Од каде се снабдувате со козметика, креми, гелови за тело и сл? Поточно од кој град сте и дали има посебни продавници наменети за ваков тип на производи? Еве за мене да си кажам, од Битола сум и нема посебни продавници за тоа, се снабдувам од поголемите маркети како веро, каде цените се доста повисоки.Ете, пример сакам да си купам производи од Балеа, или други и во никоја продавница не можам да најдам, како на пример Велес и Скопје што имаат дм.Исто ми треба совет некоја девојка од битола да ме упати во ова. Иначе, доколку темата е непотребна и слично нека оди во канта.
@christinnn И јас сум од Битола и морам да се согласам со тебе,единствено место во градот каде што е подобро снабдено е веро,и место каде можиш скоро све да најдиш освен козметика,за неа нахнадно треба да се тупи по парфимерии и мене тоа ме нервира што нема едно место снабдено со све... Има мн.работи кои во другите парфеми ги нема освен во веро,а таму цените и не се за машала ама тоа е ни требат работи кои треба да ги земиме едноставно... Јас повеќето за козметика се снабдувам од Кала парфимеријата,исто таја од штандот во Јавор што е на прв спрат,а за шампони лосиони кремови од Веро бидејќи имам мрсна кожа на телото па таму има посебни производи кои ми се потребни...
Јас козметика најчесто купувам од Сефора (бидејкќи некои производи како Make up for ever , Benefit , Sephora ги има само таму , а исто така имам и картичка па собирам поени ) , не ретко и од Hondos center , фарби за коса најчесто од парфимерии ,а шампони , гелови за туширање од супермаркетите. Кога доаѓам во МК поточно Скопје купувам од Космо и ДМ
Мојата козметика повеќе е од Германија. Таму сестра ми живее и од таму ми купува, најчесто од ДМ или Росман. Пред еден месец и јас бев таму, па си купив еден куп работи од козметика. И од тука имам некои работи купувано, но повеќето се од Германија.
Девојки, дали некоја од вас чула за чашките кои служат за лифтинг на лице ? Се порачувале од Али експрес. Дали овде ги има некаде да се купат? Дали се ефикасни?
Најчесто купувам од Космо, услугата ми е скроз ок, а понекогаш и од Шатци и ДМ. Производите кои не можам да ги најдам кај нас, ги нарачувам од странство.
Се снаоѓам како што можам. Живеам во мал град каде што нема никакви можности, дури ни ДМ. Па затоа обично секое одење Скопје го користам за шопинг во Дм. За да си се снабдам со залихи. Потоа еликсир, некогаш на нивната е-продавница, космо многу ретко, има една поелитна парфимерија во мојот град, зегин исто така доколку се работи за препаративна козметика. И така, како што кажав...се снаоѓам.
Има и NUXE i NYX, и двете се поскапи со таа разлика што на nuxe околу 80% се органски продукти Во Бугарија NYX има скоро во сите дрогерии