^ Девојки попустот е секаде ( иако незнаев дека се "делел" на Космо и Солун), од 15.07-15.08 и 15.01-15.02 се % во Солун, во центарот, Космо, па дури и по повеќето продавници во центарот и во Космо, покрај оние Страдивариус, Бершка, H&M, pull&bear, Манго, Зара, Масимо Дути..
Тоа и сакав да го кажам , попустите си важат за цел Солун, Космос е само еден мал збир на дуќаните, за да не мора да луташ низ Цимитски, па овде се е на едно место.
И да знаете,попусти нема само во Солун туку низ цела Грција,чисто онака информативно Инаку, сега има некои попусти ама на најобичните работи и некој мал попуст 20-30 посто Не се избрзувајте вистинските попусти ќе почнат од 15 јули
Утре одам во Солун вечерта се враќам,па да не лутам каде има највеќе попусти? И во Сефора има ли сеуште попуст?
Има повеќе, пиши Шопинг во Солун на google и ќе ти најде. Од овие попознативе, НЕХАР и ПЕТ имаат тури. А можеш сигурно да најдеш и по страниве за попусти некоја понуда за уште поевтино со некој превозник.
Девојчици бил ли некој деновиве, јас се токмам да одам накај 5 ти. Од долгогодишното искуство заклучив дека се е на среќа, и треба само да потрефиш претходно да биде полнето со роба,а датата и не е многу битна, нели освен да не е ептен на крај на попустите.
Conka прават секоја недела шопинг тура во Солун. Инаку кога се попустите официјални, негде крај на август мислам така?? Сакам убаво да прошетам, некое парталче да купам
Попустите се од 15ти Јули до 15ти Август, што значи дека се веќе почнати, после тоа добиваат есенски колекции па може да најдете и нешто останато на попуст ама минимално. Од мое искуство почеток на Август ми е идеално, ем попустот е веќе на 50% па и повеќе ем има избор не е се разграбано. Исто јас секогаш купувам само од Космос, немам многу нерви да се моткам низ Цимицки. Космос не работи во недела, работат само кафичите и рестораните, продавниците не. Имаат распоред на работење на нивната официјална страна: SHOPPING CENTER MEDITERRANEAN COSMOS WORKING DAYS & HOURS Monday - Friday: 09:00 - 21:00 Saturday: 09:00 - 20:00 Ни на нивните празници не работат. За продавниците низ Цимицки незнам. Паркингот ми се чини беше 1 евро за цел ден.
Јас завчера се враќав од одмор и поминав до Солун и Космос. Имаше работи со попуст а новите модели не беа на попуст нормално. Има и во градот и во Космос попусти. Од 30-70 % попусти. За машки се испоземале, а за женски имате избор многу.
Може да ми кажете кои туристички агенции имаат тури до Солун во овој период од годината, меѓутоа сигурно? Досега секаде каде што прашав, не носат.
Јас кога идев во Солун со автобус идев преку Лени и Тера травел. Тогаш беа во центар. Лени Травел во ГТЦ, а Тера Травел спроти бикот на улица Македонија. Тера Травел се преместени, а Лени провери дали се на исто место. Или пак јави им се.
Девојки била некоја во космос од кога се почнати попустите? на интернет гледав има многу убави работи во бершка, страдивариус...ги има сите таму или нема веќе многу останато? сакам да одам викендот па да знам што да очекувам
Јас бев во саботата и има доста избор, само што не е и некој попуст како што знаело некогаш да биде. Не се толку евтини работите. Зависи каде ќе отидете, ама маичките најмногу се движат меѓу 4-8 евра, фармерки над 10 евра, сукњи зависи каков модел од 5-10 евра, повеќето дуксери и џемпери се околу 8 евра, цените на фустаните варираат, пак зависи каков е фустанот, имаше платнени патичиња од 12-20 евра, имаше и евтини балетанки и сандали само што не запамтив баш цени. Најголеми попусти имаше во Tally Weijl, таму имаше баш убав попуст. Bershka, Pull and Bear, Stradivarius така-така, има и доста евтини, ама и доста скапи работи (не зборам за новите колекции), Zara i H&M имаа попуст што не беше баш некој попуст, зависи што барате таму. Во една од продавниците ми рекоа дека секоја недела ги симнуваат малку по малку цените. Така што верувам дека ќе се намалат цените, ама тоа значи и дека ќе биде помал изборот.
Девојки дали во Космос има сеуште Бенетон? Не можам да се сетам каде се наоѓа, а и на нивната страна на мапата не можам да го најдам