1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг во Штип

Дискусија во 'Мода и стил' започната од ubavi4ka, 1 ноември 2011.

  1. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    Слушам се почесто се оди токму таму на шопинг. Бил ли некој? Вреди ли да се тепа патот до таму?позз
     
  2. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Шопинг во Штип........искуства, совети!

    Еве јас да ти кажам дека студирав во Штип,и навистина има што да се види и плус имаш каде каде поефтини работи ,сега зависи и од каде си и што сакаш да купиш.Јас лично увидов дека Штипјани напреднаа во модата, а фактот дека највисока цена за невестински фустан е 15.000 мн ме радува :rofl: .

    Навистина,вреди Штип дури и околните места таму Кочани,Делчево,Пробиштип,Радовиш сите одат на шопинг таму ;) поздрав
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.749
    Пол:
    Женски
    Шопинг во Штип........искуства, совети!

    Студирам во Штип подолго време, но никогаш си немам купено којзнае што од таму. Единствено еден пар фармерки од Ефтинија на едносмерната и толку. Нема многу бутици во Штип, а и тие што ги има, или се со една те иста роба, или пак си ја преценуваат робата. Од Кочани сум, и можам со сигурност да кажам дека не одиме ние во Шт на шопинг, туку честопати Штипјани доаѓаат во мојот град од проста причина што кај нас има многу повеќе бутици, дуќани за обувки и сл, а со самото тоа и поголем избор. ;)
     
    На crazylady, esperanca, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Шопинг во Штип........искуства, совети!

    И плус во Кочани е најефтино. Каде во друг град можеш да најдеш убави обувки за смешни цени од 300 ден и нагоре ? Ни во Струмица нема :D
     
    На esperanca и happygirl им се допаѓа ова.
  5. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Шопинг во Штип........искуства, совети!

    :rofl: Точно,еве јас сум од Струмица и нема ниски цени.Кочани е закон,иако мене и Штип ми се допаѓа :clap:
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Шопинг во Штип........искуства, совети!

    Сигурно тука се мисли пред се на конфекциите, не на продавниците низ Штип.
    Штип е конфекциски град, а тие што одат во Штип за да шетаат низ чаршијата нека си одат на кафе.
    Финтата е да одиш низ фабриките и магацините.
    Сум била 3 пати и се враќав со празни раце, секако полн стомак и пак би одела само ради тоа :lol:
    Додека мајка ми се враќа со кесишта.
    Значи пред се за деловни жени, мајки, тетки, баби има облека. Не дека неможе да се најде и за млади, но сепак сум сметала дека не вреди тоа.

    Ќе почнам од Баргала. Минатиот пат немаше бројчиња не го погодив периодот. Значи совет ако сакате чизми одете уште почеток септември, може и август зашто тие веќе ги испраќаат за извоз тој период чизмите. Овој период тие веќе почнуваат и салонки за пролетта да прават. НО морам да кажам дека Баргала се преценија. Прехлани кога бев имаше чизми до 3000, а сега најефтините беа толку и до 6 илјади се движеа. Епа извини јес да се квалитетни, јес да е кожа, ама не мора да си ќарувате и вие до толку кога до лани друга политика водевте. Сеа ако одиш за евтино во баргала и квалитетно не тргај. Има скапо и квалитетно. Но затоа има големи бројчиња за оние кои го имаат тој проблем.

    Низ конфекциите треба да одите сами и да си влагате низ магацини, дел се средени, дел се ужас. Повеќето шијат само големи броеви да речеме од 40, некои од 38. Јас 36што носам имаше избор да не речам нула ама ај кец. Или во Линеа видов кошула убава од колекциите за помлади а таа колекција е минијатурна и ми вика 2800, а мајка ми купува од Линеа за 600 денари кошула.
    Има во Елена убави панталони но толку е ужасен магацинот, без гардароба, без никаква уредност ни нареденост ни по бројче ни модел значи цел ден да бараш за да најдеш треба. Цени преефтини 600, 800 денари панталони.
    Има уште една конфекција со убави работи и младалачки но мене се ми беше големо, немаа 36, од 38 почнуваа, а каков фустан имаа со мотив од Њујорк лиги ми течеа.
    И она што ми остави впречаток е во едната од конфекциите капути. Какви ти душа сака. НО повеќето беа продадени и останати големи бројчиња над 40. А ги продаваа за од 1000 до 2000 преубави волнени капути. Цените за извоз на нив што стоеја беа над 200 евра.

    Заклучок за девојките млади ако одат некогаш вашите мајки дружете ги може ќе ви се насмевне среќата, за сами да одите специјално до штип за во конфекциите не бива.
    Иако и друг фактор е битен. СРЕЌА. Каква среќа ќе ви се погоди во тој момент или претходно да шиеле. Може ќе ви се погоди Зара фустани, мене мис е погодија Maxx панталони, Д&Г кошули, а може и ништо.
    То е то.
    Како и да е пастрмајлијата е закон 8)
     
    На eloves, love23, AlicaInWonderland и 2 други им се допаѓа ова.
  7. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Не вреди да одиш до Штип за 2-3 парчиња облека . Како што рече Росоњерка ,има избор за повозрасни жени,а за младите нема воопшто избор ,така да собирај си пари и во скоро време во Солун да си одиш :rofl:
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Јас знам дека штипјани идат на шопинг во Струмица бидејќи немале доволно избор во нивниот град! И не само од Штип, туку и Радовиш, Гевгелија, Кочани, Валандово, ма од сите поблиски градови идат да пазарат во Струмица и се задоволни од изборот! Особено во периодот околу Нова Година или матурските, е тогаш најмногу ги има муштериите од соседните градови!

    А за шопинг во Штип и од она јас што го знам за Штип, за нивната едносмерна улица каде им се наоѓаат бутиците, мислам дека стварно изборот им е тесен! За цените не можам да коментирам бидејќи не знам дали се поефтини или не, но за избор знам дека немаат баш во малкуте бутици кои ги има во Штип! Сепак, не одам често таму и можеби не сум ги нашла вистиските бутици со добар избор!
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Онака нема којзнае што.Цените не се баш евтини,напротив.Иако Штипјани се подобрија,се повеќе бутици имаат а и појдете од тоа дека нема Штипјанка несредена ,неисфенирана,браво за нив ;)
    Во Баргала сум била во магацинот лани и полани ,лани зедов чизми за 4000 денари а и полани зеде сестра ми за толку...велат треба да ги начекаш попустите,ама кога се којзнае зошто јас појдов јануари месец кога рекоа дека се почнати попустите.Од Вивенди имам земено капутче за 4000 и нешто кое не се покажа како квалитетно.А со оглед на тоа дека Вивенди лупаат цени,4000 од фабрика е многу,и џабе инвестиција.Мајка ми има купувано костимчиња од Линеа,за постари жени имаат квалитет,за мене немам ништо бендисано,една кошулка која беше 500ден,а не ја носам некако ми е преозбилна |(
    Во други фабрики не сум била,можам да ви посочам бутик на едносмерната кои има предобри работи-Нана мислам се викаше,се наоѓа на крај од едносмерната од центар кога одиш од десна страна.Има и предобри ташни и гардероба.Исто и во Ефтинија ќе ја сретнете на едносмерната се наоѓаат евтини убави парчиња,како ќе начекаш :)
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Во Штип вреди да се отиде само ако сакате да купувате машки костими или па дирекно во Астибо.
    По бутиците нема ништо посебно едино од Бобо што си имам купено две зимски фустанчиња на попуст.
    А ме интересира баш каде во Кочани наоѓате парчиња од 300 денари? Смешни цени да ама по кинеските и на пазарите некои парчиња со грешка! Да има многу бутици може да се најде нешто ефтино но во глобала па и не е баш така ефтино.
    Кочани вреди да се појде за обувки, страшен избор има и тука можам да кажам дека може да се најдат многу ефтини, а убави! Буквално сега каков избор на чизми има срце да те фати :D
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Mене за млади многу ми се допаѓа еден бутик, со пристапни цени. Ваљда не се рачуна како реклама....Дума се вика бутикот, на двете близначки што креираат облека под истото име. Еве ги на фешн викот
    https://www.facebook.com/media/set/?set ... 601&type=1
    Значи девојките донесуваат стварно многу убави и модерни сттвари, ама сепак еден бутик е тоа, знаете одприлика на колку се сведува изборот. Има и уште 2-3 и што вредат и каде може да се најдат убави работи, едниот е роба од бершка, нешто ко евроазија само помалку избор

    А за магацините како што кажа Роси, како ве служи среќата. Може да најдете светски брендови пред да ги пратат во D&G на пример, а може и да нема ништо. Мада и тоа се сведува се на кошули и деловни облеки :) ретко да се најде нешто ко за 20 годишна девојка
     
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Алиса каде се наоѓа тој бутик Дума? Како овде три години не сум го сретнала :?: .
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Па прилично е нов, може затоа. Инаку се наоѓа до Балкан лукс ако знаеш каде е....кај Јувелир златарата. Накај плоштадот. Има два бутици едно до друго, едниот е Дума, тој вториот од десно кон лево.
    Ме сфати каде е? :)
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Девојки едно прашање каде се наоѓаат тие магацини во Штип ? Надвор од градот или ? :) И кога највеќе има роба ?
     
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ме интересира.

    Инаку по бутиците имам шетано последните 5-6 месеци едно 2-3 пати и ништо специјално. Не сум видела ништо поразлично, поубаво или поевтино. Или ајде да речам може сум утнала период или сезона.
     
  16. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Во кругот на стариот Астибо има многу приватни конфекции на влезот од Штип има повеке конфеекции.
    За роба зависи како ке наидеш.Нема којзнае што и се е повеке големи величини.По бутиците ке најдеш на повеке места иста гардероба има прикладни цени.Бутиците,продавниците сњ на едносмерната улица во центарот на градот и ке ја прошеташ за два саата.Ништо нарочито нема што да видиш.Во последно време се отворија многу продавници на бужутерија.
    Во Штип има добра скара најубави пастрамајлии и не е скапо во кафана да седнеш.
    Вреди да дојдеш на една прошетка.
    За шопинг се добри има избор градовите Струмица и Кочани.
     
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Па сум била во Штип на шопинг и сум си наоѓала добри парчиња по прифатливи цени.
    Еден бутик баш на едносмерната, заборавив како се вика ама не излегувам со празни раце ако влезам еднаш. Сум била и по конфекциите ама ништо не ми фатило око, дури и поскапо ми изгледа од бутиците а и чинам за постари жени е повеќе.
     
  18. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Фала многу за информациите :D
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    На влезот во Штип, после кружниот тек улицата е долга и права и по неа од лева и десна страна се наоѓаат најголемиот дел од конфекциите. Тоа е всушност индустриската зона

    Јас за кафана ви препорачувам Нецко. Значи најдобра скара имаат, и не само скара туку се им е супер, убаво и свежо приготвено, веќе го години неможам да им најдам мана :) За скара се цареви, а и десертот топло ладно им е многу добар :) И цените се смешни (барем во споредба со оние во Скопје)
    Може забегав од темата, ама каде иде шопинг без ручек. И ако не најдете ништо барем стомакот да си го почастите
     
    На Arris му/ѝ се допаѓа ова.
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Да да сфатив. Сега знам каде е. Ти благодарам.

    Инаку за во Штип има имногу убави работи. Можеш и по прифатливи цени да најдеш, но некако јас слабо од тука купувам незнам зошто. Е единствено во Тина кога влезам не излегувам со празни раце. Секогаш. И во Нина има многу убави работи, само што таму е малку по скапо.
    Баргала веќе од излог кога им ги погледнам цените, гледам дека претеруваат. Ајде кожа било ама до толку.