1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Тирана

Дискусија во 'Мода и стил' започната од WhiteAngel, 6 февруари 2012.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Кога се враќавме од Солун неколку души споменаа дека оделе на шопинг во Тирана. Имало доста поголем трговски центар од Космос, а цените за време на попуст биле пониски од грчките.
    Се распрашав и дознав дека на 18.02 ќе има тура и сакам да одам.
    Ме интересира дали некоја од вас била и како си поминала?
     
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    јас не сум бидена а во план ми е :)
    Една другарка што била ми кажа дека бил најголем трговски на балканов многу избор имало а и попусти како во Солун па сега колку е точно не знам ајт да видиме некое ваше искуство. :)
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Види каде каде е поразвиена едно 10 класи од кај нас.. па ништо не ме чуди..
    јас кога бев пред 4 години останав едно 3 месеци таму и имаше нешто како шутка слично ама огромно како цел центар наш и имаше :o цени што ке ти застане здивот..И се изнакупував јакни се утепав кај нив овој "пазар " се викаше Габи и имаше толку убави работи, нели дека се блиску до Италија и од таму ги зимаа..
    Убава идеа ми дадовте и јас би сакала да скокнам да прошетам :)
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Имате име на трговскиот или листа на продавници?
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    За името на трговскиот не се сеќавам како рекоа, а продавниците биле како и во Космос, значи Бершка, Зара, Х&М и сл. на нив...
    А јас пребарував малку на интернет и прочитав дека имало доста продавници за чевли од италијанско потекло. Како што стоеше таму, имало повеќе избор на чевли отколку на облека. :)
    Па, ќе видиме...
     
  6. Mjauu

    Mjauu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Јас бев лани Тирана ама набрзина една вечер само.Во трговскиот кашо бев(City Park) немаше ни Бершка,Зара,Страдивариус ништо такво,само waikiki јас сретнав од подостапниве продавници.Се беше висока мода,ете ти доказ кај се парите и која земја е поразвиена.Е сеа сигурно имат и други трговски јас си кажвам за кашо бев
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Eве сеа проверив на интернет на официјалните страни ни Зара има ни Х&М има ни Пул&Беар. Бершка вајда има таа секаде ја има. Манго пишува дека наскоро ќе се отвори, значи нема.
    Колку само за информација.
    А дека имаат италијански производи ич не ме чуди блиску им е, а и шверц компани ради таму на велико.

    Јас искрено ептен се заинтересирав и сите се презадоволни од Софија, откако влезе во ЕУ ги нема царините и давачките и пониски се цените, да речеме слични/исти/пониски зависи за што од Солун.
    За разлика до земјите кои не се во ЕУ и имаат поголеми царини и давачки како Србија, Албанија, Македонија па кој бренд и да дојде поскап е. Значи за брендови што нас ни се познати, да речеме како оние од Солун и Софија, па за нив не одете во Тирана.
    Ако одите одите трк на тие пазари и други места и барајте италијански производи.
    Но прочитајте си убаво на интернет за шопинг во Тирана сигурно има информации.
    Како и да е јас лично не би одела, ич не ми е сигурна Албанија како земја, може грешам, но се во развој, може во иднина да одам, сега јок, посебно не да одам 100тици километри за да купам на сомнителни пазари. Може грешам не викам не, времето ќе покаже :)
     
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    шопинг во тирана...од една страна топ,...но од друга,...и не баш- албанците ги прават најдобрите копии па така ке мислиш дека си купила мис сиксти палто да речеме на попуст 6000ден и случајно ке откриеш една малечка белешка така внатре во палтенцето made in albania чисто ви кажувам од свое искуство :lol:
    јас се зезнав така
    И часовникот ми е на d&g a кога се расипа го отворив и така фино ми пишуваше made in china

    рака на срце девојки во Тирана треба да знаеш каде да купуваш, јас искрено по би ја препорачала за шопинг Приштина
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    A цените во приштина се?
    и тие што пари имаат таму? Jас не сум била никогаш, а на каде е... инаку би ми било страв да одам во приштина, сама со женско друштво...Cепак мислам дека Tирана е каде каде побезбедна :)
     
  10. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Јас лично никогаш не би отишла во Тирана на шопинг.
    Прва причина,Албанија како земја ми е несигурна,па така и престолнината,никако не би можела да се опуштам таму.
    Второ Албанија е понеразвиена од нас,не знам што би брарала таму.Нема Зара,нема H&M,нема ништо.Попрво ќе им направам промет на нашиве,него да одам таму,за истите пари или може малце поефтино ама плус патот,кога ќе видиш исто ти се фаќа.

    Едно големо не за шопингот во Тирана,Приштина и сл.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    искрено јас сеуште не сум била во Приштина, беше мојата најверна другарка со мајка и и сестраи ,карта повратна од скопје е 600 денари, цените се во евра, имале отворено големи трговски полни со секаква брендирана гардероба, сите фирми кои ги има во Белград ги има и во Приштина но поефтини, односно не толку ефтини -колку што може да биде ефтина брендираната гардероба. Моја следна шопинг дестинација е Приштина , Здравје во план ми е да одам летово (односно да свратам после одмор) па со повеке детали тогаш.
    Колку за информација таа си купи H&M фармерки зa 35eur, Mexx торба 20eur, очила за сонце rayban 90еур а кај нас беа 7200
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    искрено јас сеуште не сум била во Приштина, беше мојата најверна другарка со мајка и и сестраи ,карта повратна од скопје е 600 денари, цените се во евра, имале отворено големи трговски полни со секаква брендирана гардероба, сите фирми кои ги има во Белград ги има и во Приштина но поефтини, односно не толку ефтини -колку што може да биде ефтина брендираната гардероба. Моја следна шопинг дестинација е Приштина , Здравје во план ми е да одам летово (односно да свратам после одмор) па со повеке детали тогаш.
    Колку за информација таа си купи H&M фармерки зa 35eur, Mexx торба 20eur, очила за сонце rayban 90еур а кај нас беа 7200[/quote]
    Mене не ми е битно да е марка, туку да е ефтино! за марка, да ок, ефтино е, ама сепак јас би за 100е еден огрооомен шопинг, со обични облеки! Tака да приштина не е за мене :D
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Вие не знаете што зборите ... како тоа Албанија е понеразвиена од нас?! Да не ве чуе некој ке ви се смее..
    Албанија е 10 пати поразвиена од нас, посебно Тирана.. кажувам од искуство
    Башка у никој случај не можат да се споредат нашиве албанци со таму тие

    Приштина е исто така многу добра за шопинг јас лани бев матурата кога ми беше и се изнакупував, многу многу евтино.
     
  14. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    ^ и јас тоа сакав да го кажам, Албанија е каде каде поразвиена од нас!!
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Јас на шопинг не сум била, ама сум била на одмор. Албанија е далеку поразвиена земја од нас, луѓе.
    Многу се понапред.
    А за Приштина не знам, некако не ми се прави ќејф за одење. Ради безбедност не за друго. Додека Тирана е побезбедно.
     
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Заради каква безбедност жити се?! Приштина исто така е понапред од нас, не зборам за порано ама Приштина е и економски поразвиена од нас.. Ете од лично искуство зборам..
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Ако некоја земја е поразвиена од нас не значи дека е и побезбедна.
    Мое е каде ќе одам и поради кои причини нема да одам...
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Незнам за вас, јас не би одела!
    Незнам каков е патот, порано знам ужас беше.
    Пред се би одела до Софија него до Тирана!
    Немам никакви предзнаења па ни позитивни мислења од други.
    Инаку 35 евра за фармерки од H&M не е малку, јас од таму за 15 си имам најдено.
    Незнам какви се цените, ама не би експерименитрала.
    Солун одела мајка ми пред 20 години, сега и јас а мислам дека сеуште ќе се оди, пред се заради добра репутација, Солун е познат од памтивек како добар трговски град!
     
  19. scorpionphoenix

    scorpionphoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    На патот Драч (Dures) - Тирана од лева страна има трговски , се вика City Park . летово бев таму многу е ефтино се изнакупував многу , особено од спортските продавници најк и адидас оргиналите беа намалени си купив 6 пара најк. Некој беа 50 некој 60 евра . Има и затворено лизгалиште на мраз... 8)
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    па мислам дека и баш не е многу ефтино, туку е слично како кај нас во Hајк или се лажам? :)
    мислам дека и кај нас Hајк патики се таа цена
    DAFUQ? мислам дека Kосово се знае по што е познато :^) и да, би ми било страв, не би се осеќала безбедно таму, не сама или само со жени!
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.