И јас ќе одам на 16ти. Па претежно има многу гужва, а плус и викенд е тогаш повеќето се слободни па го искористуваат тоа. На почеток има 30-40-50% зависи во кои продавници ама па февруари ако идеш тешко дека ќе најдеш нешто убаво и нормално бројчиња има помалце.
Јас за да избегнам викенд гужва планирам да одам на 15, прв ден од попудт. Колку ми е паметна идеава незнам.. Ај може ќе одложам
Јас сакам да одам, ама заради работа можам само преку неделата. Агенции кои возат било кој ден знаете? Цената не е битна
Оди во аутлетот за спортска гардероба, уф не може да ми текне како се викаше мислам Мега аутлет, ама преефтино беше,кога бевме другарка си зема најк патики за 20-30 евра ептен убави не некои да кажеш застарен модел,за трчање, спортување, шетање супер се.Има многу избор сигурно има и стартки.Ако бараш конверс си држат цена она, ретко се наоѓаат на накој драстичен попуст.
Ако одите со сопствено возило до Солун ви препорачувам и да отидете до аутлетот Sallonica Outlet. Иначе фаќајте порано зошто има гужви.
Може малку подетално кај се наоѓа и дали по продавници може да се најде квалитетна роба? Како е со цени во однос на Космос?
Лично не сум бил, но беше еден мој другар. Цените се поефтини од Космос. Се наоѓа близу до морето и до Белата кула. Има официјална страна и ја пишува адресата кај се наоѓа. Голем објект е.
На сајтот на Космос и Икеа пишува дека продавниците и маркетот ќе бидат отворени и во недела на 17-ти. Колку е ова вистина? Имало некогаш да работат во недела кога има попусти? Да не ми биде џабе одењето.
Еве мапа според која од One Salonica Outlet до Белата кула има некои си 43 минути пешачење или 15тина минути со автомобил. Е сега дали 43 минути се близу или далеку е релативно