Jas Mozebi ke odam za prv pat sega Nikogas do sega ne sum bila vo Grcija EDVAJ CEKAM DA ODAM VO EDNA OD NAJUBAVITE ZEMJI VO SVETOT !!!
Феминки, ај ве молам кој може од тие што биле, нека направи едно резиме од еден ден поминат во Солун, бидејќи прв пат ќе одам и не сакам да лутам. Ќе одам со организиран превоз, што значи дека таму се стигнува рано, и некаде до 1 саатот сме во градот... па после се оди во Космос..мислам дека е така. Е сега, во градот што има и каде има да се прошета? Покрај нешто да се купи, нели и да се види Некои убави места за посета, и дали воопшто има време за тие работи? Мачно ли е цел ден наваму натаму, па да ти збоктиса и пазарење и се? Едит: Каде се поевтини продавниците, во градот или во космос? На кои места да не се губи време и да не се лута? Фала ви.
Јас одам викендов, па ќе ве известам што се случува. Инаку @b.o.n.i поефтино е во градот и има многу повеќе избор. Ама ние секогаш го избегнуваме,па одиме дирекно во Космос.
Феминки јас бев за нова година во Солун и поминав една недела таму. Премногу им беше скапо по бутиците, искрено премногу а пусти грци грабат ли грабат облека иако е скапо.. Сега незнам како се цените, али ете зборам за пред десет дена како беше. Инаку од пазарот си купив два пара чизми по 600 денари,прекрасни се.Имаше убави работи по 8евра, блузи по 5 евра(Зборувам за тоа што ми се допадна ептен), имаше избор.. А за во центар јок, ништо не си купив, премногу беше скапо...
Девојки кои планирате да одите викендов ќе ве молам за одговор да пишете како сте поминале, каков е изборот. Јас веројатно ќе одам наредниот викенд 24 јануари, иако во план ми беше за претстојниот.
Девојки бев вчера во Солун. Ај што го изгубивме патот навигацијата заеба и немав многу време да шетам туку и навистина се разочарав од попустот и изборот. Секогаш сум си купувала многу облека. Јас идам секоја година ама годинава изгледа подранив и не успеав ништо да си најдам. Тоа што го имаше беше просечно исто како и кај нас нема нешо WOW барем според мене. Гужва немаше и нешто многу јас намерно избегнував да биде Сабота па одлучивме петок. Криво ми е што не прошетав на Цимитски не знам зошто мислам дека таму повише избор има. И ај колку да не се вратам со празни раце си земав ташна 30 евра и накит прстени по 5,6,7 евра и сукња од Tally Wejl за 5 евра и на крај кога си израчунав 80 евра сум потрошила за ништо Ке идам пак почеток на фебруари или крај на Јануари за тие големите попусти, лани тој период отидов и баш убави работи си најдов.
Постот си го пишала денес, а денес е петок а велиш дека си била вчера а вчера беше четврток а си одлучила да одиш во петок... Чисто ко инфо, Бисер турс од Ск. организира превоз до Солун за 500ден повратна карта за 19,01,2015.
@slavica999 сум се збунила, изгубив осет кој ден е. Иначе да, ако сакаше да прашаш нешто бев вчера Четврток
Јас бев вчера,попусти има ама затоа и ненормална гужва да ти се смачи купувањето. Морам да признаам повекето со цени беа и како кај нас Манго и Калиопе а останативе на некои работи имаше убави попсти али очекував повеке. Зара не се дишеше од гужва ко небаре без пари делат облека таму а за Страдивариус само скриена камера фалеше некој да ги снима гужвите пред каса. Панталони од 10 евра нагоре се движат,фармерки од 20 па нагоре скоро секаде,Бершка и Страдивариус имаа џемперчиња по 5 евра ама броеви тенко само Л и ХЛ ,ташните испод 25 евра нигде невидов ,наовчаници по 5-8 евра,долната облека од 20 евра па нагоре во сите продавници. Едино ми е мака исплатлив попуст има во спортските продавници на панталони и јакни за скијање по 20-30 евра ама и таму само броеви големи останати.Се друго приближно ко кај нас.