не ми се допаѓа. таткоми не е таков човек цело време ке кажува како многу трошам, купувам неквалитетни работи кои за брзо ке се скинат .. сепак против сум
Најмногу го сакам шопингот со татко ми Никогаш не му е проблем да влезе во 100 продавници со мене додека да си изберам нешто што навистина ми се допаѓа и ми стои.Тој ми е најдобар критичар и знае да процени што најмногу ми стои.Дури понекогаш тој е иницијаторот некое парче да одам да го пробам уште еднаш Затоа најмногу си го сакам
Хахаха нема другарка која не ми рекла: блазе си ти, камо татко ми да беше таков. Обожава да шета по продавници и секогаш гледа и за мене и мајка ми, па често пати знае да ми се јави да ми каже да одам нешто да пробам (баш утрово за сандали ме викна). А мене најсмешно ми е кога ќе ми ја даде продавачката да ми објасни подобро како изгледа тоа што сака да ми го купи ако не можам јас да отидам
Па одам во шопинг со него, иако ретко, и можам да кажам дека убаво ми е со него, никогаш не ми приговара, вика ако ти се свиѓа (нешто) купи си го, единствено приговара кога гледам ептен високи штикли, ми вика ќерко ќе се искршиш со овие Божем јас вчера сум почнала да носам штикли, па не знам да одам Испраксирана сум, и тоа како Меѓутоа, место заеднички шопинг, почесто знае да ме изненади и да ми купи нешто, бидејќи често патува, и има многу добар вкус Шала на страна, имам две чанти поклон од него и двете ми се омилени, постојано добивам комплименти за нив, а исто така имам и една марама од него која многу си ја сакам
Шопингот со татко ми беше следен: тато ќе одиме на шопинг? -Да ќерко! одиме.... тој останува во блиската кафана, сендвичара, ми дава пари и ме чека Додека откако се омажив маж ми оди од продавница до продавница со мене, јас бев пријатно изненадена.
Со него речиси и да не сум одела во шопинг, еднаш-два пати ако сум била и тоа исклучиво по патики. Не е тип на човек кој сака да шета по продавници, да разгледува, да пробува, а искрено и немам некој близок однос со него за да одиме заедно на шопинг. Не ни сакам да одам со него на шопинг, не ми е пријатно, не знам. Секогаш ме прашува ако нешто ми треба и ми дава пари за сама да си одберам. Инаку знае често да ми купи нешто кога оди на пат и секогаш ми ги погодувал и броевите и моделите и бојата.
Ауу не. Имам отидено неколку пати со него и немам добри искуства. Не сака да разгледува, досадно му е, прави кисели фаци ко да се брза за некаде... Одам со него само кога нешто што го купувам ми е итно, па влегувам, купувам и излегувам. Поради тоа кога сакам да одам во шопинг само ми дава пари, а јас си ја фаќам мама под рака и со неа одам.
Јас не одам на шопинг со "татко ми",а и никогаш не сум отишла.Како прво јас и он не збориме,а како второ не е човек со кого би можел да одиш на шопинг!!
Па подобро со татко ми на шопинг..отколку со мајка му.. Подобро е со него.Ем не се меша-ем и јас имам ќар. Интересно е ~
Кога бев помала одев нон-стоп со него на шопинг. И сакав да одам бидејќи сме исти за купување, не сакаме да се задржуваме многу по продавници, одиме некако со ист, брз чекор. И он ми е најголем критичар, ќерко не ти стои тоа, е ова ко за тебе е скроено. Кога пораснав и почнав претежно сама да си купувам, одма се облекував да му покажам како ми стои и ако ми речеше дека ич не ми стои убаво, готово, тоа за мене веќе не постоеше. Мајка ми изгледа го искарала и после за се ми викаше дека ми е убаво, да не ми стои за џабе во плакар и да бидат за џабе фрлени парите. Ама он ми беше единото машко мислење, можеби затоа и толку ми беше важно.
Не! Секогаш кога одам на шопинг одам со сестра ми, вујна ми, мајка ми... или со другарки... Неколку пати сум била со него, ама никогаш повеќе, ништо не му се допаѓа, или е прескапо или е премногу ту мач за негов вксу, досадно му е, прави некои чкљ. фаци, се шутка тука, а што е најтрагично си гледа во машките работи, или си гледа за себе. Ама повеќе не се меша, ме остава сама... и ако секогаш има некоја критика, совет, забелешка или мана. П.С јас си имам најдобар татко.
Како помала да,....зошто ќе речеше ти се свиѓа? дааа.....ајде зимај. За разлика од мама која беше спремна цело Скопје да го сврти
Исто и кај мене...Најдобар ми е шопингот со татко ми и најбитно ми е неговото мислење,па затоа најчесто со него си шеткам
Најубавиот шопинг ! не се противи за ништо и знае дека неможе да ми го смени мислењето ако нештото не му се допаѓа, но најчесто се сложуваме
нема шанси татко ми не е таков човек кој поднесува шопинг за себе си не си купува, а не мене друштво да ми прави.
Не сум била до сега, освен кратко до некоја продавница. Има поголемо трпение од мајка ми, и радо би ги носел ќесите За коментари, не очекувам дека би давал, ама би се влечкал по мене макар и 5 саати (а мама тоа не го може ) Се сетив сега, кога бев помала, ми имаше купено маичка и панталончиња кратки, ама изгледа ми, му изгледав уште малечка, па и тие мали ми беа . Ама ја носев маичката, за ќеф да му напраам, а мама тогаш го испокара
Како јас да се читам цк цк цк Немам коментар за вкусот на тато, секоја чест. Скоро никогаш нема направено утка во однос на мојата облека. Кога бев помала скоро секогаш со него пазарував или заедно и со мама и со тато. Последните години, кога како и зависи за што, нормално (ама да кажеме почесто со мама). Сепак, никогаш не се сомневам во неговиот избор .