1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг на попуст или на нова колекција?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 15 октомври 2010.

  1. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Купувам и на попуст, и нова колекција.
    По потреба. Купувам тоа што ми е потребно, па сега дали е попуст или не, не е важно. А инаку, скоро секое лето одам на крај во Охрид и си купувам маички, тракаталци. И Скопје исто. Не поминува така лесно модата. Имам дома парчиња облека и од лани, и од пред две години. Како и сите останати, нормално. И си ги носам. Кој што може да рече? Па ние не живееме некаде по Америкине. Јас не сум некоја богаташка, секоја година со нова облека, нова колекција. Не е тоа, тоа. Поубаво ми е да се изнатрошам пари на крајот на Август, да купам 10 парчиња, отколку за истите пари да купам 2 маички ;)
     
  2. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    Купувам на попуст но купувам и од нова колекција ако можам да си го дозволам сепак купувам по потреба морам да признаам сакам попусти а и немие срам да купам и од пазар кога истото е и во бутик само со дупла цена :)
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Зависи. Ретко ми се случува во некое парче облека што се вика, да се заљубам на прв поглед и да си речам - gotta have you right here, right now. Тоа може да ми се случи само доколку забележам навистина уникатно и несекојдневно парче облека, плус и квалитетно, за кое сум сигурна дека ако во моментот не го купам, ќе ми биде криво после затоа што ќе го нема.
    И неколку такви уникатни парчиња имам и не ми е криво што сум ги платила повеќе - затоа што после обично ги снемало и не сум ги ни начекала на попуст.

    Но искрено и во повеќето случаи претпочитам да купувам на попуст. Зошто? Затоа што фала му на Господа сите модни куќи кои сакам да ги посетувам одамна веќе прават зимски и летни огромни попусти. Она што ќе го видиш во септември за 50 го наоѓаш на почеток на декември за 2 евра. Зошто да не заштедам 48 евра а притоа да го имам истото тоа квалитетно парче облека?
    Плус и криво ми е за обично џемперче од Зара да дадам 20 евра. Подобро оние 15 ќе ги заштедам а знам дека ќе го имам истото подоцна за 5. Откога постојат попустите сосема поинаку почнав да гледам на работите. Дури ми е криво денес да дадам повеќе од 5 евра за што и да е, кога гледам дека се се продава за време на попусти за смешни суми.
    Еднаш во Зара си купив јакна за 3 евра, маици за по 1 евро, фустанче за 2 евра и панталони за 5. Една зимска јакна во C&A со крзно, навистина убава ја купив во попуст од 70 на 1.90 евра. Абре дури и кафето ми беше поскапо од јакнава еј :D И кога ќе купите вакви парчиња па после дури и 10 евра ви е скапо макар за некоја повредна работа.

    Јас не сум од оние кои чекаат со денови пред портите на продавницата за да го имаат, фигуративно речено, најновиот модел на Ајфон, сега, веднаш и одма. Јас ќе си почекам и ќе си го купам кога ќе биде поевтин. Материјално е, парче облека е, пластика, железо, што и да е. Не е здравје па да се брза човек да го здобие најбрзо од побрзото во брзините на најбрзото што стое - шо би рекол Штипјанецот :D
     
  4. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Се согласувам со Пирамидата. Кога знаеш колкави се попустите - и нормална во сезона цена ти изгледа скапо. :)
    Често ми се случува да се изнакупувам кога има попуст (знам дека тоа што ми се допаѓало порано ќе ми се допаѓа и следната сезона и ќе си го изнаносам). Но, секако, ако ми е потребен костим за капење во јули месец, сфаќам дека чизмите ми се скинале на сред јануари или пак забележувам јакна во интересна боја, модел и ЕДЕН примерок.. не ми смета фала богу нова колекција. Знам и на пример, заради чисто задоволство, да си се подновам со по едно блузиче, две во кој и да било временски период (нема да се осиромашам нели :) ).
     
  5. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Па зависи од ситуациите,но најискрено да си кажам баз да лажам (на форумот никогаш не лажам) јас повеќе влегувам во продавници со попуст,значи прво гледам кај има попуст па потоа во продавниците со нова колекција ... :!: Значи не верувам на некој што кажува дека секогаш купува на попуст или од нова колекција,ако ми се допаѓа некое парче на попуст,зарем ќе го чекам да му стават етикета дека е нова колекцита,или обратно... затоа се зависи од парчето што го купувам,еее ќе заборавев да кажам (па ќе испаднеше дека лажам) чевлите значи ги купувам на попуст ако се смета во шопинг тогаш нив да,но :!: најновите што се нај,нај,нај,најубави (и најскапи) е тие веќе морам да ги имам :$ :angel:


    :clap: :clap: :clap: Бравоо сезнајкоооо,троши париии,само така ... :clap:
     
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Скоро никогаш не купувам на попуст! Најискрено, не ме примамуваат големите налепници -30%, -50%, -70% во крајот од сезоата, па и ако се подлажам да влезам во тие бутици се нервирам од метежот внатре, од турканицата и зафатените гардероби...и на крај пак излегувам со празни ќеси! |(
    Всушност, се соменевам дека прават намаление на убавите парчиња обелек, скоро секогаш тоа што е намалено не ми го фаќа око или јас недоволно се тудам во таква гужва да најдам некое убаво парче облека по закачалките и рафотивте! Едноставно немам мерак да купам на крај од сезона! ;)

    Најчесто купувам пред сезона, па купив есенски блузи и џемпери пред 1 недела кога температурата беше +35, ама си ги купив со цел кејф и знам дека ќе си ги носам есенва со мерак оти можев да бирам и модел, и боја и големина (што не е секогаш случај кога се пазари на намаление) :?:
    Речиси и не забележувам кога ќе се намали некое парче облека или чевли што јас веќе сум ги купила во почетокот во сезоната, јас секако нема да ги купам на крајот од сезоната без разлика дали се намалени или не! И да сум ја знаела цената на крајот од сезоната немало да ги чекам дури до тогаш! :wasntme:
    Така да без разлика за која сезона станува збор јас си купувам во почетокот на сезоната и не дека се некои астрономски цени бидејќи и онака не купувам брендираа облека! Си купувам тоа што сакам кога ми е потребно и ми е ќејф, а не за догодина!
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Новата колекција е обично скапа, а на попуст можеш да најдеш само парталчиња.За никако не е :|
    Ако нешто ептен ми фати за око, ќе го земам без разлика на тоа дали има попуст или не, само зашто знам дека тешко ќе го најдам подоцна.За обични работи, секојденевни, што ги има речиси секаде си чекам попуст, освен ако ептен не ми треба во моментот.
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.699
    Секоја сезона си велам-Ели нареден пат чекаш попусти :!: Ахам да,како не.Секогаш купувам во сезона и ќе потрошам еден куп пари а потоа во време на попусти секогаш сум тенка со пари и купам нешто ама минимално.Најмногу се нервирам кога нешто ќе го купам во сезона ќе го видам намалено дури и премногу.Па си велам-ова квалитет којзнае каков има!Но кај нас реално и попусти-нема.Баш попусти.Сум била Италија на шопинг еднаш-е тоа се попусти :o .Д можеш и дизајнерско да зедеш.Исто и во Солунче наш :lol: Сестра ми ми купила две ташни Томи Хилфигер-од 90 долари намалени на 29...па кај нас Дуки Дасо се 1500.Новчаник иста марка-12 долари...итн да не набројувам,а и незнам зошто почнав со глупи споредби |( This is Macedonia
    Значи купувам сезонски.Ете сега добив желба за нови чизми и ќе ги купам 5,6000 место да ги начекам на попуст,увек така правам :@
     
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Пратам што се случува со нови колекции и попусти, па ако нешто ептен ми се допадне го купувам и кога нема попуст, не можам да го оставам, па може да го нема кога ке биде попустот. А кога има попуст ако нешто ми се допадне и ми се погоди :) дупла радост . Но не сакам да го купам нешто само зашто е ефтино :!: па ако ми стои у плакар поскапо е, и тоа ми се како фрлени пари...
    Но кај нас газдиве не си кратат многу од маржата :envy: па и затоа нема некој голем попуст :shake:
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Скромно на попуст.
    Тука веќе не се знае што е стара, што е нова колекција, освен во среднокласните брендови, калиопе,пикокс.. и тие натаму.
    Често кога ќе излезам по бутиците ги гледам ланските парчиња облека,кои имале некоја почетна цена, па после демек стара колекција ги намалиле и оваа сезона пак ги продаваат како нова колекција.
    Бизнис.
     
  11. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    И на попуст и на нова колекција.Сеа зависи,ако нешто од новата колекција е премногу скапо,ќе чекам попуст,ама ако од нова колекција пр. некоја блузичка е така,поевтина ќе ја купам.Ама,и тој попуст во некои птодавници е панталони од 5000 намалени на 3000
     
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Јас повеќе преферирам шопинг на нова колекција зашто така ми е најсигурно, нема да се плашам дека парчето што го сакам ќе ми биде продадено. Е сега, ако е многу скапо ќе го чекам на попуст, па ако го продадат - здравје, друго ќе си најдам, може и поубаво. ;)
    А ако нешто не ми се допаѓа нешто особено, а е солидно може да го чекам на попуст. Нормално како и секој друг, сакам попусти ама ретко кога ги начекувам а и кога ќе ги начекам или немам пари (најчеста причина) или како што знаете на попуст не ретко се ставаат најлошите парчиња, неубави и на изглед а богами и на материјал. Така што, најдобро ми е на нова колекција. ;)
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Да ви кажам право станувам сосема спротивност од оној вид шопинг што го правев порано. Ама баш спротивност.
    Порано доаѓа есен и одма чизми нови, јакна нова, ташна нова, дуксер нов, џемпер нов. Доаѓа Нова Година, МОРА ново да се носи. Доаѓа пролет, чевлички нови, фармерки нови, блузи нови. Доаѓа лето одма нови купачи.
    Сега обратно.
    Еве во март си купив 2 пара чизми за догодина, 70% попуст мераци. Си купив пред 2 недели и јакна дебела за идното зимо. Купени ми се и купачи од лани останати на попуст нормално. Купив зимово и сандали од ланското лето останати. Што да не чизмите се демоде за 6 месеци?
    Ама друг памет е сега, друг е порано. Сеа парите јас си ги штедам, јас си ги трошам.
    Нема да ми прдне на газот мамо нова јакна и точка.
    Сега мора да си заштедам за јакна.
    И те како се ценат парите кога сам ги заработуваш. Или кога веќе свеста ти станува поразвиена па жалиш што ги трошиш твоите беспотребно. А со тоа и гледаш што повеќе да заштедиш.
    Така да откривањето на попусти е моја нова преокупација. Ич не му ја мислам кога ќе видам парче кое ќе ме бендиса и е на голем попуст и што може треба да чекам и 6 па и повеќе месеци да го носам, абре одма купувам.
    Иако има и парчиња од нова колекција кои ме оставаат избезумена, нормално за нив одвојувам средства ако ги имам, ама се трудам што повеќе да можам да одолеам на новите колекции. Затоа немам шетано во продавници минимум 2 месеци. За да не ми е криво што неможам да си купувам се што ќе посакам :)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сосема се согласувам со Росоњерка, порано и јас бев таква.
    Есен доаѓа се купуваат чизми, јакни се појачува зимска гардероба... Мај доаѓа се купуваат нови бикини, фустанчиња и сл...
    Сега си земам се на попуст. Јакна си купив пред една недела, што нормално ќе ја носам за следната зима. Бикините нови си ги купив крајот на септември на попуст.

    Е сега понекогаш и нови колекции купувам, ама тоа поретко. Пошо не е работава тато носи, мама меси :/
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Најчесто на попуст оти цените не се баш реални за жал :(