1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Тирана

Дискусија во 'Мода и стил' започната од WhiteAngel, 6 февруари 2012.

  1. scorpionphoenix

    scorpionphoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Инаку кога бев летоска патот уште го правеа. Лош е патот до Каваје , потоа е добар .А што се однесува до безбедноста во Тирана и Драч е безбедно дење , па и ноќе доколку сте со придружба , а во помалите туристички места е опасно особено ако шетате сами или само девојчиња . Јас кога бев на одмор во рок од една недела имаше 2 случаеви за киднапирање на девојки кои шетале сами , застануваат ги стават во џиповите и којзнае кај ги носат , инаку полицијата е мн корумпирана и никогаш не е на страната на туристите .... Во таа смисла не е безбедно...
     
  2. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Реков мое мислење и јас не би одела на шопинг во Тирана.
    Ај натепајте ме,ако за Албанија и немам баш позитивно мислење |( За Косово и да не збориме,тоа никако,никој не може да ме убеди дека е безбедно или понапредно од Македонија.
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Тие што не биле никогаш нормално дека ке зборат поради некои свои прерасуди кои им се само во главата..
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  4. scorpionphoenix

    scorpionphoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    па мислам дека и баш не е многу ефтино, туку е слично како кај нас во Hајк или се лажам? :)
    мислам дека и кај нас Hајк патики се таа цена


    Па да , во право си за цените . Јас одамна немам шетано кај нас по продавници и затоа не знам какви се цените , бидејќи до сега зивеев во Италија па избрзав и направив споредби за цените од таму и тука...се извинувам ...
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Aбе ајде остај. да ти си безбедна таму, ипак ти си Aлбанка, го знаеш јазикот!
    Hе е тоа предрасуда, туку реалност, каде цвета белото робје највеќе....?!
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Незнам колку е безбедно стварно, ама мене едно ми е нејасно, како се разбирате, колку што знам aлбaнците не знаат асално Англиски, а и Албанскиот во Албанија и овој тука нема врска, нашиве зборат нешто нечист, не-литературен со примеси од Косово!
    Така да, прво бариера е јазикот, второ е патот не е баш сјаен, и трето дикутабилно е дали има избор што продавници има, и како се цените, зашто се што кажавте сега не ми се виде мене ич евтино.
    Само кажувам, што како мислам.
     
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Зошто кога идеш во Грција мораш грчки да знаеш..?! Дај не заебавај.. нема ИЧ врска дали јас сум албанка или македонка..
    За шопингот нема да коментирам, точно секој си има право на свое мислење кој сака нека иде кој сака не, од тоа пари не зимам јас само си кажав свое мислење, дека не можеме да се споредиме со нив, ко прво и основно колку е развиен туризмот таму а колку кај нас?! Не можам да генерализирам како што тоа вие го правите..КАко може да биде небезбердна кога е енергетска суперсила и членка на нато!

    И да се надоврзам со Хипица, точно не е ист јазиот таму и овој албански тука што го слуштате! Нема блага веза, они имаат многу убав и чист јазик, овој тука е (господзнаекаков) ама не е вистина дека не знаат англиск, како што спомнав погоре, многу им е развиен туризмот така да мора да знаат англиски..
     
    На Mala maca и fighter им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Во Грчка секој втор знае Англиски или има познавање, во Солун јас не сум наидела на накој што не збори англиски во продавниците.
    Затоа коментирам, ти можеш колку сакаш да контрираш без аргументи.
    едит тоа што е членка на Нато ништо не ми кажува и не сме кандидат па гледај до кај сме и што сме.
     
    На WhiteAngel и ludoto19 им се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    |( Jас зборувам за Kосово! 100 документарки сум гледала, и никој не може да ме убеди во спротивното!
    за Aлбанија јас не реков!

    да сум со маж, ајде де, нема да ми биде страв, ама сама таму да одам, пари да ми даваат не би!
    A во грција, знаат англиски ;) во Eгејска Mакедонија, дури и Mакедонски ;)
     
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    ^^ Не мораш, ама Грците со гоооодини имаат наши туристи, ако ништо друго српски разбираат од збор до збор, па и македонски :) Во Албанија за еден сок едвај се разбираш... Може е поразвиена од нас во смисол на инфраструктура, туризам, па дури и трговија, ама народот е векови наназад, без навреда.
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Не ме навредуваш, воошто јас сум родена во Македонија, АМА сум имала прилика да останам околу 4 месеци не се сеќавам точно таму и по друго е кога си бил и знаеш како е. не можеш да збориш за некоја земја за која само си слушнала на вести или тв..
     
    На soncicko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Во многу нешта не се сложувам со Womaninred, но во едно да - полесно ќе се разберете со Албанците англиски него со Грците.
    Минативе години имав прилика деловно да соработувам и со едните и со другите. Верувајте ми дека речиси и да нема Албанец кој не зборува англиски, а за италијански и да не правиме муабет.
    Грците.. па да зборат англиски како пудинг во уста да имаат.
    За култура, почитување, услужливост исто така Албанците ги јадат Грците.

    него тука кај нас, ни англиски ви треба, ни бутур :) купувајте македонски производи :)
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Не сум била во Албанија, незнам колку знаат точно сите по продавници и како се понашаат!
    За грците може не се најтечни англиски ама зборат, се трудат ма и на индијански англиски ама зборат :D
    Е сега за последнава реченица,
    Кој македонски прозоди, кај нас санјаева, мислиш купувајте кинески или турски за тродупло поскапа цена него на другите пазари.
    Убава ти беше реченицава, не ме сваќај погрешно, но сметам нема многу Македонски, ретки се, и се поретки и поретки!
    Нека има и кај нас тоа што го има во Солун или Софија по тие цени таму и со тие попусти и РАСПРОДАЖБИ, нема да се будалам и да идам 2-3 пати годишно пат незнам колку километри за облека.
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Некој да бил сега скоро на шопинг во Тирана? Дали имаат попусти, или нешто Outlet центар како Солун?