Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Солун

Дискусија во 'Мода и стил' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    8.183
    Пол:
    Женски
    И јас бев вчера со една колешка, таа била и лани, па да се прошетаме и купеме нешто. Искрено, имаше премногу гужва, расфрлани закачалки и облека по земја, чекање на каси и по 20 минути. Имаше избор, но не којзнае колку намаление, поголемиот дел од облеката си беше над 25-30 евра, инаку можеше да се најде и за 5,7,12 евра ако има бројче секако. Од толку гужва не ми се ни пробуваше, тоа што беше S право си земав. Зара и Манго не беа нешто намалени, цените на голем дел беа како и тука, долна облека по бутиците над 20 евра. За мене искрено најдобро беше во H&M, од таму си земав 5-6 парчиња по 5 евра.
    Баш и другите во автобус прокоментираа дека не било како лани, помалку избор имало.
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  3. abcde

    abcde Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    13
    и јас бев вчера, имаше попуст ама не како лани, си купив еден пар фармерки и 4 блузи од зара. :doh::doh:
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Многу рано одите, јас обично одам крај на Јануари тогаш е уште поефтино и секогаш се враќам со полни раце.
     
    На Waka-waka, joy1, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    И мои другарки се вратија вчера и исто се жалеа дека не нашле многу работи, а да биле евтини. Се што им фатило око не било на голем попуст.
    Јас искрено за фармерки од 20 евра и и џемпери од 15 не би ни тргнала, затоа што реално тоа и не е нешто којзнае каков попуст, а башка тука има доста голем избор последниве години. Затоа и на летните и на зимските одам при крај кога веќе се е е крајно намалено. Е сега стварно нема избор на бореви, ама барем знам дека тоа што ќе го најдам дека стварно ќе биде багатела и што е најважно нема да се тепам по продавници и да чекам со саати во редици. На крај краева во Сефора секогаш ми се исплати да влезам, па макар и ништо друго да не ми фати око, не ми е џабе патот.
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски
    Најубаво е да одите крај на јануари , сега се уште не се толку големи попустите , дури и на почеток на февруари ако отидете нема да згрешите :) а попустиве во Сефора не се пропуштаат , додуша секоја недела има попусти таму ама и сега , баш ми се пофали една другарка купила лак на ОПИ по 6 евра (инаку еден без попуст е околу 12) и мини сет 4 лакчиња ОПИ за 6 евра. На др марки Есте Лаудер,Клиник,Диор,Бенефит попустот им е 30-40% а ако земете нешто над 100 евра има 50% попуст на Шанел ,Кларинс итн ( сите производи на Шанел секогаш имаат попуст само 10%)
     
    На ivancekitty, joy1, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Еве и јас да ви дадам инфо . Јас пак презадоволна. Си земав 4 кошули по 10 евра, две од Сфера и две од еден грчки дуќан, новчаник 4еу од Пул енд беар, получизми антилоп 15еу од Страдивариус за дете и мм да не пишувам . Џемперчиња од 5еу па нагоре, имаше и нешто летно за 3-4-5 еу, сукњи по 10 еу беа во Зара, капути - турски од грчки дуќан од 25 еу, хеланки оние као кожни 7еу, панталони и јас неможев да најдам бр.....Зависи кој што бара и како се снаоѓа во хаосот . Ми дадоа ваучер од H&M на 5 еу за следно купување до 8 Март, ме збуни малку и ме изненади, некој друг да не добил?!?
    Луда гужва беше, посебно во Солун но повеќе избор имаше во Космо. Вчера дефинитивно пола МК и Србија беше на шопинг.
    Приметив дека на пола роба стоеше sale 50-60% но не беа ставени етикети со цени на попуст туку стоеше цена без попуст. Без срам си прашав и кога ја куцнаа на каса излезе 60 пр. попуст и така мм си ќари убава зимска јакна. Незнам што им беше фората, дали не стигнале да излепат нови цени ама навистина имаше 60% попуст.
    И така, сега одмарам мускули на нозе
     
    На Waka-waka, joy1, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  8. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас одам сабајле во Солун, се надевам дека нема да има гужва, затоа што обично повеќето одат за викенд.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Preubavo e bev ima I popust uste trae do kraj na Januari vo Cosmos I Ikea bev :) ako ne kupuvas nisto I prosetka e dovolna Thessaloniki ili Solun po nase e prekrasno mesto :D bi odela pak . Wait For Me Greece ;)
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Па зависи што барате, свечени фустани во дукани од типот на Бершка сигурно нема да најдете.
    Не дека не се наоѓа де,ама треба да си упорен.:D

    Инаку избор имаше,т.е се беше полно,ама гужва невидена, претежно наши и некултурни.:doh:

    Главно зимските колекции на сите им се состојат од плетена гардероба.
    Секаде цените на наметките и блузите беа од 10е , па нагоре.
    Чизми од 25е нагоре, за разлика од лани кога имаше и по 10.
    Палтињата од 25е, нагоре-спортски, балтончиња слабо годинава, единствено во Тејли видов.Чантите во Страдивариус беа околу 10е-15е, на другите места малку поскапи.
    Фармерки ,панталони, 10-13-15...Фустани,блузони -13-15е..нагоре
    Сукни имаше и за по 5е, но тенок материјал, летен.
    Друго не ми текнува во моментев.
    Ова се цените за Зара,Бершка,Манго,Страдивариус,Тејли, Массимо...

    Не за Атика и останатите:wasntme:.

    А на сите кои им треба патот, прво се вози накај Солун, после продолжувата накај Халкидики, го возите патот према Халкидики-па ќе го видите од десната страна Космос, си има знак, се врти десно.

    Инаку се е ствар на среќа, сум биле и почеток и крај на намаление- и нема правила , можеби цените се пониски, ама некогаш и дуканите се по празни.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Јас бев скоро и ќе ви кажам отприлика каков е изборот, имаше сакоа по 20 евра во Зара, кожни палта по 15 евра во Бершка, можеа да се најдат убави дебели џемпери за 12-20 евра отприлика се движеа цените секаде, фармерки исто имаше ефтини и кратки чизми до глужд беа секаде намалени и имаше доста избор.
     
  12. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Бев вчера, имаше попусти навистина, но ништо посебно. Предходните години имаше поголем избор, сега послабо некако, барем јас и другарките дојдовме до таков заклучок. Имаше убави ташни, си купив две. Панталони, блузички некои, купував онака колку да не се вратам празна и кусур вратив дури. Порано се враќав со еден куп џемпери, маички, сега имаше многу плетени работи и обични блузи. Сакав кошулки да си купам, но повеќето што ги видов беа проѕирни и обични.
    Во Скопје сепак ќе си ги потрошам останатите пари.
    Во Cosmos јадев многу грд сендвич којшто ме чинеше 7евра и не можев ни да го изедам од што немаше никаков вкус. Многу ми се јадеше гиро, но толку бев уморна и гладна што не ми се стоеше во огромната редица, па купив од сендвичарата кај што чекаа двајца пред мене, што можеби укажуваше на тоа дека храната таму не чини. Дури и гиро што секоја година си јадам, оваа не успеав, сепак и тоа останува за Скопје, да не го мислам.:lol:
    На крај си седнав со другарки во Brulee cafe bar, си јадев многу убава чоколадна крофна и срцето ми дојде на место. Освен тоа кафичот е многу убав, покрај вода, убавини.:inlove:
     
    На koritsaki, Candid и joy1 им се допаѓа ова.
  13. slimsblue

    slimsblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    102
    Со кој агенции идете за Солун девојки? Колку е повратна карта?
     
  14. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    девојки има ли превоз некоја агенција други денови освен петок-сабота... од скопје
     
  15. bakiii

    bakiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    девојкииии дали сте биле сега бргу во солун?
     
  16. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Девојко нели ги читаш мислењата над твоето?
    Имаат феминките убаво напишано, туку, кој да прочита. (facepalm)
     
    На thegirld, koritsaki, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. bakiii

    bakiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    се извинувам ;) јас ќе одам во сабота па се надевам дека ќе се најде нешто :)
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Како идат турите со минибус или автобус за Солун?
    Има ли опција само до Космо и Цимитски?
     
  19. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Јас бев вчера во Солун, па да споделам...
    Попусти имаше секаде залепени по излозите, но внатре во продавниците неколку парчиња, претежно летни на попуст а се друго беше нова колекција. Како што имаат пишувано и феминките погоре, попустите годинава се гола вода за разлика од оние попусти од минатите години.
    Башка и сабота, во продавниците ужас гужва, облека расфрлана во купови и на земја и се осеќаш како за стока да е а не за луѓе, а народот ужас граба ли граба и туку се бутка да земе некое парталче- буквално ваква беше атмосферата скоро во секоја продавница а посебно во Бершка, каде персоналот воопшто и не се трудеше да ја среди облеката. Редови на каса до влез на продавница, па чекај 2 саата.
    Најмногу попуст имаше Страдивариус, ташни по 8,10,12 евра, новчаници за 3 евра, преубави чизмички до глужд за кои уште ми е мака оти немаше број-20€, имаше и убави шешири за 4€, џемпери 10,15,20 евра ама штета што имаше многу гужва па и неможеш на раат ни да видиш ни да пробаш.
    Во H&M доминираше новата колекција, а на попустот имаше џемпери по исто така 15-20 евра поубавите, а оние basic со копчиња беа 10 евра. Немаше попуст на козметиката, само некои руменила што беа веќе изронети и уште некои безвезе работи. Pull&Bear имаше убави ташни за смешни цени кои се движеа претежно 5,8,10 евра. Си бендисав и една маска за телефонот која чинеше 3 евра ама редот за чекање беше огрооомен и неможев толку да чекам. Во Манго имаше убави работи на попуст ама бројче неможев да си погодам (малер сум голем ;((facepalm)), чанти имаше по 10,15 евра (само чанти ко да гледав хаха :lol:) убави ама некои беа дефектни. Во Тејли не ме бендиса воопшто изборот, претежно беа партали од едни тенки, никакви материјали, единствено убаво што видов на попуст беа едни патики за 15 евра од кои повторно за мене немаше број и накитот, прстени сет од 5-6евра, венчиња по 1,2 евра и часовници по 9 евра.
    Генерално не сум задоволна од изборот, а и незнам со кој ум тргнав да одам во сабота, a и како што реков, попустите не беа тоа што беа, извадиле летна гардероба, некои партали и туку-таму по некое саглам парче.
    На крај, си се вратив со Clinique сет, Opi лакчиња по 6 евра и уште некои ситници од Sephora, џемпер од H&M, ташна и новчаник од Stradivarius, и некои други ситници кои ги купив колку да не си дојдам со празни раце, Versace Bright Crystal парфем и чоколатца и узо од фришоп, аа и маска за карневал и други ситници што ми дојдоа под рака од Џамбо :D. И толку од шопингот, си се вратив разочарана, не си купив скоро ништо од тоа што си планирав да си земам и сега планирам здравје да одам до Софија можеби таму ќе ми се посреќи :wasntme:.
    И многу си се распишав знам... Бидете ми поздравени :hai::*
     
    Последна измена: 25 јануари 2015
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски
    Кoј ќе oди вo Сoлун дa знaе.. :)

    [​IMG]
     
    На Mama25, mims-89, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.