Во сефора има стално попусти..за оваа недела до 30% на сите брендови (козметика и парфеми) , имаш за избор неколку парфеми 30 евра за 30 мл парфем , 30% на сите маскари Сефора ,ако за нешто подетално те интересира кажи
Конкретно за Anastasia Beverly Hills ме интересира. Не знам точно каде ја има и како е со цените, дали повеќе ми се исплати да нарачам од сајтот или да одам до Солун. И MAC како има попусти? Парфеми многу многу не обожавам, ама за шминка душа давам.
За жал ги нема сите производи на А.Б.Х , го има поточно овој производ само , за контурирање на лицето. 56 евра чини а со попуст 47,50. Незнам за кој производ поточно си заинтересирана од овој бренд. И Мак оваа недела има 25% незнам како ќе биде за наредната. @Bloom19
А дали работат за време на попустите сега во Јануари кога се во сабота и недела? За космосот ме интересира.
@koritsaki или можеби некој друг ако има искуство... Би сакала да знам каков е квалитетот на производите од Сефора, мислам на брендот, бидејќи во споредба со сите други брендови во нивните продавници тие се многу поефтини.
Си се обратила на право место ако ги следиш моите мислења ќе видиш дека скоро се имам пробано од брендов Сефора. За што поточно те интересира? Во врска со шминките задоволна сум од се - имам пробано и пудра за мрсно лице , руменила , бронзер , моливи за очи , но најзадоволна сум од кармините и сенките и да ти кажам сенките на Сефора можам да потврдам дека подобри се и од на Есте Лаудер и од Диор а овие два бренда каде каде се псокапи. Имам пробано крем за сончање , маски за лице , мицеларна вода единствено од кремите не сум мн задоволна зашто имам мрсно лице и претпочитам да користам креми со мат финиш. Ако нешто повеќе те интересира пиши ми ЛП
@koritsaki Утре планирам да одам во Солун, па ја разгледував страната и забележав дека Сефора има прифатливи цени, а бидејќи живееш во гр веднаш се сетив на тебе за помош Ништо конкретно немам да барам,амa сигурно ќе појдам и ќе земам нешто, зависи од моментална инспирација Ти супер си објаснила.
Оваа недела има попусти на парфемите , 30% попуст на камените и течните пудри на Сефора како и до 30% попуст на поскапите брендови. Попустот до сабота трае
девојки јас лани бев на 31 јануари и немаше баш многу работи.... дали попустот е ист од 15ти значи кога почнува или се зголемува кон неговото завршување? фала ви
Пoпустoт пoчнувa нa 15ти и при крaј нa ooпустите некaде крaј нa јaнуaри пoчетoк нa фебруaри дoстигнувa и дo 80% пoпуст нo немa избoр aкo ептен имaш среќa нештo ќе нaјдеш. Нaјубaвo е дa oтидеш некaде нa пoчетoк кoгa ќе имa и избoр пoгoлем
Мене лани случајно ми се погоди на 15 февруари да одам и на 28, на 28 имаше негде 80% попуст во H&M и стварите што на 15 беа регуларна цена, на 28 беа на попуст. <воедно тоа им беше последниот ден од попустите. Планирам оваа година некој викенд после 15 да отидам така да @koritsaki ке те позамарам пред тоа сигурно