата сезона за мене беа достапни)
После долго токмење конечно и јас да го видам фамозниот Космос. Впечатоците? Онака! Не сум нешто посебно задоволна од шопингот, патики за мене, сопругот и малиот (нашите на попуст, на малиот не), фармерки од Х&М, неколку џемпери од Сфера, Страдивариус и Пулл&Беар и толку. Си ги вратив половина од парите назад. Според мене најдобар избор имаше во Х&М, Сфера, Промод и Пулл&Беар. Во Манго се наоѓаше по нешто. Зара избор 0, само партали останато, бендисав само една јакна 30 евра, се мислев дали да ја земам, ама брзавме да се вратиме, па не можев да се враќам назад. Не знам што толку ја фалите Бершка? Се' испомешано, внатре тинејџери колку сакаш, хаос! Не сум сигурна дали би одела пак, можеби дека ни беше првпат, па бевме како изгубени со сопругот. Не ми е јасно како пазаруваат со децата, јас сама не можев да издржам тоа темпо на влези, копај по рафтови, излези, пак влези.., а не пак и малиот да го носам со мене. За мене Асос, порачај и чекај на врата е поубава варијанта.
Јас бев во саботата, имаше попуст. Купив само од Pull&Bear и од уште една продавница и тоа за супер цена. Дуксер за 13 евра го земав а маицата за летно време со кожа на ракавите 10 евра негде. А најинтересно беше што за јадење баравме место со послужавниците со храна едно пола саат. Стоиме пред еден слепец, тој си седнал со кока колата сам на маса за 5 души и не му текнува да стане да јадеме. И на крај не најдовме место и седевме на скалите кај лулашките.
Бев на 18.01 и имаше премногууууу избор... (сеуште не беа испокупени) Се изнакупив, вриеше од македонци, чекав за гардроба по 15 мин... НООО сум презадоволна!