Леле малце не знам како да ти објаснам ама ќе пробам ајде. Во трговки се наоѓа. А влезот на трговскиот е од Тсимитцки кај што се сите продавници. Влагаш во пролазот и одиш десно до крај и во ќошот ти е Манго. Не ми текнува некоја попозната продавница што е до него али оди по редот што е од страната на градот, не на кејот и не би требало да го утнеш. Со среќа
Да не знае некој колку отприлика чини стрижење во фризерниците во Космос?Или фенирање и пеглање?И дали сте задоволни од услугата,препорачувате ли?
Значи разговаравме со дечко ми за одење во Солун.Но ме интресира бидејќи сакаме да одиме со превоз од агенција дали се царини робата колку работи можеш да си купиш и да ја донесеш во Македонија? Дали на граница има претрес кој како купил за колку пари? Извините не сум патувала многу надвор и немам искуство? Кога почнуваат попустите? Искрено сега бев во Скопје имаше некои попусти, ама пак цените не беа како за мене на пример кога има попуст во Теранова има баш работи ефтини Благодарам
Дечки најавуваат дека од недела почнуваат попустите во солун. Има вистина или трик на превозниве компании е?
може да ми лажете како се вика и кај се наоѓа outletot за спортски брендови и гардероба ..некаде накај космос бил мислам дека .... или?
До сега ми се случило само еднаш да не претресуваат, тоа се случи пред некои 6-7 години и не беше ништо страшно, не ни проверуваа детално туку онака колку да се рече. Попустите се некаде веќе почнати, ама апла големиот попуст што сите го сакаме не знам искрено точно кога почнува, една феминка ми кажа после 15 јануари ама јас мислам дека ќе почне одма после Нова година. Најубаво ќе биде да си се јавиш во агенција и да прашаш. Ако имаш прилика дефинитивно оди, само не оди на крај од попустот зашто тогаш е најкрш - се што е на попуст е нешто за нигде што не се продало, а ниту пак е стигната целосно новата колекција. Ама и тогаш ќе се најде нешто, сепак H&M си е таму
Големи попусти сега нема , може по некои продавници да се сретне по некој попуст (и тоа на одредени работи) , но немаат врска со големите попусти. Попустите почнуваат од 15ти јануари и траат се додека не се распродаде се.
Дали во тоа Космосот (сум била еднаш само), има продавници со ХЛ гардероба или се сите С и М и ако знаете некој, да ми ги кажете да е лутам
Јас бев вчера, и да ви кажам ни П од попуст нема...сеуште, за разлика од Бугарија каде во Х и М имаше попуст до 50% .
Имаше коментари на ФБ дека попустите во Солун биле од 11 јануари за тие што сакаат да одат. Јас бев ден пред нова година (бидејќи така ми рекоа) ама ништо. А роба искрено, поубава сум наоѓала во Скопје, кога влегов во зара, манго кога ги видов тие гужваните кошули, џемпери, палта ми се слоши а за цените да не зборувам
ха, ете касно ја видов темава, а штотуку пишав во друга за зимски капути и јакни.. и баш наведов дека бев у грчка пред неколку дена и си купив прекрасна јакна и тоа само за 10 евра на некаков попуст беше. прекрасна е стварно. немав многу време за шетање но знам од предходно дека мнооогу има за разгледување купување шетање... а посебно сега периодов со попустиве.. имам доста гардероба од таму и не сум зажалила до сега..
Popustite pocnuvaat od Januari a traat do krajot na februari mislam ali jas ne odam da kupuvam odam da se prosetam onaka da vidam sto ima novo i da setam pokraj moreto mnogu ubav grad e solun
Кога точно во Јануари? Некои ми велеа дека почнувале од 15-ти. А дали продавниците и центрите работат и во недела?
Кој ќе иде во H&M ме интересира дали ја има новата колекција на соработка на Balmain со оваа куќа. http://www.elle.com/fashion/news/g27148/balmain-hm-collaboration-lookbook/?
Планирам да одам на 16ти...прв пат ми е, па не знам дали ми е добра идејата. Да не има премногу гужва? Можеби ќе нема добри попусти баш на почеток? Ај некој од искуство, ви се молам.